Сиври Тепе
Сиври Тепе | |
---|---|
Σιβρί | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 561 м |
Координати | 40°45′11″N 22°53′46″E / 40.753°N 22.896°E |
Величина | |
Должина | 12 км |
Географија | |
Место | Солунско, Егејска Македонија |
Сиври Тепе (грчки: Σιβρί, Σιβρί Τεπέ; од турски: Sivri Tepe - „остар рид“) или Балџа (Μπάλτζα) — низок планински венец во Солунско, Егејска Македонија, со најголема висина од 561 м. Претставува северен продолжеток на планината Хортач.
Во османлиско време планината се нарекувала и Карадакли, наспроти Карадаг (планината Круша), која се смета за нејзин продолжеток.
Топографија и хидрографија
[уреди | уреди извор]Овој низок венец има правец на протегање југоисток-северозапад, во должина од 12 км. На југоисточниот крај продолжува во Хортач преку превојот Дервент, додека пак на северозападниот завршува кај Горчливото Езеро, на границата со Кукушко. Покрај истоимениот највисок врв, се издвојува и Висок Врв (Ипсили) со надморска височина од 465 м. Највисокиот врв нуди одличен поглед на Солун и Солунскиот Залив.
По Сиври Тепе течат бројни потоци, од кои највеќето завршуваат како притоки на реката Галик. На еден од овие потоци има добро зачувана воденица од византиско време.
Населени места
[уреди | уреди извор]Во подножјето на Сиври Тепе лежат следниве населени места:
- југ: Стар Даутбал (Палеокастро), Нов Даутбал (Ореокастро), Антуполи (Антокипи)
- запад: Ново Село (Неохоруда), Градобор (Пендалофос)
- север: Нареш (Неја Филаделфија), Џумаја (Месео), Даутли (Монолофо)
- исток: Балџа (Мелисохори), Ајватово (Лити)
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|