Тичино
Cantone Ticino | ||
---|---|---|
кантон во Швајцарија | ||
Координати: 46°19′N 8°49′E / 46.317° СГШ; 8.817° ИГД | ||
Главен град | Белинцона | |
Најголем град | Лугано | |
Поделба | 157 општини, 8 окрузи | |
Управа | ||
• Извршна | Совет на Тичино (5) | |
• Законодавна | Голем совет на Тичино (90) | |
Население (Грешка: погрешен формат за време)[1] | ||
• Вкупно | 336,943 | |
Највисока точка | 3,402 м (11,161 ст) - Адула | |
Најниска точка | 195 м (640 ст) - Маџоре | |
Приклучување кон Конфедерацијата | 1803 | |
Кратенки | TI | |
Јазици | италијански | |
Мреж. место | TI.ch | |
Тичино (италијански: Ticino) е еден од кантоните во Швајцарија. Тичино е најјужниот кантон во федерацијата и единствен кантон каде само италијанскиот е службен јазик. Името на кантонот потекнува од реката Тичино. Тичино со граничи со Ури на север, Вале на запад, Граубинден на североисток и со Италија на југ. Во самиот кантон се наоѓа италијанската ексклава Кампионе д’Италиа. Тичино, заедно со делови од Граубинден, ја сочинуваат т.н. Италијанска Швајцарија.
Географија
[уреди | уреди извор]Тичино се наоѓа во јужниот дел на Швајцарија и е опколен од Италија од исток, запад и југ. На север се наоѓаат швајцарските кантони Вале, Ури и Гаубинден. Тичино има вкупна површина од 2.812 км2, од кои 3 четвртини се сметаат за продуктивни.[3] Со шума е зафатена третина од територијата на кантонот. Во кантонот се наоѓаат езерата Маџоре и Лугано. Најголема река во кантонот е реката Тичино.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Окрузи
[уреди | уреди извор]Кантонот Тичино е поделен на 8 окрузи:
- Белинцона со главен град Белинцона.
- Бленио со главен град Аквароса
- Левентина со главен град Фајдо
- Локарно со главен град Локарно
- Лугано со главен град Лугано
- Мендрисио со главен град Мендрисио
- Ривиера со главен град Бјаска
- Валемаџа со главен град Севио
Општини
[уреди | уреди извор]Кантонот е составен од 157 општини, според состојбата до 2010 година. Општините се групирани во подокрузи, а подокузите во окрузи.
Демографија
[уреди | уреди извор]Вкупното население на кантонот, според податоците за 2010 година, е 333.753 жители. Според податоците од 2007 година, во кантонот имало 82.794 странци или 25.2% од вкупното население[4]. Густината на население на кантонот е 114.6 лица на километар квадратен.[3] Во 2000 година, 83.1% од населението зборувале италијански, 8.3% зборувале германски и 1.7% зборувале српскохрватски.[3] Околу 76% од населението се Католици и 7% Протестанти.[5] Единствен службен јазик е италијанскиот.
Култура
[уреди | уреди извор]Во кантонот се издаваат четири дневни весници на италијански јазик: Corriere del Ticino, laRegione Ticino, Giornale del Popolo и Il Grigione Italiano.[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Сојузна статистичка служба на Швајцарија — STAT-TAB Ständige und Nichtständige Wohnbevölkerung nach Region, Geschlecht, Nationalität und Alter (германски)
- ↑ Arealstatistik Land Cover - Kantone und Grossregionen nach 6 Hauptbereichen accessed 27 October 2017
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Federal Department of Statistics (2008). „Regional Statistics for Ticino“. Посетено на 2008-11-23.
- ↑ Federal Department of Statistics (2008). „Ständige Wohnbevölkerung nach Staatsangehörigkeit, Geschlecht und Kantonen“ (Microsoft Excel). Посетено на 2008-11-05.
- ↑ Federal Department of Statistics (2004). „Wohnbevölkerung nach Religion“ (Interactive Map). Посетено на 2009-01-15.
- ↑ „Il Grigione Italiano“. Ilgrigioneitaliano.ch. 2010-06-26. Посетено на 2012-01-28.
Користена литература
[уреди | уреди извор]- Marcello Sorce Keller,“Canton Ticino: una identità musicale?”, Cenobio, LII(2003), April–June, pp. 171–184; also later published in Bulletin – Schweizerische Gesellschaft für Musikethnologie und Gesellschaft für die Volksmusik in der Schweiz, October 2005, pp. 30–37.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Тичино“ на Ризницата ? |
- Кантон Тичино - официјално мрежно место на италијански
- Туризам во Тичино
- Панорамски слики од Тичино
|