Релеј
Релеј или реле[1] - направа која се користи за прекинување или воспоставување на струјното коло по пат на електромагнет кој ги затвора и отвора струјните контакти. Ваквиот вид на релеи се нарекува електромагнетен релеј. Во оваа врста постојат и електронски релеи (енг. solid state relay) кај кои префрлање на струјното коло вршат полуспроводничките елементи. Кај ваквиот тип релеи исто така е обезбедено физичко раздвојување на двата дела на колото, значи меѓу нив нема никаква електрична врска. Електромагнетните релеи користат механичко поместување на сидрото како би ја обезбедилe промената на положбата на колото (улога на прекинувач), а кај електронските релеи најчесто се користат фотоосетливи елементи, често ЛЕД како давач на сигнал во примарното коло, а фототранзисторот како примач на сигнал во секундарното коло.
Принцип на работа
[уреди | уреди извор]Електромагнетот обично се состои од многубројни намотки од бакарни жици на железното јадро. Кога струјата тече низ жиците (примарно струјно коло), околу електромагнетот се создава магнетно поле кое ја привлекува железната котва. Котвата носи на себе електрични контакти, кои го отворат или затворат секундарното струјно коло (струјниот круг). Кога ќе се прекине струјата низ електромагнетот, тој повеќе не ја привлекува железната котва и тој се враќа во почетна положба, обично со помош на пружини.Тие електрични контакти го прекинуваат или воспоставуваат струјното коло.
Видови релеи
[уреди | уреди извор]Постојат обични (неутрални) и поларизирани електромагнетен релеи. Кај обичните, сидрото од железо ќе биди привлечен независно од насоката на струјата, значи работат на наизменична и еднонасочна струја. Поларизираните релеи користат постојан (перманентен) магнет, па се осетливи само на една насока на струја.
- Поделба по функција:
Можат да бидат за општа употреба, автомобилски, телефонски, честотни, индукциони, струјни, струјно-напонски и др.
- Контакти
- Нормално отворени и нормално затворени контакти
Повеќето релеи имаат повеќе парови контакти. За да се појасни работата на истиот, се зема дека е нормална положбата кога струјата не тече низ електромагнетот (релејот е исклучен). Така, ако е наведено одредениот пар на контакти да е нормално отворен, тоа значи дека овие контакти се отворени кога релејот е исклучен (нема струја низ електромагнетот), а затворени кога релејот е вклучен. Обратниот случај вреди за нормално затворени контакти.
Тековни контакти
[уреди | уреди извор]Овозможувањето на еднонасочна струја е тешко бидејќи на секое разделување на контактите доаѓа до искрење. Кај наизменичната струја, струјата доаѓа до минимум 100 или 120 пати во секунда, па контактите имаат подолг век на траење. Контактите се метални, често се обложени со слој од платина или сребро за подобра спроводливост.
Оперативен напон и струја
[уреди | уреди извор]Обично се дадени податоци слични на овие: 12 Vdc, 120 Vac, 3 A. Тоа значи дека оперативниот напон на електромагнетот е 12 V еднонасочен напон, а контактите се предвидени за овозможување наизменичен напон 120 V, највисока струја не повеќе од 3 А. Често работните напони на електромагнетот (калеми, примарно коло) на релејот се 5, 12, 24 V. Чести работни контакти се 12 и 24 V еднонасочен напон и 120 и 220 V наизменичен напон.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Толковен речник на македонскиот јазик, Том V, стр. 204, редакција: Кирил Конески, Живко Цветковски, Снежана Велковска, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, 2011
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Релеј“ на Ризницата ? |
Користена литература
[уреди | уреди извор]- Воена енциклопедија. Осми том. Београд: Војноиздавачки завод. 1974. стр. 119-120. страна.
|