Прејди на содржината

Ротума

Координати: 12°30′S 177°4.8′E / 12.500° ЈГШ; 177.0800° ИГД / -12.500; 177.0800
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ротума
Rotuma
Location of Rotuma in Melanesia.
Location of Rotuma in Melanesia.
Location of Rotuma in Melanesia.
Политичка карта на Ротума.
Политичка карта на Ротума.
Политичка карта на Ротума.
Админ. центарИтутиу
Службен јазик
Народности 
Демоним Ротуманец
Уредување Зависна територија на Фиџи
 •  Окружен службеник Ниумаја Масере
 •  Претседател на Советот Тартерани Ригамото
Независност од Велика Британија како дел од Фиџи
 •  Датум 10 октомври 1970 
Површина
 •  Вкупна 46 км2 
Население
 •  Попис 2007 2,002 
Валута фиџиски долар (FJD)
Часовен појас (UTC+12)
Повик. бр. +679

Ротума — остров, кој заедно со околните мали островчиња, сочинуваат зависна територија на Фиџи. Ротума е татковина на Ротуманците, кои на островот сочинуваат околу 2000 жители, а низ цело Фиџи околу 10.000 Ротуманци.

Географија

[уреди | уреди извор]

Островот е со вулканско потекло и се наоѓа на 646 км северно од Сува. Самиот остров Ротума е 13 км долг и 4 км широк и со вкупна површина од 43 км2. Ротума е 12 најголем остров во Фиџи. Островот е составен од два поголеми дела, од кој источниот е значително поголем. Теснецот меѓу овие два дела е широк само 230 метри.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Иако островот политички е дел од Фиџи уште од 1881 година, Ротуманџите имаат култура која е слична со Полинезија, особено со Тонга, Самоа, Футуна и Увеа. Поради полинезискиот изглед и посебниот ротумански јазик, Ротуманците сочинуваат призната малцинска група во рамките на Фиџи. Ротуманците воглавно живеат во Фиџи, а не на Ротума. Ротуманците се многу конзервативни и отпорни на промени, па така на пример во 1985 година 85% од Ротуманците биле против Ротума да се отвори за туризам.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • A.M. Hocart, Notes on Rotuman Grammar, Journal of the Royal Anthropological Institute, London, 1919, 252.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]


12°30′S 177°4.8′E / 12.500° ЈГШ; 177.0800° ИГД / -12.500; 177.0800