Стив Рајх
Стивен Мајкл "Стив" Рајх ( /ˈraɪʃ/;[1] роден на 3 октомври 1936 година) е американски композитор, еден од пионерите на минималистичка музика заедно со Ла Монте Јанг, Тери Рајли, и Филип Глас.[2][3][4]
Меѓу неговите иновации во компонирањето се издвојуваат користењето на tape loops во создавањето на фазорни модели (на пример во неговите рани композиции It's Gonna Rain и Come Out) и употребата на едноставни, чујни процеси при истражувањето на музички концепти (во композициите Pendulum Music и Four Organs). Овие композиции, значајни поради употребата на репетитивни фигури, спори хармонски ритми и канони, се исклучително влијателни во современата музика, пред сè во САД. Делата на Рајх добиваат таинствен карактер во 1980-тите со воведувањето на историски теми и теми од неговото Еврејско потекло, особено со Different Trains, композиција наградена на Греми за Најдобра класична современа композиција.
Стилот на Рајх имал влијание врз многу композитори и музички групи, опишан од музичкиот критичар Ендрју Клементс во The Guardian како "грст од живи композитори кои можат со право да потврдат дека е движечка сила во музичката историја",[5] и критичарот Кајл Ган вели "може слободно да се каже дека е најголемиот американски жив композитор."[6]
На 25 јануари 2007 година, Рајх беше добитник на Polar Music Prize, заедно со џез саксофонистот Сони Ролинс, а на 20 април 2009 година, се стекнува со Пулицерова награда за музика за композицијата Double Sextet.[7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Say How? A Pronunciation Guide to Names of Public Figures“. National Library Service. May 2006. Посетено на October 15, 2009. See also here [1] and here (sound clip). Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Mertens, W. (1983), American Minimal Music, Kahn & Averill, London, (p.11).
- ↑ Michael Nyman, writing in the preface of Mertens' book refers to the style as "so called minimal music"(ibid p.8).
- ↑ "The term 'minimal music' is generally used to describe a style of music that developed in America in the late 1960s and 1970s; and that was initially connected with the composers La Monte Young, Terry Riley, Steve Reich, and Philip Glass." Sitsky, L. (2002), Music of the twentieth-century avant-garde: a biocritical sourcebook,Greenwood Press, Westport, CT. (p.361)
- ↑ „Radio 3 Programmes – Composer of the Week, Steve Reich (b.1936), Episode 1“. BBC. October 25, 2010. Посетено на October 16, 2011.
- ↑ Gann, Kyle (July 13, 1999). „Grand Old Youngster“. The Village Voice. Архивирано од изворникот на 2009-01-16. Посетено на September 27, 2008.
- ↑ „Pulitzer Prize for Music citation 2009“. Pulitzer.org. Посетено на October 16, 2011.
|