Прејди на содржината

Откупомат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Откупен автомат во супермаркет Алди во Минхен, Германија

Откупомат или откупен автомат – уред кој прима користена (празна) амбалажа од пијалаци и им враќа пари на корисниците. Автоматите се популарни на места каде има задолжителни закони за рециклирање или одлагање на отпадна амбалажа. На некои места, производителите кои користат таква амбалажа плаќаат надомест во одреден централизиран фонд кој им се распределува на оние кои ја рециклираат амбалажата. Секој вишок во фондот се користи за одржување на чистотата на животната средина.[1] На други места, како во Норвешка, државата го обврзува продавачот да плати за рециклажа на амбалажата, но го остава системот во рацете на приватната индустрија. Во Финска, воспоставена е акциза на амбалажата која не е опфатена со системот за одлагање на амбалажа.

Функционирање

[уреди | уреди извор]
Видеоклип кој покажува како работи откупомат во Норвешка

Корисникот го става празното шише или конзерва во приемниот отвор. Хоризонталниот приемен систем му овозможува на корисникот да вметнува само една опаковка истовремено. Шишето или конзервата потоа автоматски се врти и се скенира со секаденасочен скенер на универзален производен код (УПК), кој го скенира неговиот УПК. Некои системи го користат обликот на садот, материјалот или други идентификациски параметри за да го идентификуваат садот во податочната база, дополнително или наместо баркодот.[2]

Откако садот е скениран, идентификуван (најдено совпаѓање во податочната база) и определен дека е валиден, истиот се обработува и вообичаено се смачкува (за садовите за еднократна употреба) за да се намали неговата големина, да се избегне течење на течности и да се зголеми складишниот капацитет. Садовите за повеќекратна употреба се собираат и рачно сортираат за да му се вратат на претпријатието кое ги користи за полнење на пијалаци.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првиот патент за „Машина за враќање и ракување со шишиња“ е поднесен во Соединетите Држави во 1920 година.[3] Првата машина за враќање шишиња била измислена и произведена од Викандерс од Шведска и се користела во доцните 1950-ти години.[3] Во 1962 година, Аге Твајтан дизајнирал напредна автоматска машина за враќање шишиња која ја произведувала неговото претпријатие Артур Твајтан АС.[3]

  1. „Bottle Bill Resource Guide“. bottlebill.com. Архивирано од изворникот на 2009-01-07.
  2. Description of use of a reverse vending machine from reVend, UK
  3. 3,0 3,1 3,2 „About Reverse Vending Machines“. Reverse Vending. Посетено на 2014-09-12. The first patent for a “Empty Container Return and Handling Machine” with a coin return mechanism was filed in America on 13th September 1920 by Elmer M Jones and Sue Walker Vance. [...] The First working Bottle Return Machine was invented and manufactured by "Wicanders" from Sweden used in the late 1950s. [...] In 1962 an advanced Automatic Bottle Return Machine was designed by Aage Tveitan and manufactured in Norway by his company Arthur Tveitan ASA.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]