Прејди на содржината

Пустиник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Павле Тивејски — првиот познат христијански отшелник

Пустиник или отшелникчовек што од верски причини се повлекол во самотија, прикинувајќи секаков допир со луѓето.[1][2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Традиција

[уреди | уреди извор]

Во заедничката христијанска традиција, првиот познат христијански пустиник во Египет бил Павле Тивејски (III век), па оттука и наречен „првиот пустиник Свети Павле“. Антониј Египетски (IV век), кој често се нарекува „Антониј Велики“, е можеби најпознатиот од сите ранохристијански пустиници благодарение на животописот на Атанасиј Александриски. Претходник на египетското пустиништво можеби бил сирискиот самотник или „синот на заветот“ (арамејски: bar qəyāmā), кој презел посебни режими како христијанин.[3]

Христијанските отшелници во минатото честопати живееле во изолирани ќелии или испосници, без разлика дали станува збор за природна пештера или изградено живеалиште, сместено во пустина или шума. Луѓето понекогаш ги барале за духовен совет. Некои на крајот стекнале толку многу следбеници што повеќе не уживале во физичката осаменост. Некои ранохристијански пустински отци плетеле кошници за замена за леб.

  1. „пустиник“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „отшелник“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „The Origins and Motivations of Monasticism“. 3 October 2002. Архивирано од изворникот на 2002-10-03. Посетено на 21 July 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]