Како поранешнен играч од средниот ред, Виера ја започнал својата кариера во францускиот клуб Кан во 1994 година. Наредната година тој се преселил во италијанската Серија А во тимот на Милан, но не успеал да се избори за место во стандардните единаесетмина, па поради тоа бил продаден на Арсенал. Во Англија настапувал од 1996 до 2005 година, каде што бил и капитен на лондонскиот тим, со кој освоил три титули во Премиер Лигата и четири ФА купови. Во 2005 година тој преминал во Јувентус, помагајќи му на тимот да ја освои титулата во Серија А. По скандалот на Јувентус во Серија А во 2006 година, Виера се преселил во Интер со кои освоил три титули во Серија А, пред да се пресели во Манчестер Сити каде што ги одиграл последните две сезони од својата кариера. Во 2011 година тој се пенизионирал од префесионалното играње фудбал.[3]
Во мај 2010 година, Виера бил номиниран за ФАО амбасадор на добра волја на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации. Виера поминал две сезони како менаџер за развој на фудбалот во Манчестер Сити со улога да ги надгледува аспектите како развојот на младите, комерцијалните партнери и програмата за општествена одговорност на клубот "Град во заедницата".[4] пред да биде именуван за менаџер на Њујорк Сити во американската МЛС лига на 1 јануари 2016 година.[5]