Прејди на содржината

Салих (остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Островот Салих или Салих Ада (антички, Тарамптос (старогрчки: Ταράμπτος),[1] и Каријанда (старогрчки: Καρύανδα)[2]) - турски остров во Егејското Море, сместен северно од Бодрум. Салих Ада е познато туристичко одредиште и е достапно со чамец од Бодрум. Првичната местоположба на градот Каријанда била на овој остров пред неговото преместување на континентот.[3][4] Под името Тарамптос, тој бил член на Делскиот сојуз и се споменува во декретот за почит на античка Атина, датиран во 425/4 пр.н.е. Исто така се споменува во натпис пронајден во Халикарнас, датиран во 300 година пр.н.е.[5]

  1. Лундски универзитет. Дигитален атлас на Римското Царство. (англиски)
  2. Public Domain Смит, Вилијам, уред. (1854–1857). „Caryanda“. Речник на грчката и римската географија. Лондон: John Murray.
  3. Лундски универзитет. Дигитален атлас на Римското Царство. (англиски)
  4. Лундски универзитет. Дигитален атлас на Римското Царство. (англиски)
  5. Mogens Herman Hansen & Thomas Heine Nielsen (2004). „Karia“. An inventory of archaic and classical poleis. New York: Oxford University Press. стр. 1133–1134. ISBN 0-19-814099-1.