Портал:Египтологија
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија уреди
ЕГИПТОЛОГИЈАЕгиптологија е науката која се занимава со изучување на Стариот Египет и египетските антиквитети. Таа е регионална и тематска гранка на пошироките дисциплини античка историја и археологија. Современата египтологија (наспроти антикварскиот интерес за земјата Египет) се смета дека се зародил во 1822 година, кога Жан-Франсоа Шамполион објавил генерална дешифрација на хиероглифите за прв пат, со помош на Розетскиот камен. Постојат многу отворени проблеми во врска со Стариот Египет, а некои од нив никогаш неможат да бидат решени. Египетската археологија е во постојана транзиција, со тоа што голем дел од теримологијата и хронологија е спорна. Археолошките наоди се нецелосни, каде безброј реликвии не можат да се пронајдат или биле уништени. Прочитајте повеќе уреди
Избрана статијаЕгипетска митологија (или египетска религија) опфаќа различни религиозни верувања и ритуали кои се практикувале во древен Египет, од преддинастичкиот период, па сè до прифаќањето на христијанството. Не постоела една единствена религија во древниот Египет, туку тоа биле различни локални култови посветени на конкретни божества. Повеќето од нив биле фокусирани на обожување на едно божество, иако го прифаќале постоењето и на други божества, па оттаму египетската религија често се смета за политеистичка. Постојат и кратки периоди во кои владеел монотеизмот. Египетската религија главно е политеистичка, и подразбира верување во повеќе богови и божици, познати како „нетер“ (бог) и „нетерет“ (божица). Повеќето од овие божества контролирале одредени аспекти од природата. На пример, богот Ра и божицата Хатор биле сметани за божества на Сонцето. Некои божества, пак, биле поврзувани со конкретни области или градови во Египет. Египет имал високо развиено сфаќање за задгробниот живот со ритуали за подготовка на телото и душата за вечниот живот после смртта. Прочитајте повеќе уреди
Дали сте знаеле...
уреди
Избрана сликауреди
Избрана биографијаКрал Шкорпија, или ретко Серкет, е вториот од двата крала на Горен Египет со тоа име кои владееле за време на Протидинастичкиот период. Неговото име веројатно е поврзано со божицата Серкет. Единстевеното сликовно сведоштво за неговото постоење е глава од боздоган пронајдена во главниот наоден слој во храм кај Нехен. Стратографијата на оваа глава е загубена заради методите на ископување, но стилски овој предмет датира од самиот крај на протодинастичкиот период. Прочитајте повеќе уреди
Вести11 ноември 2008 година - Археологот Захи Хавас открил нова пирамида во Сахара, чија старост е проценета на 4.300 година, а за која археолозите веруваат дека ѝ припаѓа на кралицата Сешешет. 8 февруари 2006 година - Објавено е дека е пронајден до сега непознат гроб во Долината на кралевите. Ова е прв гроб кој е откриен во Долината на кралевите после 1922 година, кога Хауард Картер го открил гробот на Тутанкамон. ОВДЕ можете да го видите „Списокот на египетски божества“ ОВДЕ можете да го видите комплетниот „Список на фараони“ уреди
Категории |