Менингитис
Менингитис | |
---|---|
Менингите на централниот нервен систам: dura mater, arachnoidea и pia mater. | |
Специјалност | Инфектологија, неврологија |
Симптоми | Треска, главоболка, вкочанетост на вратот[1] |
Компликации | Глувост, епилепсија, хидроцефалус, когнитивен дефицит[2][3] |
Причинители | Вирусни, бактериски, други[4] |
Дијагностички метод | Лумбална пункција[1] |
Диференцијална дијагноза | Тумор на мозок, лупус, Лајмска болест, напади, невролептичен злоќуден синдром,[5] неглеријаза[6] |
Спречување | Вакцинација[2] |
Лекови | Антибиотици, антивиротици, стероиди[1][7][8] |
Честота | 8.7 милиони (2015)[9] |
Смртни случаи | 379,000 (2015)[10] |
Менингитисот претставува воспаление на мозочните обвивки. Спрема етиологијата постојаат различни видови на менингитиси и тоа :
- Епидемичен;
- Гноен;
- Туберкулозен;
- Серозен и др.
Во 2015 години околу 8.7 милиони луѓе во светот развиле менингитис.[9] Ова резултирало со 379,000 смртни случаи – што претставува намалување од 464,000 смртни случаи во 1990 година.[10][11] Со соодветен третман ризикот од смрт кај бактериски менингитис е помал од 15%.[1] Секоја година во периодот помеѓу декември и јуни во регионот на Потсахарска Африка, познат како менингеален појас, се случуваат епидемии на бактериски менингитис.[12] Помали епидемии се појавуваат и во други краеви во светот.[12] Зборот менингитис доаѓа од старогрчкиот збор μῆνιγξ менинкс, „мембрана“ и медицинската наставка -итис, кој означува „воспаление“.[13][14]
Заеднички симптоми
[уреди | уреди извор]Постојаат заеднички симптоми за сите видови на менингитиси, но секоја група на менингитис се одликува со посебни симптоми. Заедничката клиничка слика е позната како менингеален синдром. Симптомите под кој тој се јавува се следните:
- Главоболие
Главоболието претставува редовен симпптом кој го придружува менингеланиот синдром. Главоболието е мошне интензивно и секое напрегање или движење на главата предизвикува засилување на болката. Главоболието е дифузно, но најмногу е сместено на челото и пределот на вратот.
- Повраќање
Се јавува доста често и независно од внесената храна. Натанува ненадејно и без некој повод. По повраќањето не постои олеснување.
- Закоченост на вратот
Се јавува како еден од првите симптоми на менингитисот. Се добива со гфлексија на вратот спрема напред при тоа главата не може да се свитка нанапред.
- Знакот на Керниг
Ако болен кој лежи на грб му се подигнаат нозете и му се стваат под прав агол се јавуваат болки и ограничување во изведувањето на оваа флексија. Знакот на Керниг може да се изведе и на друг начин т.е ако болниот се подигне од лежечка положба во седечка не ќе може да седне под прав агол од деведесет степени со испружени нозе, и ќе настане флексија во колената.
- Феномен на Бруџински
Се разликуваат две проби горен и долен бруџински:
- Долен Бруџински
Долниот Бруџински се добива со пасивно свиткување на едната нога во колкот и коленото, при тоа доаѓа во флексија на спротивната нога.
- Горен Бруџински
Се добива кога болниот лежи на грбот и пасивно му се флексира главата кон напред, во случај на позитивен симптом доаѓа до флексија на нозете.
- Фотофобија
Сите заболени од оваа болест покажуваат зголемена осетливост спрема светлина, светлосни дразби.
- Ликворски наод
Ликворскиот наод е е скоро секогаш изменет.
Терапија
[уреди | уреди извор]Емпириска терапија (без да биде познат причинителот) треба да се започне веднаш, дури и пред да бидат познати резултатите од лумбалната пункција и анализата на ЦСТ. Изборот на иницијален третман зависи во голема мера од видот на бактериите кои се причинители на менингитис во одредено место и кај одредено население. На пример, во Велика Британија, емпириската терапија се состои од трета генерација на цефалоспорин како што се цефотаксим или цефтриаксон.[15][16] Во САД, каде што резистенцијата на стрептококи кон цефалоспорини е поголема, се препорачува и ванкомицин во иницијалната терапија.[3][8][15]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеCDC2014B
. - ↑ 2,0 2,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеLancet
. - ↑ 3,0 3,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеNEJM
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеGinsberg
. - ↑ Ferri, Fred F. (2010). Ferri's differential diagnosis : a practical guide to the differential diagnosis of symptoms, signs, and clinical disorders (2. изд.). Philadelphia, PA: Elsevier/Mosby. стр. Chapter M. ISBN 0323076998.
- ↑ „Primary amebic meningoencephalitis--Arizona, Florida, and Texas, 2007“. MMWR. Morbidity and Mortality Weekly Report. 57 (21): 573–7. May 2008. PMID 18509301.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеCDC2016Vir
. - ↑ 8,0 8,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеIDSA
. - ↑ 9,0 9,1 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 10,0 10,1 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 12,0 12,1 „Meningococcal meningitis Fact sheet N°141“. WHO. November 2015. Архивирано од изворникот на 5 March 2016. Посетено на 5 March 2016.
- ↑ Mosby's pocket dictionary of medicine, nursing & health professions (6. изд.). St. Louis: Mosby/Elsevier. 2010. стр. traumatic meningitis. ISBN 978-0323066044. Архивирано од изворникот на 10 September 2017.
- ↑ Liddell HG, Scott R (1940). A Greek-English Lexicon. μῆνιγξ. Oxford: Clarendon Press. Архивирано од изворникот на 8 ноември 2013.
- ↑ 15,0 15,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеEFNS
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеBIS
.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Класификација | |
---|---|
Надворешни извори |
Менингитис - Фемина
Вирусно менингитиси
|
|