Орев
Орев | |
---|---|
Обичен орев (Juglans regia) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Розиди |
Ред: | Буковидни |
Семејство: | Ореви |
Род: | Орев L. |
Видови | |
во текстот. |
Орев (науч. Juglans) — род на дрва од семејството ореви (Juglandaceae) чиј плод се користи во секојдневната исхрана. Ова се листопадни дрва со висина од 10 до 40 м и листови долги по 2–9 см, со по 5–25 ливчиња на секоја дршка. Плодот има јатка која ја дели внатрешноста на два дела.
Родот опфаќа 21 вид, распространет од умереноконтиненталните Стариот Свет од Балканот на запад до Јапонија на исток. Во Америка, видовите се застапени од југоисточна Канада до Калифорнија и на југ до Аргентина.
Во Македонија оревот традиционално се употребува во копаничарството, за покуќнина и иконстаси и за изработката на народни инструменти како шупелка, зурла итн. Содржината на оревот наоѓа најразлична примена во народната кујна. Јатката се става да одлежи во ракија, со која таа добива боја и вкус. Од неа се добива и материјал за боење.
На празникот Духовден, гробовите се прекривале со оревови листови
Таксономија
[уреди | уреди извор]Родот се дели на четири оддели:[1]
- Juglans sect. Cardiocaryon — многу големи листови (40–90 см), со 11–19 ливчиња. Дрвото е меко. Плодовите имаат дебели лушпи. ПОтекло од североисточна Азија.
- J. ailantifolia Carr. (J. cordiformis Maxim., J. sieboldiana Maxim.)—Japanese walnut
- J. ailantifolia var. cordiformis — јапонски орев
- J. mandshurica Maxim. (J. cathayensis Dode, J. formosana Hayata, J. hopeiensis Dode, J. stenocarpa Maxim.) — манџурски орев, кинески орев
- J. ailantifolia Carr. (J. cordiformis Maxim., J. sieboldiana Maxim.)—Japanese walnut
- Juglans sect. Juglans — големи листови (20–45 см), со 5–9 широки ливчиња, Црвсто дрво. Потекло од Балканот до Средна Азија.
- J. regia L. (J. duclouxiana Dode, J. fallax Dode, J. orientis Dode) - обичен орев, персиски орев
- Juglans sect. Rhysocaryon — црни ореви. Големи листови (20–50 см), со 11–23 тенки ливчиња. Кај некои видови дрвото е многу цврсто. Потекло од С. и Ј. Америка.
- J. australis Griseb. (J. brasiliensis Dode) — аргентински орев
- J. boliviana (C. DC.) Dode — боливиски орев, перуански орев
- J. californica S.Wats. — калифорниски црн орев
- J. hindsii (Jepson) R.E.Smith — Хајндсов црн орев
- J. hirsuta Manning — новолеонски орев
- J. jamaicensis C.DC. (J. insularis Griseb.) — јамајски орев
- J. major (Torrey) Heller (J. arizonica Dode, J. elaeopyron Dode, J. torreyi Dode) — аризонски црн орев
- J. major var. glabrata Manning
- J. microcarpa Berlandier (J. rupestris Engelm.) — тексашки црн орев
- J. microcarpa var. microcarpa
- J. microcarpa var. stewartii (Johnston) Manning
- J. mollis Engelm. — мексикански орев
- J. neotropica Diels — неотропски орев
- J. nigra L. — црн орев
- J. olanchana Standl. & L.O.Williams — ногал
- J. olanchana var. olanchana
- J. olanchana var. standleyi
- J. peruviana Dode — перуански орев
- J. soratensis Manning
- J. steyermarkii Manning — гватемалски орев
- J. venezuelensis Manning — венецуелски орев
- Juglans sect. Trachycaryon. Многу големи листови (40–90 см) со 11–19 широки ливчиња. Дрвото е меко. Плодовите во групи од по две до три, со дебела груба кора и остри сртови. Потекло од источна С. Америка.
- J. cinerea L. — сив орев, бел орев
Најпознат вид од родот е обичниот орев (J. regia), со автохтон ареал на Балканот, Југозападна и Средна Азија до Хималаите и југозападна Кина.
Одгледување и употреба
[уреди | уреди извор]Двата вида од најголемо стопанско значење се обичниот орев (J. regia) за дрвен материјал и плодовите, и црниот орев J. nigra за дрвена граѓа. Обата вида се нашироко застапени и имаат разни сорти.
Дрвото е светлољубиво и треба да се штити од ветер, но затоа се мошне отпорни на суша.
Меѓу оревовите насади се садат растенија што го врзуваат азотот како дафината (Elaeagnus × ebbingei или Elaeagnus umbellata) и разни видови евла, со што се добива до 30% повисоко и подебело стебло.[2]
Цветање
[уреди | уреди извор]Цветовите излегуваат на пролет. Машките се валчести реси што настануваат од лански безлисни изданоци. Долги се околу 10 см и имаат голе број цветчиња. Женнските се јавуваат во снопови, во екот на разлистувањето.[3]
Производство
[уреди | уреди извор]Орев (во тони) производство – 2014 | |
---|---|
Земја | (тони) |
Во 2014 година, глобалното производство на ореви (во тони) изнесувало 3,5 милиони тони, предводени од Кина со 46% од вкупниот број на светот (табела). Други главни производители биле САД и Иран (табела).
Дрво
[уреди | уреди извор]Оревовото дрво е темно, густо и многу мазно со обработка. Бојата се движи од драп во понадворешните до темнокафеава во внатрешните делови. Кога се суши во печка, дрвото добива матна кафеава, а на воздух богата виолетово-кафеава боја. Ужива голема популарност во резбарството поради бојата и цврстиот состав. Особена примена наоѓа во изработката на мебел, украсни предмети, кундаци за пушки и музички инструменти.
Хранллива вредност
[уреди | уреди извор]Во 100 гр ореви има:[5]
- калории: 654
- масти: 65 гр
- јаглехидрати: 14 гр
- влакна: 6,7 гр
- белковини: 15 гр
Корисни својства
[уреди | уреди извор]Уште од минатото, оревот се смета за идеална храна за мозокот. Оревите се богат извор на омега-3 масни киселини, кои се одговорни за правилно функционирање на мозочните клетки и невротрансмитерите одговорни за промена на расположението, поради што тие се корисни при лекувањето на депресијата.[6]
Оревот како мотив во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Под орев“ - краток расказ на македонскиот писател Димитар Солев.[7]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Дрво од орев во село Раштак
-
Плодови од Орев
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Aradhya, M. K., D. Potter, F. Gao, C. J. Simon: "Molecular phylogeny of Juglans (Juglandaceae): a biogeographic perspective",Tree Genetics & Genomes(2007)3:363–378
- ↑ Hemery, G.E. (2001) "Growing walnut in mixed stands", Quart. J. Forestry, 95, стр. 31–36
- ↑ Овошни и оревни дрва Архивирано на 30 април 2009 г. (англиски)
- ↑ „Crops/Regions/World list/Production Quantity (pick lists), Walnuts (in shell), 2014“. UN Food and Agriculture Organization, Corporate Statistical Database (FAOSTAT). 2016. Архивирано од изворникот на 2016-11-22. Посетено на 24 May 2017.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-03-03. Посетено на 2013-09-30.
- ↑ „Рузмаринот ги јакне мозочните функции“, Здравје, понеделник, 15 декември 2014, стр. 24-25.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 36-37.
- Brinkman, K.A. (1974) "Juglans L. - Walnut", in: Schopmeyer, C.S. (ed.), Seeds of woody plants in the United States, Agriculture Handbook 450, Washington, D.C.: U.S. Department of Agriculture, Forest Service, p. 454–459, (rev. ed.: 1992), ISBN 0-931146-21-6
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Орев“ на Ризницата ? |
„Орев (Juglans)“ на Викивидовите ? |
Одгледување
[уреди | уреди извор]- Начин на одгледување на ореви Архивирано на 14 март 2016 г. — Федерација на фармерите на Македонија
- Орев - технологија на одгледување Архивирано на 17 септември 2012 г. — портал „Земјоделство“
- За одгледувањето на оревот и неговите одлики — Агрокласик Архивирано на 7 септември 2013 г.
Здравствени и кулинарски особини
[уреди | уреди извор]- Неговото величество оревот Архивирано на 4 март 2016 г. — Утрински Весник, 1 декември 2006
- Орев - крал на есенските плодови Архивирано на 24 септември 2013 г. портал „Доктори“
- Оревот како храна и лек Архивирано на 19 октомври 2013 г. — портал „Кулинар“
- Видови ореви (Juglans) ширум светот (англиски)
|