Прејди на содржината

Ошац

Координати: 51°18′1″N 13°6′26″E / 51.30028° СГШ; 13.10722° ИГД / 51.30028; 13.10722
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ошац
Црква Св. Егидиј во Ошац
Црква Св. Егидиј во Ошац
Црква Св. Егидиј во Ошац
Грб на Ошац
Ошац во рамките на Германија
Ошац
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Северна Саксонија
Градоначалник Андреас Кречмар (независен)
Основни податоци
Површина 55,31 км2
Надм. височина 120 м
Население 14.195 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 257 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. TDO
Пошт. бр. 04758
Повик. бр. 03435
Портал www.stadt-oschatz.de
Местоположба на градот Ошац во рамките на округот Северна Саксонија
Карта
Карта
Координати 51°18′1″N 13°6′26″E / 51.30028° СГШ; 13.10722° ИГД / 51.30028; 13.10722

Ошац (германски: Oschatz) — град во округот Северна Саксонија, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа 60 километри источно од Лајпциг и 60 километри западно од Дрезден.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба и клима

[уреди | уреди извор]
Климатски дијаграм за Ошац

Ошац се наоѓа во саксонските низини на бреговите на реката Делниц, која се влева во реката Елба, како лева притока 15 километри понатаму, близу Риза. Ошац се наоѓа близу шумските региони на Даленер Хит, како и Шумата Вермсдорф и Колмберг. Соседни општини и градови се: Либшицберг, Штрела, Риза, Штаухиц, Наундорф, Вермсдорф и Дален.

Просечната температура во Ошац е околу 8,6 °C[2], додека годишната количина на врнежи е околу 570 милиметри.[3]

Административниот округ на градот Ошац се состои од 14 дела:

  • Клајнфорст
  • Алтошац
  • Флигерхорст
  • Лојбен
  • Лимбах
  • Лоневиц
  • Маншац
  • Мерквиц
  • Рехау
  • Шморкау
  • Штриза
  • Талхајм (со Залхаузен и Крејша)
  • Цешау
  • Челау

Историја

[уреди | уреди извор]

Површината на денешниот град била населена од неолитски времиња. Името Ошац доаѓа од лужичкиот збор за засечено место. Првите пишани докази биле во 1200 со името „Johannes de Ozzetz“, меѓутоа поврзаноста со Ошац е непотврдена. Првото потврдено спомнување на градот е од 1238, кога Ozzechz е спомнат во документ од Хајнрих фон Мајсен. Најстариот документ најден во градските архиви е писмо од бискупот Конрад од Мајсен, со датум од 1246. Во 1344 била организирана народна армија за градовите Ошац, Торгау и Грима и бил вработен учител во 1365. Градот ги добил правата за организирање пазар во 1394.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]

Ошац е збратимен со следниве градови:

  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
  2. Deutscher Wetterdienst: Mittelwerte der Temperatur in der Referenzperiode 1961–1990 nach Stationen Архивирано на 23 септември 2015 г. (ZIP-Datei, 51 KB)
  3. Deutscher Wetterdienst: Mittelwerte des Niederschlags in der Referenzperiode 1961–1990 nach Stationen Архивирано на 23 септември 2015 г. (ZIP-Datei, 343 KB)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]