Сомбреро
Сомбреро (шпански: sombrero што значи шешир) на македонски јазик подразбира препознатлив шешир со потекло и од Мексико и од Филипини. Зборот е изведен од зборот sombra, што значи сенка. Иако ги подразбирал сите видови на шешир, се смета дека каубојците значењето на зборот го пренеле само на овој посебен вид на шешири.[1]
Денас сомбреро е заштитен знак на мексиканските музичари попознати како Маријачи, а вообичаено, освен во Мексико, се носи и по целата Јужна Америка и Шпанија[2]. Во Мексико шеширите за посиромашните слоеви прават од мах од слама или палмини влакна, додека сомбрерата за побогатите слоеви и господата се прави од најфиниот филц, со додаток на украси, како што се траките на обод. Дизајнот на сомбреро е многу разноличен, па овие шешири се наоѓаат во мноштво бои, шари и со различити украсими.
Настанок
[уреди | уреди извор]Не се знае точно кога настанал овој препознатлив шешир со многу широк обод, понекогаш широк и до 60 cm со округлест облик во делот кој се става на глава. Во некои извори се спомува дека ваквата врста на шешири ги носеле монголските коњаници уште во 13 век. Меѓутоа, не е исклучено дека овој шешир настанал многу порано, со оглед на големите вруќини кои осекогаш владееле во краевите каде тој со векови се носи.[3]
Влијанија на различити култури
[уреди | уреди извор]Каубоји од Тексас го прифатиле сомбреро од Шпанија кој имал рамен обод и широк оруб. Таквите шешири ги нарекувале и Поблано (Poblano) шешири.
Мексиканската варијанта на сомбреро од шпанското сомбреро се разликувало по тоа што имало уште поширок обод и бил додаден конични дел на средината на шеширот, како би се шеширот подобро вчврстил на главата. Ваквите шешири ги носеле мексиканските музичари Маријачии и коњаниците Чарии. Иако најчесто имале повез испод брадата, шеширите биле големи, тешки и незграпни за носење при работа на ранч.[1]
На американскиот Див Запад, сомбреро имал висок коничен или цилиндричен врв со украси изработени од плиш.[4]
Заради мексиканското влијание на становниците на Филипини преку шпанските товарни бродови кои преку Тихиот Океан сообраќувале помеѓу Мексико и Филипини, сомбреро стигнал и до Филипљаните. Терминот се асимилувал во облик сумбреро, под кој денеска се подразбираат сите врсти на капи, од мексиканскиот сомбреро до качкетите за бејзбол.[5]
Занимливости
[уреди | уреди извор]- Спирална галаксија М104 во сазвездието Девица позната е под името Сомбреро галаксија заради својот облик кој подсетува на овој шешир.
- Најсеверното острово на Малите Антили кое припаѓа на групата на острови Ангвила, се нарекува Острво капа или Сомбреро.
- Големиот спортски стадион Tampa Stadium на Флорида заради својот облик е познат под името Голем сомбреро.
- Најпрочуениот пљачкаш од Дивиот запад, легендарниот Били Кид, постојано го носел својот сомбреро шешир украсен со зелена трака.[6]
- Стриповите во Југославија во некои пустоловини биле нарекувани по сомбреро, како што е стрипот на јунаци на Мак Корд во епиозодата Црвен сомбреро[7], Голем Блек во стрипот Црн сомбреро[8] и Панчо Гонсалес во Златно сомбреро[9].
- Папа Бенедикт XVI во текот на посетата на Мексико во март во 2012 година, го носел на главата црно-белиот сомбреро.[10]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Slatta 1996, стр. 192
- ↑ sombrero | Proleksis enciklopedija
- ↑ Писали сте | Politikin Zabavnik[мртва врска][мртва врска]
- ↑ Carlson 2006, стр. 102.
- ↑ „Hat is Sumbrero in Tagalog“. Архивирано од изворникот на 2011-07-18. Посетено на 22 мај 2009.
- ↑ Press Online, Life style
- ↑ Crveni sombrero - Mak Kord - www.stripovi.com - Prozor u svijet stripa
- ↑ Crni sombrero - Veliki Blek - www.stripovi.com - Prozor u svijet stripa
- ↑ Zlatni sombrero - Pančo Gonzales - www.stripovi.com - Prozor u svijet stripa
- ↑ Blic Online | Papa Benedikt XVI nosio sombrero tokom posete Meksiku
Литература
[уреди | уреди извор]- Carlson, Paul H. (2006). The Cowboy Way: An Exploration of History and Culture. Texas Tech University Press. стр. 102. ISBN 978-0-89672-583-6.
- Slatta, Richard W. (1996). The Cowboy Encyclopedia. W.W. Norton. стр. 192. ISBN 978-0-393-31473-1.
„Сомбреро“ на Ризницата ? |