Сандра Крету
Сандра Крету Sandra Cretu | |
---|---|
Животописни податоци | |
Родено име | Сандра Ан Лауер Sandra Ann Lauer |
Роден(а) | 18 мај 1962 |
Потекло | Сарбрикен, Сар, Германија |
Жанрови | поп, евродиско |
Занимања | пејачка, текстописец |
Период на активност | 1970 - |
Издавачи | Вирџин Рекордс Virgin Records |
Мреж. место | Офиц. страница |
Сандра Крету (германски: Sandra Cretu), родена како Сандра Ан Лауер (германски: Sandra Ann Lauer) на 18 мај 1962 година, во Сарбрикен, Германија, популарно позната како „Сандра“, е популарна германска пејачка и текстописец, која моментално живее на Ибица, Шпанија. По уживањето во успехот како водечки вокал во диско триото Arabesque, Сандра почнува да пее соло под тоа име во 1984. Таа може да се слушне во проектот на нејзиниот поранешен сопруг Михаел Крету (изворно романско име: Михај Крецу, Mihai Crețu), Енигма. Сандра и Михаел се развеле во ноември 2007 година, поради „лични и професионални разлики“.
Други членови во нејзиниот тим се: Хуберт Кемлер - пејач и текстописец, познат и како Хуберт Ка, Маркус Лер, Клаус Хиршбургер, Арманд Фолкер, Франк Петерсон, Анди Јонас - пејач, како и Јенс Гад - текстописец и копродуцент.
Младост и почетоци
[уреди | уреди извор]Сандра Ан Лауер е родена на 18 мај 1962 година во германскиот град Сарбрикен, во близина на француската граница. Таткото на Сандра, Роберт Лауер бил Французин, а нејзината мајка, Карин Лауер, била Германка. Сандра имала постар брат, Гастон кој починал во 1995 година, (бил параплегичар). Нејзиниот татко поседувал продавница за вино во Сарбрикен, а нејзината мајка работела во продавница за чевли. Сандра покажала интерес за музика и играње уште на најрана возраст. Таа почнала да учи класичен балет кога имала 5 години и продолжила во наредните 10 години. На 10 годишна возраст, таа добила гитара и почнала да зема часови од нејзината учителка која живеела на истата улица.
Во 1975 на 13 години, Сандра го посетила натпреварот во Сарбрикен, наречен „Фестивал на млади ѕвезди“, каде што се откривале млади таленти за музичката индустрија. Таа всушност не била натпреварувачка, таа била во публиката. Кога сите номинирани завршиле со нивните претставувања и кога жирито дискутирало за резултатите, таа ѝ кажала на нејзината мајка дека сака да оди во тоалет, се пресоблекла, се качила на сцената, му дала на ди-џејот да ја пушти германската верзија на една песна од Оливија Њутн Џон, го грабнала микрофонот и почнала да пее. Таа го издава синглот „Енди, мојот пријател“ (Andy mein Freund), песна за кучето миленик. Синглот имал сосема мал успех на топ листите и таа се повлекла од музичката сцена на неколку години.
Арабеска
[уреди | уреди извор]„Арабеска“ била диско група составена од Михаела Роуз и Џасмин Ветер. Сандра ѝ се придружила на групата и тие го снимиле нивниот втор албум со Сандра како водечки вокал во Europasound Studios во Офенбах, во близина на Франкфурт. Студиото било сопственост на познатиот продуцент Франк Фаријан, создавачот на Бони М, и подоцна на Мили Ванили. Еден од музичарите бил клавијатуристот Михаел Крету. Сандра и Михаел дознале дека делат ист роденден, со пет години разлика, и станале добри пријатели.
Со групата Арабеска, почнува нов период во животот на Сандра. За првпат, таа е далеку од своето семејство, појавувајќи се на сцени и на ТВ во странски држави, давајќи интервјуа и пеејќи на концерти. Арабеска станува успешна група, а Сандра до нејзиниот шеснаесетти роденден станува ѕвезда.
Арабеска била посебно популарна во Јапонија, а нивните скандалозни, понекогаш смели костуми, играта и веселата музика потсетувале на АББА и на Бони М. Имале голем успех и во неколку други држави и го освоиле 10-то место на топ листата во Германија со „Marigot Bay“ во 1981. По девет студиски албуми, разликите во музичкиот интерес и крајот на популарноста на диското, го сигнализира крајот на групата.
Влијание на Михаел Крету
[уреди | уреди извор]Сандра и Михаел, сега во романтична врска, се селат во Минхен, каде што Михаел наскоро купува свое студио, наречено „Data-Alpha“ (Data-Alpha), според песна од неговиот соло албум "Legionäre". Нивниот прв заеднички сингл во 1984 бил „Japan ist weit“ верзија на песната „Big in Japan“ од групата Alphaville, пригоден начин да ја зголеми популарноста на Сандра. За жал песната не успева да постигне успех на топ листите.
Но со нејзиниот тим, сега познати едноставно како Сандра, таа била упорна и на крај станала успешна.
Албуми
[уреди | уреди извор]The Long Play (1985)
[уреди | уреди извор]Нејзиниот прв албум, The Long Play (1985), стигнува на топ 20 во Германија, додека синглот „Maria Magdalena“ стигнува на топ листите во 21 држава во светот, а на прво место во пет држави.[1] Песната била наменета за континенталниот европски пазар, па затоа не бил снимен спот (во Европа, личното појавување се сметало за најефикасен метод за промоција сè до раните '90-ти години).
И покрај тоа што „Maria Magdalena“ веќе била број еден на топ листите во некои европски држави, ѝ требало повеќе време за да го направи истото и во Германија каде што остана 16 недели на германскиот топ 20.
Следниот сингл се викал „In the Heat of the Night“. Во нејзиниот прв вистински музички спот, Сандра се покажува во зачадена сауна полна со полусоблечени развиени мажи. Иако песната пак стигнува до првото место на листите во Швајцарија, Либан и Израел, таа останува број два во Германија неколку недели,[2] неуспевајќи да ја премине песната „Nikita“ од Елтон Џон (Elton John). Сепак, песната ѝ носи на Сандра второ место на музичкиот фестивал во Токио во 1986.
„Little Girl“ бил третиот сингл со видео спот снимен во Венеција.
Кратко по издавањето на „The Long Play“, Сандра се сели во Лондон на шест месеци. Хелена Шелен (Helena Shelen), терапевт за пејачи која работела со Џорџ Мајкл (George Michael) и Пол Јанг (Paul Young), ја зема под нејзино крило. Таа се приклучува на лондонското училиште за јазици Берлиц, каде што ги подобрува знаењата за англиски јазик и зема драмски лекции за да добие подобро чувство за ритам и време. Преку викендите, таа се враќала во Минхен за да работи на нејзиниот нов албум.
Mirrors (1986)
[уреди | уреди извор]Вториот студиски албум на Сандра, „Mirrors“ (октомври 1986) го одразува континуинарното музичко создавање на Михаел Крету. На овој албум, тој користи повеќе од талентите за пишување и пеење на Хуберт Кемлер (кој веќе бил популарен пејач во Германија, познат како Хуберт Ках). „(Don't Cry) The Breakup of the World“ била прва песна на албумот, напишана како реакција на катастрофата во Чернобил во 1986.
„Innocent Love“ (напишана од Милер (Müller), Хуберт Кемлер, Урлих Хертер (Ulrich Herter) и Клаус Хиршбругер) бил прв од четирите успешни синглови од албумот, влегувајќи на германскиот топ 20 како број 11. Сандра ќе продолжи со успешни хитови.
Ten on One (1987)
[уреди | уреди извор]Две години по нејзиниот деби албум, во 1987, Сандра ја издава компилацијата со најголеми хитови „Ten on One“. Придружена со видео колекцијата на албумот, им дава на нејзините обожаватели можност да го видат нејзиниот приватен живот и какви ѝ се секојдневните активности. Нејзината верзија на „Everlasting Love“, омилената песна од нејзиното детство, стигнува на место број пет на европските листи.[3] Музичкиот спот ја покажува Сандра и во машки модел во сцени како љубовници од разни временски епохи, како Адам и Ева, Бони и Клајд, Клеопатра и Марко Антониј, и како двојка од колоритните панк '80.
Британскиот тим, Сток Аткен Вотермен (Stock Aitken Waterman), ќе проба да заработи на успехот на „Everlasting Love“ со издавање на ремикс на песната во 1988 за британскиот пазар. Песната пропаѓа без да забележи некој позначаен успех на британските листи, но добро се котирала во Шведска, Филипините и Јужна Африка. Вториот сингл од албумот „Stop for a Minute“ бил напишан специјално за германската телевизиска крими серија „Tatort“. Таа ја пее песната во еден клуб во една од епизодите. Музичкиот спот е контроверзен бидејќи вклучува сцена на силување.
Во ова време Сандра веќе била позната како европска кралица на поп-музиката и ѝ конкурирала на Мадона во популарност и во топ 10 хитови.
На 7 јануари, 1988, Сандра се мажи за Михаел Крету и се селат од Минхен на шпанскиот остров Ибица.
Into a Secret Land (1988)
[уреди | уреди извор]Во 1988 Сандра го снима албумот „Into a Secret Land“, движејќи се од електро-поп кон помистериозен звук. Ова придонесува албумот да постигне голем успех и да донесе четири хит-синглови.
Првиот сингл бил „Heaven Can Wait“, придружен со видео спот којшто ја прикажува Сандра како игра и пее на брегот на Ибица во Средоземјето. Песната „Secret Land“ влегува на германската листа како број 12,[4] а број еден во Либан и Израел.
Со правата на животните и зачувување на природата кои биле високо во нејзиниот распоред, таа зема учество во проектот „Уметници обединети за природата“ (Artists United for Nature) во 1989. Во песната „Yes We Can“ учествуваат, покрај другите, Брајан Меј (Brian May), Харолд Фалтермејер (Harold Faltermeyer) и Чака Кан (Chaka Khan).
Сандра ги завршува '80-те како една од најпопуларните пејачки во Европа, и со распродадени концерти во Москва.
Paintings in Yellow (1990)
[уреди | уреди извор]Албумот на Сандра, „Paintings in Yellow“ (1990) ѝ дава уште топ 10 хитови со изненадувачката насловна песна „Hiroshima“ од групата „Wishful Thinking“. Елементи од оваа песна го навестуваат проектот „Енигма“, којшто е повеќе препознатлив во песната „The Journey“. Франк Петерсон (Frank Peterson), кој бил долго време член на групата, зема улога на писател и продуцент на некои песни заедно со Михаел. Франк исто така бил ко-продуцент како „Ф.Грегоријан“ (F. Gregorian) на проектот „Енигма“.
Во 1991, песната „Sadeness“ станува голем хит во многу држави низ светот. Во почетокот никој не знаел кој се крие зад „Енигма“, но обожавателите на Сандра веднаш го идентификувале нејзиниот глас. Сандра го изведува вториот сингл од албумот „(Life May Be) A Big Insanity“ на „Светските музички награди“ во Монте Карло, каде што таа ја добива наградата за најдобра германска изведувачка на крајот на 1990.
Заради големиот успех на „Енигма“, и повеќе од две години пауза по „Paintings in Yellow“, се појавува празнина во кариерата на Сандра, којашто конечно била затворена со албумот „Close to Seven“.
Close to Seven (1992)
[уреди | уреди извор]„Close to Seven“ (1992) продолжува со создавање на повеќе медитативен, а помалку играчко-ориентиран музички стил. Сандра сакала да се ослободи од нејзиниот имиџ на тинејџерка и да се претстави пред позрелата публика. Ова бил нејзиниот прв албум продуциран скоро целосно од Михаел Крету. Машкиот вокал бил Енди Џонас (Andy Jonas), германски пејач, кој го одбрал уметничкото име Енди „Ејнџл“ Харт (Andy "Angel" Hart). Иако првиот сингл „Don't Be Aggressive“ влегува во европскиот топ 20, сингловите не успеваат да постигнат некој успех. Музичкиот спот за „Don't Be Aggressive“ бил продуциран од Хауард Гринхалг (Howard Greenhalgh).
Вториот сингл, „I Need Love“, за Сандра бил прв сингл, по „Japan ist weit“, кој пропаѓа. Без разлика на сѐ, Сандра и Михаел се признаени како наjуспешен брачен пар и биле наградени со „Златната европска награда“ во 1992.
18 Greatest Hits (1992)
[уреди | уреди извор]Компилацијата „18 Greatest Hits“ од 1992 го маркира крајот на успешната соло кариера на Сандра. Таа снима нова верзија на „Johnny Wanna Live“, од албумот „Paintings in Yellow“. Песната, што дел ја напишал Франк Петерсон, и подоцна обновена од неговата сопруга Сара Брајтмен (Sarah Brightman), била химна против злосторствата кон животните.
Музичкиот спот уште еднаш е продуциран од Хауард Гринхалг и покажува шокирачки сцени на злосторства кон животните. Во 1993 таа издава нова техно верзија на „Maria Magdalena“ со футуристички видео спот, но не постигнува успех.
Fading Shades (1995)
[уреди | уреди извор]Во 1995, додека била бремена со близнаци, Сандра го снима и издава албумот „Fading Shades“. На албумот се појавува нов писател и продуцент, Јенс Гад (Jens Gad), кој работи заедно со Михаел. На албумот е претставена моќната насловна верзија на „Nights in White Satin“ од „The Moody Blues“. Песната станува број еден во Израел и влегува во топ 20 во Финска. Музичкиот спот само го покажува одблиску лицето на Сандра, бидејќи таа веќе била во поодмината бременост. Таа морала да седи во текот на снимањето на албумот. Повторно Енди "Ејнџл" Харт ќе ги сними машките вокали во „Fading Shades“. Вториот сингл „Won’t Run Away“ бил прв по долго време без видео спот, но не бил на топ листа.
Сандра одлучила да ја остави кариерата настрана, за да може да биде со нејзините деца. На 6 јули 1995 година, таа ги раѓа близнаците Никита и Себастијан во болницата во Минхен, со царски рез.
My Favourites (1999)
[уреди | уреди извор]Во 1999 издава албум на две ЦД-a. Во трендот што започнала со групата „Modern Talking“ за ремиксување на стариот материјал, „My Favourites“ е издаден со ремиксувани хитови со стариот пријател на групата Питер Риес (Peter Ries), претставувајќи некои од омилените балади на Сандра. Брзо ќе се најде на германскиот топ 20 за албуми. „Secret Land '99“ е издаден како сингл и ќе ја прикаже Сандра со кратка коса во видео спотот. Во 2000, Сандра го има заднинскиот вокал на синглот „Precious Little Diamond“ од Андри Доналд (Andru Donald).
The Wheel of Time (2002)
[уреди | уреди извор]Првиот студиски албум на Сандра во текот на седум години е „The Wheel of Time“ во 2002, достигнувајќи го осмото место на германската топ листа за албуми. Првиот сингл „Forever“ постигнува успех и ја покажува новата Сандра позрела, со поприроден изглед и сѐ уште со кратка коса. Иако некои ја критизираат со фактот дека „The Wheel of Time“ содржи не повеќе од четири насловни верзии на песни од 80-тите години, вклучувајќи го вториот сингл „Such A Shame“ од „Talk Talk“, албумот бил добро примен од нејзините обожаватели. Михаел Крету ја убедува Сандра да ја преработи песната „Freelove“ од „Depeche Mode“, песна којашто ја снима уште во првиот обид. Сепак, „The Wheel of Time“ брзо избледува.
Во 2003 e издадено ДВД издание на „The Complete History“.
Јавните настапи на Сандра биле во многу мал број сѐ до 2005 година, кога се појавила информација дека супер ѕвездата од Швајцарија, Ди-Џеј Бобо (DJ Bobo) планира дует со неа. Таа се сретнала со Ди-Џеј Бобо на „Светските музички награди“ во Монте Карло во 2002, кога нејзиниот сопруг ја примил наградата за најдобро продаван изведувач од Германија. Таа средба резултира со сингл „The Secrets of Love“ во 2006. Во Швајцарија го достигнува бројот пет, а во Германија бројот 13 на топ листите. Музичкиот спот бил снимен во паркот Дизниленд во Париз, каде што Сандра и Ди-Џеј Бобо биле единствени уметници на кои им било дозволено да снимаат внатре во замокот на Пепелашка. Во текот на тоа време, Сандра повторно почнува со настапи во живо, со нејзиниот ретро изглед со долга коса како во 80-тите години.
Reflections - The Reproduced Hits (2006)
[уреди | уреди извор]„Virgin Music France“ предложила снимените вокали на најголемите хитови на Сандра да бидат испратени на различни тимови на продуценти и ремиксери за тие да можат да создадат потполно нова музика. Сандра во почетокот се двоумела, затоа што таа веќе имала издадено ремикс колекција во 1999 година и не сакала повторно да ги промовира старите хитови. Таа веќе го завршила нејзиниот деветти студиски албум и сакала да оди напред во нов музички правец. Сепак, пет тимови од Германија - Кристијан Гелер (Christian Geller), Шалбау (Schallbau), Феликс Ј. Гаудер (Felix J. Gauder), Матијас Менк (Matthias Menck), Иво Моринг (Ivo Moring), и Мирко он Шлифен (Mirko on Schlieffen) - донесуваат успешен резултат. Хитот од 1987 година, „Everlasting Love“ добива нови вокали и била обновена како моќна балада и дистрибуирана на радио станиците како промотивен сингл. Иако албумот стигнува на топ 10 на многу онлајн продавници во светот, ни еден комерцијален сингл не бил издаден и не е многу направено за промоција на албумот. Сепак, радио синглот „Around my heart 2006“ станува голем хит во Полска, каде што компанијата за снимање одлучува да го промовира преку радио станици.
Bo 2007 година, „Virgin Music France“ одлучува да издаде специјална верзија на „Reflections“, којашто содржи три нови ремиксови направени од француски диџеи. „In the Heat of the Night“ била издадена онлајн како сингл што содржи четири нови верзии на песната.
The Art of love (2007)
[уреди | уреди извор]Новиот студиски албум, „The art of love“ бил издаден во февруари 2007 година, влегувајќи на 16 место на германската топ листа. За првпат, Михаел Крету не работи како продуцент на албум, бидејќи бил зафатен со продукцијата на новиот албум на Енигма, „A Posteriori“. Менаџерите на Сандра прво пробале да пронајдат продуценти од Велика Британија, но Сандра не сакала да го напушти своето семејство на подолг период. Конечно, Сандра контактирала со „десната рака“ на Михаел Крету, Јенс Гад кој го продуцирал целиот албум. Сандра, за првпат во својата кариера, сега активно учествувала во компонирање и пишување на албумот. Таа работела ноќе во студиото на Јенс Гад, се враќала во својот дом да направи појадок за близнаците, и потоа спиела сè додека децата не се врателе од училиште. Исто така, за првпат Сандра го открива нејзиниот нов, секси изглед во промоционалните слики снимени во Њујорк од Бербел Мибах (Bärbel Miebach).
Првиот сингл издаден од албумот, „The Way I Am“, во јануари 2007 година, стигнува на место број 50 на топ листите во Германија, иако немаше видео спот или каква било промоција. Вториот сингл, „What is it about me“, бил издаден во мај 2007 година. Обожавателите биле воодушевени од фактот дека двата синглови содржат неиздадени песни и верзии на други јазици како што се Шпански и Француски. Албумот исто така вклучува дует со супер ѕвездата Ди-Џеј Бобо, и двата синови на Сандра, Никита и Себастијан, кои пеат во хор во три песни.
„EMI Music“ во Полска одлучила да ја издаде песната „All you Zombies“ како радио сингл наместо „What is it about me“, и станува голем хит во Полска. Во најновото интервју, Сандра открива дека песната „Put your arms around me“ од Сајнед О'Конор (Sinead O'Connor), може да биде следниот сингл. Обожавателите на Сандра ширум Европа почнале кампања со желба за издавање на „All you Zombies“, во која на „EMI Music“ од Германија не им се верувало.
Во најновото интервју направено за „Рејдио Мјузик Бокс“ (Radio Music Box), Сандра открива дека на б-страната можно е да има трета песна снимена со Ди-Џеј Бобо.
Во текот на целата 2007 и почетокот на 2008 година, Сандра била зафатена со турнеи низ источна Европа и Германија. Сандра се вратила на распоредот на концерти планирани во минатото, дури имала концерт во спектакуларната палата во Кремлин во Москва, Русија. Сандра исто така за првпат посетила земји како што се Казахстан, Украина и Литванија. На 23 јули 2008 година, имала концерт во Атина, Грција.
На 24 август 2008 година во Полска, Сандра учествувала на концертот на ѕвездите од '80 години, заедно со Ким Вајлд (Kim Wilde), Саманта Фокс (Samantha Fox), Сабрина (Sabrina), Модерн Токинг (Modern Talking), Лимал и Шакин Стивенс (Limahl and Shakin' Stevens). Концертот бил дел од Меѓународниот фестивал на песната во Сопот 2008 и бил презентиран во живо на Полскиот канал ТВН (TVN).
Back to Life (2009)
[уреди | уреди извор]Новиот албум на Сандра, наречен "Back to Life" издаден е на 27 март 2009. Сандра открива дека новиот албум ќе биде со уп-темпо, поп албум. Првиот сингл, "In a Heartbeat" беше издаден на 6 март 2009. Албумот е снимен во Њујорк и додека работела на него, Сандра соработувала со Џенс Гад (Jens Gad), брат на Тоби Гад (Toby Gad), познат по неговата работа со Бијонс Кновлс (Beyoncé Knowles) и Ферги (Fergie). Вториот сингл, "The Night Is Still Young", дует со Томас Андерс, беше издаден на 8 мај 2009. Во албумот е вклучена и песната "I Want You" која ја пеат во дует Сандра и нејзиниот потенцијален сопруг Олаф Менгес. Друга песна која е на Француски јазик е "Tete a Tete", напишана и компонирана од Сандра. Две бонус песни, "Echo of My Heart" и "Redis Moi" се достапни за симнување од itunes.
На 1 август 2009 година, Сандра била главна глумица на "DJ Bobo & Friends" фестивалот, кој се одржал во Енгелберг (Engelberg), Швајцарија. Сандра ги воодушевила нејзините обожаватели со одличната презентација во живо на нејзините хитови. Во 2010 година се очекува издавање на ДВД со нејзините настапи во живо.
На 6 ноември 2009 година, издаден е компилациски албум со 3 ЦД-а наречен The Platinum Collection кој содржи 51 песна вклучувајќи ги сите синглови од "(I'll Never Be) Maria Magdalena" до "The Night Is Still Young", како и некои неиздадени песни од нејзините албуми Into a Secret Land, Paintings in Yellow, Close To Seven, The Art Of Love и Back To Life. Третиот диск вклучува единаесет продолжени верзии на нејзините најголеми хитови.
Позадински вокали
[уреди | уреди извор]Покрај синглот "Precious Little Diamond" (radio edit), од Andru Donalds, Сандра има учествувано во тринаесет различни песни за Enigma. Тоа се следните песни:
Од Енигма (1) MCMXC a.D. (1990):
- "Sadeness"
- "Find Love"
- "Callas Went Away"
- "Mea Culpa (Part II)"
Од Енигма (2) The Cross of Changes (1993):
- "Return to Innocence"
- "I Love You... I'll Kill You"
- "Age of Loneliness (Carly's Song)"
Од Енигма (3) Le Roi Est Mort, Vive Le Roi! (1996):
Од Енигма (4) The Screen Behind the Mirror (1999):
- "Between Mind and Heart"
Од Енигма (5) Voyageur (2003):
- "Voyageur"
- "Page of Cups"
- "Look of Today"
Дискографија
[уреди | уреди извор]Title | Chart-Position | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
DE | AT | CH | GB | IT | ISR | FR | SW | NL | |
Andy, mein Freund | - | - | - | - | - | - | - | - | - |
Japan ist weit | - | - | - | - | - | - | - | - | - |
Maria Magdalena | 1 | 1 | 1 | 87 | 1 | 1 | 5 | 1 | 1 |
In The Heat Of The Night | 2 | 2 | - | 4 | 1 | 5 | 2 | 15 | |
Little Girl | 14 | 18 | - | 3 | 2 | - | - | - | |
Innocent Love | 11 | 14 | - | 7 | 4 | 10 | 18 | - | |
Hi! Hi! Hi! | 7 | 12 | 20 | - | 8 | 5 | 13 | - | - |
Loreen | 23 | 29 | - | - | 8 | - | 4 | - | |
Midnight Man | 24 | - | 33 | 12 | - | 13 | 8 | ||
Everlasting Love | 5 | 6 | 5 | 45 | 11 | 2 | 12 | 13 | 8 |
Stop For A Minute | 9 | 14 | - | - | - | - | 19 | - | |
Heaven Can Wait | 12 | 4 | 6 | 97 | - | 2 | 6 | - | - |
Secret Land | 7 | 17 | 9 | - | 32 | 1 | 26 | 16 | - |
We’ll Be Together (’89er Remix) | 9 | 16 | 22 | - | - | 3 | 13 | - | - |
Around My Heart | 11 | 23 | 19 | - | - | 6 | 28 | - | - |
Hiroshima | 4 | 4 | 4 | - | - | 4 | 16 | 21 | - |
(Life May Be) A Big Insanity | 27 | - | - | 18 | 41 | - | - | ||
One More Night | 31 | - | - | - | - | - | - | ||
Don’t Be Aggressive | 17 | 30 | 24 | - | - | 11 | 39 | - | - |
I Need Love | - | - | - | - | - | - | - | - | - |
Johnny Wanna Live | 37 | - | - | 9 | - | - | - | ||
Maria Magdalena (‘93er Remix) | - | - | - | - | - | - | - | - | - |
Nights In White Satin | 86 | - | - | - | - | 1 | - | - | - |
Won’t Run Away | - | - | - | - | - | - | - | - | - |
Secret Land (‘99er Remix) | 69 | - | - | - | - | 19 | - | - | - |
Forever | 47 | - | - | - | - | - | - | ||
Such A Shame | 76 | - | - | - | - | - | - | - | - |
I Close My Eyes | 93 | - | - | - | - | - | - | - | - |
Secrets Of Love | 13 | 39 | 5 | - | - | - | - | - | - |
The Way I Am | 50 | - | - | - | - | - | - | - | - |
Албуми
[уреди | уреди извор](сите албуми се издадени од Virgin Schallplatten GmbH)
- 1985 The Long Play - #12 Germany, #4 Switzerland, #18 Austria, #2 Sweden
Track List 01. In the heat of the night 02. On the tray (seven years) 03. Little girl 04. You and I 05. (I'll never be) maria magdalena 06. Heartbeat (that's emotion) 07. Sisters and brothers 08. Change your mind
- 1986 Mirrors - #16 Germany, #13 Switzerland, #40 Sweden
Track List 01. The second day 02. Don't cry (The breakup of the world) 03. Hi! hi! hi! 04. Midnight man 05. You'll be mine 06. Innocent love 07. Two lovers tonight 08. Mirror of love 09. Loreen
- 1988 Into a Secret Land - #14 Germany, #14 France, #9 Switzerland, #13 Austria, #22 Sweden
Track List 01. Secret land 02. We'll be together 03. Heaven can wait 04. Just like diamonds 05. Around my heart 06. Crazy juliet 07. La vista de luna 08. Celebrate your life 09. Children of England
- 1990 Paintings in Yellow - #4 Germany, #13 France, #8 Switzerland, #14 Austria, #30 Sweden
Track List 01. Hiroshima 02. (Life may be) a big insanity 03. Johnny wanna live 04. Lovelight in your eyes 05. One more night 06. The skin I'm in 07. Paintings in yellow 08. The Journey (A-Cold out here B-I'm alive C-Paintings D-Come alive E-The end) 09. Hiroshima (extended club mix) (on CD only)
- 1992 Close to Seven - #7 Germany, #18 France, #13 Switzerland, #26 Austria, #27 Sweden
Track List 01. Don't be aggressive 02. Mirrored in your eyes 03. I need love 04. No taboo 05. When the rain doesn't come 06. Steady me 07. Shadows 08. Seal it forever 09. Love turns to pain 10. Your way to india
- 1995 Fading Shades - #42 Germany, #37 Switzerland
Track List 01. Fading shades (part I) 02. Nights in white satin 03. Son of a time machine 04. Won't run away 05. Tell me more 06. Will you whisper 07. Invisible shelter 08. You are so beautiful 09. I need love '95 10. First lullaby 11. Fading shades (part II)
- 2002 The Wheel of Time - #8 Germany, #68 Switzerland, #63 Austria, #35 Eurochart
Track List 01. Forgive me 02. Footprints 03. Motivation 04. I close my eyes 05. Perfect touch 06. Silent running 07. Such a shame 08. Now! 09. Free love 10. Forever 11. The wheel of time
- 2007 The Art Of Love - - #16 Germany, #88 Switzerland, #26 Poland
Track List 01. What d'ya think of me 02. The way I am 03. The art of love 04. What is it about me? 05. Dear God... if you exist 06. Silence beside me 07. Once upon a time 08. Put your arms around me 09. What's left to say 10. Casino Royale 11. Love is the price (with DJ Bobo) 12. Shadow of power 13. All you Zombies
Track List 01. R U Feeling Me 02. Once In A Lifetime 03. In A Heartbeat 04. The Night Is Still Young 05. Just Like Breathing 06. Never Before 07. Always On My Mind 08. Behind Those Words 09. What If 10. Say Love 11. Put Some 80ies In It 12. These Moments 13. I Want You 14. Tete A Tete 15. Who I Am
Комерциjални синглови
[уреди | уреди извор](сите синглови се издадени од Virgin Schallplatten GmbH)
- 1976 Andy mein Freund (b-side Ich bin noch ein kind) , as Sandra Ann
- 1984 Japan Ist Weit (b-side Sekunden)
- 1985 Maria Magdalena (b-side Party games) - #1 Germany, #1 Austria, #3 Italy, #5 France, #2 South Africa, #87 UK, #1 Sweden, #1 Switzerland (Worldwide sales: 5 Million)
- 1985 In the Heat of the Night (b-side Heatwave)- #2 Germany, #6 Austria, #4 Italy, #5 France, #2 Switzerland, #1 Israel, #2 Sweden, #8 South Africa
- 1985 Little Girl (b-side Sisters and brothers)- #14 Germany, #3 Italy, #2 Israel, #18 Switzerland
- 1986 Hi! Hi! Hi! (b-side You'll be mine)- #7 Germany, #8 Italy, #13 France, #5 Israel, #20 Switzerland, #4 South Africa
- 1986 Innocent Love (b-side Innocent theme) - #11 Germany, #7 Italy, #10 France, #4 Israel, #18 Sweden, #14 Switzerland
- 1986 Loreen (b-side Don't cry) - #23 Germany, #8 Israel, #4 Sweden, #29 Switzerland
- 1987 Midnight Man (b-side Mirror of love) - #24 Germany, #33 Italy, #12 Israel, #13 Sweden
- 1987 Everlasting Love (b-side Change your mind) - #5 Eurochart, #88 UK, #5 Germany, #11 Italy, #12 France, #5 Israel, #8 Netherlands, #13 Sweden, #6 South Africa, #5 Switzerland
- 1988 Everlasting Love (PWL Hammond mix) - #45 UK, #22 Dance US
- 1988 Stop For A Minute (b-side Two lovers tonight) - #38 Eurochart, #9 Germany, #5 Israel, #19 Sweden, #14 Switzerland
- 1988 Heaven Can Wait (b-side Heaven's theme) - #11 Eurochart, #12 Germany, #6 France, #97 UK, #2 Israel, #16 Switzerland
- 1988 Secret Land (b-side Into Nobody's Land) - #24 Eurochart, #7 Germany, #32 Italy, #26 France, #9 Switzerland, #1 Israel, #16 Sweden, #8 South Africa
- 1989 We'll Be Together ('89 Remix) (b-side It means forever) - #9 Germany, #13 France, #3 Israel, #22 Switzerland
- 1989 Around My Heart (b-side Around my drums) - #11 Germany, #28 France, #6 Israel, #19 Switzerland
- 1989 Hiroshima (b-side La vista de luna) - #4 Germany, #16 France, #4 Switzerland, #4 Israel, #21 Sweden
- 1990 A Big Insanity (b-side The skin I'm in) - #27 Germany, #41 France, #18 Israel
- 1990 One More Night (b-side The Journey)- #31 Germany
- 1992 Don't Be Aggressive (b-side Seal it forever) - #17 Germany, #39 France, #11 Israel, #24 Switzerland
- 1992 I Need Love (b-side Shadows)
- 1992 Johnny Wanna Live (b-side Mirrored in your eyes) - #37 Germany, #9 Israel
- 1993 Maria Magdalena '93- #8 Finland
- 1995 Nights In White Satin - #86 Germany, #1 Israel, #19 Finland
- 1995 Won't Run Away
- 1999 Secret Land '99 - #69 Germany, #61 Czech Republic, #19 Israel
- 2001 Forever - #47 Germany
- 2002 Such A Shame - #76 Germany, #19 Hungary, #21 Czech Republic
- 2002 I Close My Eyes - #93 Germany
- 2007 The Way I Am #50 Germany
- 2007 What Is It About Me
- 2007 Put Your Arms Around Me - Single release planned
- 2009 In a Heartbeat
- 2009 The Night is still young
Промоционални синглови
[уреди | уреди извор]- 1988 Sisters and brothers (Japan only promotional single b-side Stop for a minute)
- 1989 La vista de luna (Spain only promotional 7" single)
- 1989 Yes we can (Charity single released with Artists United for Nature)
- 1992 Steady me (Promo only, Germany)
- 2000 No Taboo (Radio promo only, Israel)
- 2002 Forgive me (Promo only, Germany)
- 2006 Secrets Of Love (with DJ BoBo) - #13 Germany, #39 Austria, #5 Switzerland, #59 Czech Republic
- 2006 Everlasting love 2006 (Germany only radio promo)
- 2006 Around my heart 2006 (Poland only radio promo) #1 Poland
- 2007 In the heat of the night 2007 (Digital platform only single release)
- 2007 All You Zombies - (Poland only radio promo) # 5 Poland
Компилации
[уреди | уреди извор]- 1987 Ten on One (The Singles) - #19 Germany, #14 Switzerland, #28 Austria
Track List 01. Everlasting love 02. Hi! Hi! Hi! 03. Stop for a minute 04. Innocent love 05. Little girl 06. Maria Magdalena 07. In the heat of the night 08. Midnight man 09. Don't Cry (The breakup of the world) 10. Loreen
- 1988 Everlasting Love (Virgin Records, USA/UK)
Track List 01. Everlasting love (PWL Mix) 02. Maria Magdalena 03. Secret land 04. Heaven can wait 05. Hi! Hi! Hi! 06. We'll be together 07. In the heat of the night 08. Around my heart 09. Little girl 10. Loreen
- 1992 18 Greatest Hits - #10 Germany, #7 France, #27 Swtizerland, #36 Sweden, #1 Finland
Track List 01. Maria Magdalena 02. In the heat of the night 03. Little girl 04. Innocent love 05. Hi! Hi! Hi! 06. Loreen 07. Midnight man 08. Everlasting love 09. Stop for a minute 10. Heaven can wait 11. Secret land 12. We'll be together 13. Around my heart 14. Hiroshima 15. (Life may be) A big insanity 16. One more night 17. Don't be aggressive 18. Johnny wanna live
- 1999 My Favourites (2xCD) -#15 Norway, #16 Germany, #16 France, #43 Switzerland, #69 Eurochart
Track List CD1 (Remixes): 01. Mirrored in your eyes 02. Secret land 03. We'll be together 04. Won't run away 05. Maria Magdalena 06. Heaven can wait 07. Hiroshima 08. Tell me more 09. Celebrate your life 10. Around my heart 11. In the heat of the night 12. Way to India CD2 (Originals): 01. No Taboo 02. Johnny wanna live 03. Don't be aggressive 04. One more night 05. Steady me 06. Love turns to pain 07. Seal it forever 08. I need love '95 09. When the rain doesn't come 10. Nights in white satin 11. First lullaby 12. Fading shades
- 2003 Essential (Same track list as "18 greatest hits")
- 2006 Reflections - The Reproduced Hits - #44 Germany
Track List 01. Around my heart 02. Stop for a minute 03. Hi! Hi! Hi! 04. Maria Magdalena 05. In the heat of the night 06. Heaven can wait 07. Everlasting love 08. Hiroshima 09. One more night 10. Secret land 11. Innocent love 12. We'll be together
- 2007 Reflections - The Reproduced Hits (Special Edition) (3 bonus tracks)# 145 France
Track List (bonus tracks): 01. In the heat of the night (Future Vision Remix) 02. Maria Magdalena (Junior Caldera Remix) 15. In the heat of the night (Superfunk Remix)
Видео
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Häschen mit den Grübchen“ (германски). Der Spiegel.
- ↑ „German Top 20-The Chart of January 1986“. Infinity Disco Zone.
- ↑ „German Top 20-The Chart of October 1987“. Infinity Disco Zone.
- ↑ „German Top 20-The Chart of August 1988“. Infinity Disco Zone.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страна на www.samoqi-music.com Архивирано на 28 април 2012 г.
- Официјална страна на www.crocodile-music.de/sandra
- Информациона страна на www.sandramenges.org Архивирано на 14 ноември 2010 г.
|