Прејди на содржината

Ревер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Засечен ревер на британска униформа од 1930-тите.

Ревер[1][2] — две парчиња ткаенина преклопени преку предната страна на традиционалното палто. Постојат три главни вида ревери: засечен ревер, заострен ревер и јака-шал.

Сите западни машки јакни имаат ревер, освен австриските јакни, кои имаат кружни јаки.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Под францускиот стар поредок, било вообичаено воената облека да биде врзана со спротивната ткаенина, давајќи им на градите впечаток на раскошност. За време на регентското раздобје, оваа мода се наметнала во Англија, горниот дел на палтото толку многу се проширил што било невозможно да се затвори и ги оставал двете страни завртени. Сегашниот облик на реверот (обликот што произлегува од „англиската линија“, засек на реверот) настанал во XIX век, опашката на палтото се шири и јаката се лепи на клучната коска. Постојат два вида ревери: засечени - покласични и заострени - поформални.[4]

За време на викторијанската ера, модата постепено се менувала, наизменично менувајќи ја ширината и должината. На крајот на 1960-тите, се носат широки ревери.[4]

Засечен ревер

[уреди | уреди извор]
Засечен ревер.

Засечениот ревер е зашиен на јаката под агол, создавајќи ефект на скалило. Ова е стандард за повеќето едноредни костуми и спортски јакни.

Заострен ревер

[уреди | уреди извор]
Заострен ревер.

Заострениот ревер е норма за облека на преклоп, а кај едноредните костуми е својствен за свечената или за церемонијалната облека. Бил особено популарен во 1920-тите и 1930-тите.

Во 1910-тите и 1920-тите и денес, засеците се наоѓаат високо на клучната коска. Во 1940-тите и 1980-тите, тие биле поставени многу ниско. Во 1960-тите и 2000-тите (особено кај Хеди Слиман), реверот бил многу тесен, додека италијанските и американските кројачи го претпочитале широк ревер.[3]

Јака-шал.

На јака-шалот, јаката и реверот се едно парче и образуваат непрекината кривина. Овој облик најпрво се појавува на внатрешните јакни и е еден од вообичаените облици на смокинг.

  1. „ревер“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „ревер“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. 3,0 3,1 Scavini, « Un revers qui va bien ! », Le Figaro Magazine, semaine du 12 juin 2015, page 105.
  4. 4,0 4,1 Scavini, « Revers gagnants », Le Figaro Magazine, semaine du 20 octobre 2017, page 111.