Прејди на содржината

Стреливо

Од Википедија — слободната енциклопедија
20-мм стреливо за автоматското авионско орудие M-61 Vulcan

Стреливо или муниција[1][2] — производи, компоненти на оружје и воена опрема, непосредно наменети за уништување живи и мртви цели (животна сила и/или оружја и воена опрема, уништување конструкции како на пример утврди), како и извршување посебни задачи (осветлување, зачадување, радиозаглушување, и така натаму).[3][4]

Стреливата, особено, вклучуваат воздухопловни и длабински бомби, артилериски гранати, борбени делови на разни видови ракети и торпеда и самите ракети и торпеда, гранати, димни бомби, инженерски и морски мини, патрони за огнено оружје, разорни полнежи, полнења, цевки за палење избувливи средства и др.

Кога се развива огнено оружје, стреливото често се смета за помалку важно од самото оружје. Меѓутоа, ова не е вистина. Секое огнено оружје е наменето да испукува проектили, што значи дека неговата изведба во голема мера зависи од квалитетот на стреливото што го користи. Едноставно кажано, огненото оружје е бескорисно без стреливо, а неквалитетното стреливо го прави оружјето неефикасно.

Градителите на огнено оружје брзо го сфатиле ова, дури и во раните денови на производството на оружја. Како последица на тоа, развојот на стреливо отсекогаш бил клучен интересен заедно со градбата на оружјето. Важноста на стреливото е толку значајно што довело до создавање на специјализирана гранка на физиката наречена балистика, која проучува како проектилите се движат како во цевката, така и во воздухот.

  1. „муниција“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „стреливо“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Hogg, Ian V. (1998). Ammunition Small Arms, Grenades and Projected Munitions. Greenhill Books. ISBN 978-1-85367-323-8.
  4. Donald E. Carlucci, Sidney S. Jacobson (2007). Ballistics: Theory and Design of Guns and Ammunition. CRC Press. ISBN 978-1-4200-6618-0.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]