Рахел Рејсх
Рахел Рејсх (холандски: Rachel Ruysch; 3 јуни 1664 — 12 август 1750) — холандска сликарка која специјализирала во сликање на мртва природа со цвеќе.
Родена е во Хаг, но на 3 годишна возраст се сели во Амстердам. Таму татко ѝ Фредерик Рејсх, славен анатом и ботаничар, бил назначен за професор. Во куќата направил огромна збирка на раритети. Му помагала на татко ѝ во украсувањето и приготвила примерок liquor balsamicum со цвеќиња и тантела. На 15 години Рејсх станала чирак на Вилем ван Алст, истакнат сликар од Делфт, познат за неговите слики на цвеќе.
Во 1693 се омажила за портретистот Јуријан Пол (1666-1745) и имале 10 деца.
Во 1701 г. Рејсх била примена во сликарскиот еснаф во Хаг. Неколку години подоцна била поканета во Диселдорф да биде дворски сликар на изборниот кнез на Курфалц, Јохан Вилхелм. Таму останала од 1708 г, па сѐ до смртта на кнезот во 1716 г. Тука биле поканети и Јан Веникс и Адријан ван дер Верф. Откако се вратила во Холандија, Рејсх продолжила да слика за важни клиенти.
Рејсх била и позната по деталните и реалистични отсликувања на кристални вазни. Живеела 85 години и според датираните дела може да се заклучи дека сликала од времето кга била млада девојка, па скоро до смртта. Денес познати се некаде околу стотина нејзини слики. Позадината на сликите e обично темна. Рејсх починала во Амстердам.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
„Мртва природа со букет цвеќе и перје“
-
„Мртва природа со цвеќе“
-
„Мртва природа со цвеќе и пеперутки на камена клупа“
-
„Мртва природа со овошје и инсекти“
-
„Мрта природа со цвеќе“
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Национален музеј на жените во уметноста: Слики од Рахел Рејсх Архивирано на 16 јуни 2010 г. (англиски)
- Стари мајстори: Занемарени жени-уметници (англиски)
- Рахел Рејсх : „Палас и Минерва од Амстердам“ Архивирано на 8 октомври 2007 г. (англиски)
„Рахел Рејсх“ на Ризницата ? |
|