Се враќам
„Се враќам“ | |
---|---|
Постер | |
Режисер | Педро Алмодовар |
Продуцент | Естер Гарсија (продуцент) Агустин Алмодовар (извршен продуцент) |
Сценарист | Педро Алмодовар |
Главни улоги | види подолу |
Музика | Алберто Иглесијас |
Кинематографија | Хосе Луис Алкаине |
Монтажа | Хосе Салседо |
Дистрибутер | Sony Pictures Classics |
Премиера | 17 март 2006 25 август 2006 3 октомври 2006 21 декември 2006 |
Времетраење | 121 мин. |
Земја | Шпанија |
Јазик | Шпански |
Буџет | 9,400,000 евра |
Се враќам (шпански: Volver) — филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар снимен во 2006 година.
Филмот беше меѓу номинираните за Златна палма на Канскиот филмски фестивал во 2006. Доби две награди: најдобра женска главна улога (поделена меѓу шесте главни глумици) и најдобро сценарио. Премиерата на филмот беше одржана на 10 март 2006 во Пуертољано, Шпанија, каде што е и снимен.
Содржина
[уреди | уреди извор]Филмот започнува на локалните гробишта, каде многу жени ги чистат гробовите на нивните најблиски. Две сестри, Раимунда и Соле и ќерката на Раимунда, Паула, го чистат гробот на своите родители кои загинале во пожар. Настаните што се случиле таа вечер на која избувнал пожарот се расветлуваат пополека и се главната приказна во филмот.
По смртта на тетка им Паула, Соле се враќа во селото за погребот. Сосетката на тетка Паула, Агустна, чија мајка исчезнала без траг пред три години, ѝ вели на Соле дека ја слушнала тетка ѝ како зборува со нивната почината мајка Ирене. Агустина ѝ помага на Соле, која се плаши од мртви, да не го види телото на тетка ѝ. Но Соле, во куќата на Паула го здогледува духот на мајка си, која наводно загинала во рацете на својот сопруг во пожарот. Откако ќе се врати дома, Соле слуша чукање од багажникот на својот автомобил. Го отвора и внатре ја наоѓа мајка ѝ, која си ги спакувала торбите и планира да остане да живее кај Соле.
Соле ја прашува Ирене зошто се вратила, дали има некоја незавршена работа. Таа ѝ потврдува, а подоцна се открива дека таа незавршена работа има врска со другата нејзина ќерка, Раимунда, која порано ја мразела и сега не знае за нејзиното враќање.
Во меѓувреме, Раимунда и нејзината ќерка имаат друг проблем. Таткото на Паула се обидел да ја силува велејќи ѝ дека не ѝ е татко, но таа го прободува со нож. Раимунда го завиткува телото во ќебиња и со Паула го кријат во длабокиот фрижидер во најблискиот ресторан, чија сопственост е на сосед на Раиумнда кои ѝ ги дал клучевите додека е на пат, во случај некој да сака да го види бидејќи се продава и веќе не го работи. Освен телото во фрижидерот, Раимунда го отвора ресторанот и почнува да служи филмска екипа која привремено е дојдена на снимање.
Во еден тивок момент меѓу мајка и ќерка, Паула дознава дека Пако навистина не ѝ бил татко. Раимунда ѝ ветува дека ќе ѝ ја раскаже приказната некој ден.
Агустина ѝ се јавува на Раимунда да ѝ соопшти дека е дојдена во градот и е во болница. Таа дознава дека има рак и сака Раимунда да ѝ дојде во посета. Кога ќе се видат, Агустина ја прашува дали го видела духот на својата мајка. Раимунда ѝ вели дека не го видела, но Агустина ја замолува дека, во случај да ја види, да ја праша што се случило со нејзината мајка која исчезнала пред три години.
Подоцна, Раимунда, заедно со нејзина пријателка, патува 180 километри надвор од градот за да го закопа Пако — сосе фрижидерот. За тоа време, Паула ја запознава баба си и тие се зближуваат.
Следната вечер, Агустина доаѓа во ресторанот за повторно да ја замоли Раимунда да го праша духот на мајка ѝ за нејзината мајка. Тогаш се откриваат две тајни: таткото на Раимунда и мајката на Агустина биле љубовници и мајката на Агустина исчезнала истиот ден кога бил пожарот при кој загинале родителите на Раимунда.
Соле ѝ открива на Раимунда дека духот на мајка им се вратил. Раимнуда не верува, но подоцна се уверува дека тоа е вистина и бара од неа да ја каже вистината — дали е дух или е навистина жива. Ирене открива дека всушност не загинала и со тоа открива сѐ.
При разговорот на Ирене и Раимунда дознаваме дека Раимунда како мала била силувана од својот татко и плод на тоа била Паула, т.е. Паула ѝ е и ќерка и сестра на Раимунда. Таа ѝ била лута на мајка си цело време бидејќи не ѝ верувала порано дека тоа се случувало. Ирене ѝ вели дека била лута на себе кога открила. Исто така, ѝ кажува дека ноќта на пожарот, таа го видела маж ѝ со мајката на Агустина и го подметнала пожарот, а сите подоцна мислеле дека всушност Ирене загинала со својот маж. Од страв да не ја откријат, Ирене со години се криела во куќата на сестра си Паула, која и така веќе не можела сама да се грижи за себе. Како прилог ѝ дошло тоа што живее во село во кое луѓето се навикнати да кажуваат приказни за духови, и со тоа и таа станала една од нив.
Филмот завршува со семејството собрано во куќата на тетка Паула. Ирене се открива пред Агустина, која мисли дека е дух кој дошол да се грижи за неа сѐ до смртта. Ирене ѝ вели на Раимунда дека тоа е најмалку што може да стори за Агустина бидејќи таа ја убила мајка ѝ.
Улоги
[уреди | уреди извор]Глумец | Улога |
---|---|
Пенелопе Круз | Раимунда |
Кармен Маура | Ирене |
Лола Дуењас | Соледад (Соле) |
Бланка Портиљо | Агустина |
Јоана Кобо | Паула |
Чу Лампреав | тетка Паула |
Антонио де ла Торре | Пако |
Карлос Бланко | Емилио |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Volver на Семрежната филмската база на податоци
- Volver на Rotten Tomatoes.
- Volver Reviews Архивирано на 19 декември 2007 г. at Metacritic
- Official Site
- Official Trailer on apple.com
- Volver Production Notes Архивирано на 16 октомври 2007 г.
|
|