Прејди на содржината

Рантум

Координати: 54°51′N 8°18′E / 54.850° СГШ; 8.300° ИГД / 54.850; 8.300
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рантум
Место во Зилт
Црква во Рантум
Црква во Рантум
Црква во Рантум
Рантум во рамките на Германија
Рантум
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Северна Фризија
Град Зилт
Основни податоци
Површина 9,39 км2
Надм. височина 3 м
Население 561  (31 декември 2007)
 - Густина 60 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NF
Пошт. бр. 25980
Повик. бр. 0 46 51
Портал www.gemeinde-sylt.de
Местоположба на Рантум во рамките на округот Северна Фризија
Местоположба на Рантум во рамките на округот Северна Фризија
Местоположба на Рантум во рамките на округот Северна Фризија
Координати 54°51′N 8°18′E / 54.850° СГШ; 8.300° ИГД / 54.850; 8.300

Рантум (германски: Rantum; зелриншки: Raantem) — село и поранешна општина на островот Зилт, во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Од 1 јануари 2009 година припаѓа на општината Зилт.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

Името е често поврзувано со морската божица Ран (Rantum = место на Ран), иако поверојатно е дека името потекнува од старото изговарање на Рантем (Raanteem), т.е. „населба на крајот“.

Географија

[уреди | уреди извор]

Денес, Рантум се наоѓа на најтесниот дел на островот со широчина од само 600 метри.[1]:86

Источно од селото е Рантум-Инге (Rantum-Inge), празна област на солени мочуришта и Ваденското Море. На запад, зад дините, се шират плажи долж Северното Море.

Историја

[уреди | уреди извор]

Малото село Рантум има голема историја. Населбата била уништена повеќепати од плимни бури или била покриена со песок.[1]:86

Најстариот документ за името на селото се сретнува во поморски извештај од 1142 година, кој денес е изложен во Копенхаген. На извештајот, црквата во Рантум е забележана како обележје. Била наречена Св. Петар. Бидејќи во тоа време само поголемите цркви биле нарекувани Св. Петар, веројатно е дека Рантум бил влијателен град околу 1100 година. Меѓутоа не постои никаков доказ за ова тврдење.

Бидејќи Рантум бил повеќепати уништуван од плимни бури помеѓу 1362 и 1634 година и морал да биде повторно граден на различни места, историските белешки се зачувани од XVII век па наваму.

И во XVIII век, Рантум бил упориште на уништувачите на бродови, кои расклопувале бродови.[1]:86-87

Во 1801 година, луѓето на Рантум морале да го преселат селото поради ширењето на дините. Во 1825 година, новото село било уништено од поплава. Местоположбата на селото овој пат била преместена на запад.[1]:86

Во 1901 година, островската железница го поврзала Вестерланд и Хернум преку Рантум. Била напуштена во 1970 година.[1]:105

Започнувајќи во 1936 година, Вермахтот опградил 568 хектари површина од Ваденското Море со брани и создал место за слетување на морски авиони.[1]:86

Во 1977 година било создадено малото пристаниште во Рантум од остатоци на докот на поморската воздухопловна станица како самостојна марина.

Општина Зилт била создадена на 1 јануари 2009 година со спојување на поранешните општини Рантум и Зилт-Ост со градот Вестерланд. Дебатата по ова прашање започнала во 2003 година кога било направено слично спојување на Фемарн. Меѓутоа, локалните соперништва и желбата за самостојаност го спречила потегот. По создавањето на граѓанското движење „Граѓани за Зилт како единство“ (Bürger für Sylt als Einheit), планот повторно се актуелизирал. На одвоени референдуми во 2008 година, Вестерланд (со големо мнозинство) и Зилт-Ост (со потесно) се согласиле на спојување во мај 2008 година. Потоа следел Рантум, но Лист, Кампен, Венингштет-Брадеруп и Хернум останале сами. Во септември 2008 година, спојувањето било официјализирано.[2]

Знаменитости

[уреди | уреди извор]
Антенски систем кај Рантум

Локалните знаменитости се езерцето Ајдум, кое служи за ловење патки. Било именувано по селото Ајдум кое потонало при поплавата од 1436 година.[1]:88

Денес, областа на Вермахтот е птичји резерват со повеќе од 60 вида. Од 1962 година претставува заштитен природен резерват.[1]:88

Од 1993 година, Sylt Quelle вади минерална вода која содржи јод и ја продава во шишиња. Оваа вода се продава низ островот и може да се наполни на самото место. Самиот бренд се нуди низ цела Германија. Во блиската „Уметничка соба“ (Kunstraum) се одржуваат изложби, предавања, јавни дискусии и претстави. Покрај тоа, оваа станала место за „Морското кабаре“ (Meerkabarett), кое се одржува секоја година на лето.[3]

Заштитната станица на Ваденското Море (Schutzstation Wattenmeer) поседува своја подружница во Рантум, која обезбедува информации за крајбрежието, Ваденското Море, солените мочуришта и нуди калливи тури низ блатата.

Во Рантум постои предавател на ЛОРАН, радиски навигациски систем, кој има 193 метри висока кула како антена. Емитувал сигнали до 31 декември 2005 година.

Економија

[уреди | уреди извор]

Туризмот е главен извор на приход за Рантум.

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Andersen, Christa Maria (2006). Merian Sylt (германски). Travel House Media GmbH. ISBN 978-3-8342-0021-1.
  2. „Die Metropole der Insel heißt jetzt Sylt“ (германски). Hamburger Abendblatt. Посетено на 7 април 2015.
  3. „Sylt Quelle“. Sylt Quelle. Посетено на 7 април 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]