Метју Хејман
Хејман на Тур де л’Еурометропол 2014 | |||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Метју Хејман | ||||||||||||||
Прекар | Мет Мети | ||||||||||||||
Роден | 20 април 1978 Кампердаун, Нов Јужен Велс, Австралија | ||||||||||||||
Висина | 1,90 м | ||||||||||||||
Маса | 78 кг | ||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||
Мом. клуб | Тим Џејко-АИУла | ||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедист | ||||||||||||||
Улога | Спортски директор Возач (порано) | ||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за класици | ||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||
2000–2009 2010–2013 2014–2018 | Рабобанк Тим Скај Орика-ГринЕЏ | ||||||||||||||
Менаџер на клубови | |||||||||||||||
2019– | Мичелтон-Скот | ||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
|
Метју Хејман (англиски: Mathew Hayman; р. 20 април 1978) — поранешен австралиски професионален друмски велосипедист, кој настапувал професионално помеѓу 2000 и 2019 година. Во текот на кариерата, Хејман бил искусен и почитуван помошник, бидејќи вообичано ја имал улогата да поддржува некого во рамки на екипата. Хејман бил исто така специјалист за калдрмисаните класици и го освоил Париз-Рубе во 2016 година. По неговото пензионирање од трките по Тур Даун Андер 2019,[1] Хејман останал со екипата Мичелтон-Скот како повремен спортски директор за „специјални проекти“.[2][3]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Хејман е роден во западниот дел на Сиднеј, но семејството живееле близу Гулбурн во сојузната држава Нов Јужен Велс, кога се заинтересирал за велосипедизам, главно поради неговиот постар брат.[4] Започнал со трки во Канбера и следејќи го неговиот брат, се преселил во Европа за да продолжи со можната велосипедска кариера во 1997 година. Се тркал како аматер со екипата под 23 години на Рабобанк во Холандија.[5] Во 2006 година се оженил со Ким Ширли, австралиска велосипедистка. Двојката добила син во 2011 година и близнаци во 2017 година.
Кариера
[уреди | уреди извор]Хејман станал професионалец во 2000 година со Рабобанк, по три години возејќи како аматер во Европа. Ја завршил својата прва Париз-Рубе истата година. Останал со Рабобанк десет години, постигнувајќи бројни добри резултати. Сепак при едно интервју одбил да коментира за неговото време во Рабобанк и Герт Лејндерс.[6] Возел за Австралија на Игрите на Комонвелтот 2006 во Мелбурн како помошник во корист на Алан Дејвис, но на крајот Хејман го освоил златниот медал на друмската трка.
На крајот на 2009 година, Хејман го напуштил Рабобанк и се приклучил на новата професионална екипа, тогаш позната како Тим Скај. Хејман го напуштил Тим Скај на крајот на сезоната 2013,[7] и му се приклучил на Орика-ГринЕЏ за сезоната 2014.[8]
На 10 април 2016 година ја освоил Париз-Рубе, осма професионална победа во неговата кариера. Бил дел од бегството на 16 возачи кои се одвоиле од главната група на почетокот на трката, на кои подоцна им се приклучила група, која се создала откако главната група се распаднала по пад на 115. километар од целта. Во завршните километри, Хејман успеал да ја намали разликата со возачите напред напаѓајќи од водечката група и во завршниот спринт на велодромот во Рубе, ги поразил Том Бонен, Ијан Станард, Сеп Ванмарке и Едвалд Боасон Хаген. Неговата прва реакција била неверување: „Не можам да поверувам [...] Ова е моја омилена трка, трка за која сонувам секоја година. Оваа година не се ни осмелив да сонувам“.[9]
На 18 септември 2018 година, Хејман објавил дека планира да се повлече по Тур Даун Андер 2019.[1][10]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 1996
- 2. Светско јуниорско хронометарско првенство
- 2. Национално јуниорско хронометарско првенство
- 1999
- 2. Краен пласман Трка Олимпија
- 1. Етапа 3b (ТТТ)
- 3. Омлоп дер Кемпен
- 2000
- 5. Краен пласман Шпаркасен Џиро Бохум
- 6. Краен пласман Гулденспорентведагсе
- 2001
- 1. Трофео Манакор-Кан Пикафорт
- 1. Краен пласман Челинџ Мајорка
- 1. Етапа 2
- 1. Спринтерски пласман
- 6. Краен пласман Сиркут Франко-Белж
- 7. Милано-Торино
- 2002
- 6. Хенк Вос Меморијал
- 9. Краен пласман Стер Електротур
- 10. Краен пласман Сиркут Франко Белж
- 2003
- 10. Гент-Вевелгем
- 2004
- 4. Тур де Рејке
- 10. Краен пласман Трка околу Саксонија
- 10. Шал Селс-Мерксем
- 2005
- 1. Краен пласман Трка околу Саксонија
- 8. Краен пласман Три дена Де Пане
- 8. Краен пласман Сиркут Франко-Белж
- 8. Дварс дор Вландерен
- 10. Трофео Калвија
- 2006
- 1. Друмска трка Комонвелтски игри
- 2. Норд Недерланд Тур
- 3. Краен пласман Одсет
- 2007
- 4. Дварс дор Вландерен
- 5. Тур де Рејке
- 7. Профронде ван Фрисланд
- 9. Краен пласман Трка околу Катар
- 2008
- 10. Ронде ван хет Груне Харт
- 2009
- 4. Гент-Вевелгем
- 7. Трофео Инка
- 8. Дварс дор Вландерен
- 8. Меморијал Рик ван Стенберген
- 10. Тур де Рејке
- 2010
- 5. Дварс дор Вландерен
- 2011
- 1. Париз-Бурж
- 3. Омлоп хет Ниувсблад
- 4. Дварс дор Вландерен
- 6. Краен пласман Сиркут Франко-Белж
- 10. Париз-Рубе
- 2012
- 8. Париз-Рубе
- 2013
- 3. Дварс дор Вландерен
- 2016
- 1. Париз-Рубе
Распоред на резултатите на големи трки
[уреди | уреди извор]Распоред на резултатите на големи трки | |||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Голема трка | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
Џиро | 91 | — | — | — | 136 | — | СО | — | 105 | — | — | — | — | — | — | — | — |
Тур | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | СО | — | 135 | 151 | 108 |
Вуелта | — | 137 | — | СО | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 130 | — | — | — |
Распоред на резултатите на класиците
[уреди | уреди извор]Монумент | 2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | — | — | — | 155 | — | 122 | 86 | — | 93 | 129 | — | СО | — | СО | 62 | — | 137 | — |
Трка околу Фландрија | — | — | 70 | 82 | — | 47 | 90 | 68 | — | 60 | 13 | 21 | 79 | СО | 51 | 39 | — | 91 | 83 |
Париз-Рубе | 65 | 49 | СО | 26 | — | 78 | 23 | — | 113 | 21 | 24 | 10 | 8 | 52 | 51 | 76 | 1 | 11 | 22 |
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 141 | — | — |
Џиро ди Ломбардија | не настапил во кариерата |
СО = се откажал; — не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Hayman to retire after Tour Down Under in January“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 18 септември 2018. Посетено на 3 јануари 2019.
- ↑ „Mitchelton-Scott confirm Sport Director team for 2019“. Мичелтон-Скот. GreenEDGE Cycling. 21 декември 2018. Архивирано од изворникот на 2019-02-17. Посетено на 20 јануари 2019.
- ↑ „Hayman to remain at Mitchelton-Scott post road racing career“. Мичелтон-Скот. GreenEDGE Cycling. 21 декември 2018. Архивирано од изворникот на 2019-09-15. Посетено на 20 јануари 2019.
- ↑ Мекдоналс, Синди. „The long road: Mathew Hayman, 39, cyclist“. The Saturday Paper. Schwartz Media. Посетено на 18 мај 2018.
- ↑ „Mathew Hayman: The Aussie Hardman“. Peloton Magazine. Move Press. Архивирано од изворникот на 2019-04-14. Посетено на 18 мај 2018.
- ↑ ((http://www.cyclingnews.com/news/hayman-refuses-to-discuss-geert-leinders/))
- ↑ „Скај Просајклинг (SKY) – ВБР“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2013-12-30. Посетено на 14 јануари 2013.
- ↑ „Хејман се префрла во Орика за 2014–15; Плаза и Ластрас продолжија со Мувистар“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 21 август 2013. Архивирано од изворникот на 2016-05-09. Посетено на 21 август 2013.
- ↑ „Hayman wins Paris-Roubaix“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 10 април 2016. Посетено на 10 април 2016.
- ↑ Hayman, Mathew. „Mathew Hayman: The time has come...“. GreenEDGE Cycling. Архивирано од изворникот на 2018-09-18. Посетено на 18 септември 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Метју Хејман“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Метју Хејман“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Метју Хејман“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Метју Хејман“. ProCycling.
- Профил на Australia Cycling Архивирано на 19 март 2013 г.