Прејди на содржината

Сламен покрив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сламен покрив во Русија

Сламен покрив — општ назив за покривите на градби чија покривка е направена од слама, трска, шавар, острика, палмини лисја или други слични материјали од растително потекло.

Распространение

[уреди | уреди извор]

Сламените покриви остануваат распространети во топлите клими низ Азија, Африка, Јужна Америка и Океанија. Во Европа, слични покриви биле вообичаени во малите станбени згради до почетокот на XX век.

И покрај нивните недостатоци, како што се ризикот од пожар и подложноста на оштетување, сламените покриви се популарни во одредени еколошки кругови на современиот Запад. Но наместо слама, тие главно се прават со увезена трска поради нејзината подобра издржливост.[1] Во доцните 2000-ти, неколку статии во германските медиуми тврделе дека таинствени печурки ги уништувале овие покриви, но научниците подоцна ги отфрлиле овие тврдења како лажни.[2][3]

Материјал

[уреди | уреди извор]

Сламата е популарна во Обединетото Кралство, Германија, Холандија, Данска, делови од Франција, Сицилија, Белгија и Ирска. Има повеќе од 60.000 сламени покриви во Обединетото Кралство и над 150.000 во Холандија.[4] Квалитетниот сламен покрив може да трае повеќе од 50 години кога ќе го постави искусен дрводелец. Традиционално, нов слој од слама едноставно се нанесувал над избришаната површина, а оваа традиција на нанесување создала натрупувања од слама со дебелина од над 2,1 м на многу стари згради.

  1. Dirk Asendorpf (2007-08-02). „Oben modert's“. Die Zeit. Архивирано од изворникот на 2010-11-14. Посетено на 2011-10-29. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  2. „Aggressiver Pilz lässt Dächer verrotten“. Süddeutsche Zeitung. 2009-01-12. Архивирано од изворникот на 2014-02-02. Посетено на 2011-10-29. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  3. „Reetdach–Fehlinformationen“. 2010-01-12. Архивирано од изворникот на 2012-03-07. Посетено на 2011-10-29. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  4. https://www.riet.com/media/vfr/leden/downloads/rapporten/De%20Nederlandse%20rietdekmarkt%2020-5-2010.pdf [bare URL PDF]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]