Силван Дилје
Дилје на Брабантсе Пејл 2015 | ||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Силван Дилје | |||||||||||||||||
Роден | 3 август 1990 Баден, Швајцарија | |||||||||||||||||
Висина | 1,83 м | |||||||||||||||||
Маса | 75 кг | |||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||
Мом. клуб | АГ2Р Ситроен Тим | |||||||||||||||||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам | |||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач | |||||||||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||||||||
2010 2012 2013 2013 | Шамбери Сиклисм ЕКЦ Рејсинг БМЦ Развојна екипа Аксент Џобс-Ванти (стажант) | |||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||
2011 2014–2017 2018- | Тим Предарлска Ванти-Груп Гобер АГ2Р-Ла Мондијал | |||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||
Последна промена 2 јануари 2019 |
Силван Дилје (француски: Silvan Dillier; р. 3 август 1990) — швајцарски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата АГ2Р Ситроен Тим.[1]
Кариера
[уреди | уреди извор]Во 2008 година станал швајцарски националниот јуниорски хронометарски првак; во 2009 година друмски првак под 23 години, а во 2010 и 2011 година хронометарски првак под 23 години.
Во 2012 година освоил етапа на Тур де л’Авенир.
На Трката околу Алберта 2013 ја освоил втората етапа, додека возел за БМЦ како стажант.[2] Ова му го донело првиот професионален договор за 2014 година со БМЦ.[3] Престојува во Шнајсинген.
Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016.[4]
Дилје возел на Џиро д’Италија 2017,[5] и ја освоил шестата етапа во меѓусебниот спринт со Јаспер Стејвен (Трек-Сегафредо) откако двоецот бил во петчлено бегство кое јасно се одвоило од главната група скоро цела етапа. [6] Во јуни 2017 година, Дилје ја освоил првата етапна трка, Рут ди Сид.[7]
Дилје се приклучил на АГ2Р-Ла Мондијал за сезоната 2018 како засилување на екипата за класичните трки, но го скршил прстот на Страде Бјанке 2018. Се вратил на трки во април 2018 година на трката Рут Адели.[8] На Париз-Рубе 2018, Дилје бил дел од деветчленото рано бегство кое избегало од главната група по еден час возење и бил напред со Јеле Вале (Лото-Судал), додека двоецот не бил достигнат од светскиот првак Петер Саган (Бора-Хансгрое), кој нападнал од групата на фаворити на 53 километри пред целта. Дилје успеал да остане и да работи со Саган до завршницата на велодромот во Рубе, каде Саган го освоил меѓусебниот спринт.[9] Во јули 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2018.[10]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]друмски велосипедизам
[уреди | уреди извор]- 2006
- 1. Национално младинско друмско првенство
- 2007
- 1. Етапа 4 Курс де ла Пе
- 1. Етапа 3 Низ Истра
- 2. Национално јуниорско хронометарско првенство
- 2. Краен пласман Тур ду По де Вод
- 2008
- 1. Национално јуниорско хронометарско првенство
- 2009
- 1. Национално друмско првенство под 23 години
- 2010
- 1. Национално хронометарско првенство под 23 години
- 8. Краен пласман Тур ду Лоара и Шер
- 2011
- 1. Национално хронометарско првенство под 23 години
- 2. Национално друмско првенство под 23 години
- 2012
- 1. Национално хронометарско првенство под 23 години
- 1. Етапа 1 Тур де л’Авенир
- 2. Национално друмско првенство под 23 години
- 8. Краен пласман Тур де Жиронда
- 2013
- 1. Краен пласман Тур де Норманди
- 1. Арденска стрела
- 1. Етапа 2 Трка околу Алберта
- 2. Гран при де Марбријер
- 9. Меѓународен трофеј Јонг Мар Мудиг
- 2014
- 1. Светско првенство во екипен хронометар
- 2. ГП Кантон Аргау
- 3. Национално хронометарско првенство
- 3. Краен пласман Тур де Валони
- 1. Пласман за млад возач
- 6. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
- 9. Ватенфал Класик
- 2015
- 1. Светско првенство во екипен хронометар
- 1. Национално хронометарско првенство
- 2. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
- 2016
- 4. Краен пласман Трка Дубаи
- 8. ГП Кантон Аргау
- 2017
- Национални друмски првенства
- 1. Краен пласман Рут ди Сид
- 1. Етапа 6 Џиро д’Италија
- 2. Светско првенство во екипен хронометар
- 2. Дварс дор Вест Вландерен
- 8. Краен пласман Трка околу Гуангси
- 8. Брабантсе Пејл
- 2018
- 1. Рут Адели
- 1. Планински пласман Трка околу Гуангси
- 2. Национално хронометарско првенство
- 2. Париз-Рубе
- 6. Тур ди Дуа
- 9. ГП Кантон Аргау
- 10. Ла Руе Туранжел
Велодромски велосипедизам
[уреди | уреди извор]- 2008
- 3. Светско јуниорско медисон првенство
- 2011
- Европско првенство под 23 години
- 2. Европско првенство - Бодовна трка
- 2012
- Европско првенство под 23 години
- 2013
- Шест дена и ноќи Цирих - со Илјо Кејсе
- 2014
- 2. Шест дена Цирих (со Лејф Лампатер)
- 3. Шест дена Гент (со Лејф Лампатер)
- 2015
- 2. Европско првенство во екипна потера
- 2. Државно првенство во медисон
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
---|---|---|---|---|
Џиро | 52 | СО | 67 | — |
Тур | — | — | — | 83 |
Вуелта | — | 79 | — | — |
Распоред на резултатите на класиците
[уреди | уреди извор]Монумент | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | 38 | — | 125 | — |
Трка околу Фландрија | 46 | 61 | — | 49 | — |
Париз-Рубе | СО | — | — | — | 2 |
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | — | — | 123 | — | — |
Џиро ди Ломбардија | — | — | — | — | — |
Распоред на резултатите на првенства
[уреди | уреди извор]Настан | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Олимписки игри | Друмска трка | — | не се одржал | — | не се одржал | |||
Светски првенства | Хронометар | — | — | 18 | 30 | — | — | |
Друмска трка | — | — | — | 28 | СО | 50 | ||
Екипен хронометар | — | — | 1 | 1 | — | 2 | ||
Национални првенства | Хронометар | — | — | 3 | 1 | ДНС | 2 | |
Друмска трка | 9 | — | 13 | 4 | 13 | 1 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Official presentation of the 2019 AG2R La Mondiale pro cycling team“. АГ2Р-Ла Мондијал. Groupe AG2R La Mondiale. 11 декември 2018. Архивирано од изворникот на 2019-04-28. Посетено на 1 јануари 2019.
- ↑ „Швајцарецот Силван Дилје ја освои втората етапа“. tourofalberta.ca. Архивирано од изворникот на 2014-02-21. Посетено на 18 февруари 2014.
- ↑ „Дилје доаѓа во БМЦ Рејсинг Тим за 2014“. cyclingnews.com. Посетено на 18 февруари 2014.
- ↑ „71st Vuelta a España“. ProCyclingStats. Посетено на 20 август 2016.
- ↑ „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 2 мај 2017.
- ↑ http://www.cyclingweekly.com/news/racing/giro-ditalia/silvan-dillier-pips-jasper-stuyven-giro-ditalia-stage-six-victory-colossal-breakaway-330097#CvS7wfBkgYpBOzoE.99
- ↑ http://www.cyclingnews.com/races/route-du-sud-la-depeche-du-midi-2017/stage-4/results/
- ↑ http://www.cyclingnews.com/news/dillier-peter-sagan-was-an-angel-and-a-devil-in-the-same-person/
- ↑ Робертшо, Хенри (8 април 2018). „Peter Sagan takes spectacular Paris-Roubaix victory after huge 54km attack“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Архивирано од изворникот на 8 април 2018. Посетено на 8 април 2018.
- ↑ „2018: 105th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 5 јули 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Силван Дилје“ на Ризницата ? |
- Матична страница (англиски)
- „Достигнувања на Силван Дилје“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Силван Дилје“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Силван Дилје“. ProCycling.