Марди Фиш
Марди Фиш | |
---|---|
Име | Марди Симпсон Фиш |
Земја | САД |
Место на живеење | Лос Анџелес, Калифорнија |
Роден на | 9 декември 1981 |
Роден во | Идајна, Минесота |
Спорт | Тенис |
Висина | м | 1,88
Професионалец | 2000 |
Пензинониран(а) | 2015 |
Игра со | • десна рака • дворачен бекхенд |
Заработка | $7,460,641 |
Поединечно | |
Победи-порази | 302–219 (58%) |
Титули | 6 |
Највисок пласман | Бр. 7 (15 август 2011) |
Резултати на Гренд Слемови | |
Австралијан Опен | ЧФ (2007) |
Ролан Гарос | 3К (2011) |
Вимблдон | ЧФ (2011) |
УС Опен | ЧФ (2008) |
Други турнири | |
Мастерс куп | ГФ (2011) |
Олимписки игри | Сребрен медал (2004) |
Во двојки | |
Победи-порази | 136–105 (56%) |
Титули | 8 |
Највисок пласман | Бр. 14 (6 јули 2009) |
Резултати на Гренд Слемови | |
Австралијан Опен | ЧФ (2005, 2009) |
Ролан Гарос | 2К (2002) |
Вимблдон | ПФ (2009) |
УС Опен | 3К (2001, 2010) |
Марди Симпсон Фиш (роден на 9 декември 1981 г.) е поранешен американски тенисер. Негово највисоко место на АТП листата било 7. место кое го достигнал во август 2011 година. Во двојки тој највиско се искачил на 14. место во јули 2009 година.
Во својата кариера, Фиш освоил шест АТП титули, а исто така четири пати бил финалист на АТП Мастерс турнирите. На Гренд слем турнирите, Фиш стигнал до четвртфиналната фаза на Отвореното првенство на Австралија 2007, Отвореното првенство на САД 2008 и на Вимблдон 2011. На Летните олимписки игри 2004, тој го освоил сребрениот медал откако во финалето загубил од Николас Масу. Во двојки, Фиш освоил осум АТП титули, од кои една Мастерс титула на Мастерсот во Индијан Велс во 2009 година, заедно со Енди Родик.
Во 2011 година, Фиш го престигнал сонародникот Енди Родик и станал американски бр. 1 на АТП листата, достигнувајќи го 7. место.[1] На крајот на сезоната тој играл на завршниот Мастерс во годината.
Тој се повлекол од тенисот на 33-годишна возраст по Отвореното првенство на САД 2015.[2][3]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Фиш се оженил со Стејси Гарднер, адвокатка од Калифорнија и модел од телевизиското шоу Се или ништо, во септември 2008 во Беверли Хилс. Тие направиле традиционална еврејска свадба бидејќи Гарднер е еврејка.[4][5] Кум на свадбата бил тенисерот Џејмс Блејк кој е негов добар пријател.[5] Тој исто така е добар пријател со Енди Родик и со Боб и Мајк Брајан.
Тој имал група на навивачи кои се нарекувале „The Fishheads“ кои патувале на турнирите заедно со него и навивале за него за време на натпреварите.[6] Тој е навивач на Минесота Викингс. Тој исто така е навивач на англискиот фудбалски клуб Евертон.
Стил на игра
[уреди | уреди извор]Фиш бил специјалист за тврда подлога. Тој имал сличен стил на игра како неговиот сонародник Енди Родик. Негов најсилен удар бил севисот, кој често достигнувал брзина од преку 200 км/ч. Откако во 2010 година ослабел 15 килограми, тој почнал почесто да истрчува на мрежа и да игра подолги бодови, што му донело напредок во играта и пласман во најдобрите 10 играчи на АТП листата. Тој добро играл бекхенд и волеј-удари (кои му донеле предност во двојки). Негов послаб удар бил форхендот.
Големи финалиња
[уреди | уреди извор]Олимписки игри
[уреди | уреди извор]Поединечно: 1 (1 сребрен медал)
[уреди | уреди извор]Исход | Година | Турнир | Подлога | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|
Сребрен | 2004 | Летни олимписки игри 2004, Атина, Грција | Тврда | Николас Масу | 3–6, 6–3, 6–2, 3–6, 4–6 |
Мастерс финалиња
[уреди | уреди извор]Поединечно: 4 (0–4)
[уреди | уреди извор]Исход | Година | Мастерс | Подлога | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|
Финалист | 2003 | Синсинати Мастерс | Тврда | Енди Родик | 6–4, 6–7(3–7), 6–7(4–7) |
Финалист | 2008 | Индијан Велс Мастерс | Тврда | Новак Ѓоковиќ | 2–6, 7–5, 3–6 |
Финалист | 2010 | Синсинати Мастерс (2) | Тврда | Роџер Федерер | 7–6(7–5), 6–7(1–7), 4–6 |
Финалист | 2011 | Монтреал Мастерс | Тврда | Новак Ѓоковиќ | 2–6, 6–3, 4–6 |
Во двојки: 2 (1–1)
[уреди | уреди извор]Исход | Година | Мастерс | Подлога | Партнер | Противници | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
Победник | 2009 | Индијан Велс Мастерс | Тврда | Енди Родик | Макс Мирњи Енди Рам |
3–6, 6–1, [14–12] |
Финалист | 2011 | Рим Мастерс | Земја | Енди Родик | Џон Изнер Сем Квери |
Без игра |
АТП финалиња во кариерата
[уреди | уреди извор]Поединечно: 20 (6–14)
[уреди | уреди извор]
|
|
Исход | Бр. | Датум | Турнир | Подлога | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
Финалист | 1. | 10 март 2003 | Делреј Бич, САД | Тврда | Јан-Мајкл Гембил | 0–6, 6–7(5–7) |
Финалист | 2. | 23 јуни 2003 | Нотингем, Обединето Кралство | Трева | Грег Руседски | 3–6, 2–6 |
Финалист | 3. | 18 август 2003 | Синсинати, САД | Тврда | Енди Родик | 6–4, 6–7(3–7), 6–7(4–7) |
Победник | 1. | 20 октомври 2003 | Стокхолм, Шведска | Тврда | Робин Седерлинг | 7–5, 3–6, 7–6(7–4) |
Финалист | 4. | 16 февруари 2004 | Сан Хосе, САД | Тврда | Енди Родик | 6–7(13–15), 4–6 |
Финалист | 5. | 14 јуни 2004 | Хале, Германија | Трева | Роџер Федерер | 0–6, 3–6 |
Финалист | 6. | 22 август 2004 | Летни олимписки игри 2004, Атина, Грција | Тврда | Николас Масу | 3–6, 6–3, 6–2, 3–6, 4–6 |
Победник | 2. | 10 април 2006 | Хјустон, САД | Земја | Јирген Мелцер | 3–6, 6–4, 6–3 |
Финалист | 7. | 27 август 2007 | Њу Хејвен, САД | Тврда | Џејмс Блејк | 5–7, 4–6 |
Финалист | 8. | 23 март 2008 | Индијан Велс, САД | Тврда | Новак Ѓоковиќ | 2–6, 7–5, 3–6 |
Финалист | 9. | 23 август 2008 | Њу Хејвен, САД (2) | Тврда | Марин Чилиќ | 4–6, 6–4, 2–6 |
Финалист | 10. | 15 февруари 2009 | Сан Хосе, САД (2) | Тврда | Радек Штепанек | 6–3, 4–6, 2–6 |
Победник | 3. | 1 март 2009 | Делреј Бич, САД | Тврда | Евгениј Корољов | 7–5, 6–3 |
Финалист | 11. | 13 јуни 2010 | Лондон (Квинс), Обединето Кралство | Трева | Сем Квери | 6–7(3–7), 5–7 |
Победник | 4. | 11 јули 2010 | Њупорт, САД | Трева | Оливие Рохус | 5–7, 6–3, 6–4 |
Победник | 5. | 25 јули 2010 | Атланта, САД | Тврда | Џон Изнер | 4–6, 6–4, 7–6(7–4) |
Финалист | 12. | 22 август 2010 | Синсинати, САД (2) | Тврда | Роџер Федерер | 7–6(7–5), 6–7(1–7), 4–6 |
Победник | 6. | 24 јули 2011 | Атланта, САД (2) | Тврда | Џон Изнер | 3–6, 7–6(8–6), 6–2 |
Финалист | 13. | 31 јули 2011 | Лос Анџелес, САД | Тврда | Ернест Гулбис | 7–5, 4–6, 4–6 |
Финалист | 14. | 14 август 2011 | Монтреал, Канада | Тврда | Новак Ѓоковиќ | 2–6, 6–3, 4–6 |
Во двојки: 11 (8–3)
[уреди | уреди извор]
|
|
Исход | Бр. | Датум | Турнир | Подлога | Партнер | Противници | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Победник | 1. | 29 април 2002 | Хјустон, САД | Земја | Енди Родик | Невил Годвин Јан-Мајкл Гембил |
6–4, 6–4 |
Победник | 2. | 16 февруари 2004 | Сан Хосе, САД | Тврда | Џејмс Блејк | Рик Лич Брајан Макфи |
6–2, 7–5 |
Победник | 3. | 19 април 2004 | Хјустон, САД | Земја | Џејмс Блејк | Рик Лич Брајан Макфи |
6–3, 6–4 |
Финалист | 1. | 27 февруари 2006 | Мемфис, САД | Тврда | Џејмс Блејк | Крис Хагард Иво Карловиќ |
6–0, 5–7, [5–10] |
Победник | 4. | 7 јули 2008 | Њупорт, САД | Трева | Џон Изнер | Рохан Бопана Ајсам-ул-Хак Куреши |
6–4, 7–6 |
Победник | 5. | 13 февруари 2009 | Мемфис, САД | Тврда | Марк Ноулс | Тревис Перот Филип Полашек |
7–6(9–7), 6–1 |
Победник | 6. | 9 март 2009 | Индијан Велс, САД | Тврда | Енди Родик | Макс Мирњи Енди Рам |
3–6, 6–1, [14–12] |
Победник | 7. | 14 февруари 2010 | Сан Хосе, САД | Тврда | Сем Квери | Бенјамин Бекер Леонардо Мајер |
7–6(7–3), 7–5 |
Победник | 8. | 8 август 2010 | Вашингтон, САД | Тврда | Марк Ноулс | Томаш Бердих Радек Штепанек |
4–6, 7–6(9–7), [10–7] |
Финалист | 2. | 15 мај 2011 | Рим, Италија | Земја | Енди Родик | Џон Изнер Сем Квери |
Без игра |
Финалист | 3. | 4 август 2013 | Вашингтон, САД | Тврда | Радек Штепанек | Жулијен Бенето Ненад Зимоњиќ |
6–7(5–7), 5–7 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ ATP. „Tennis Players – Mardy Fish“. Посетено на June 13, 2012.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-07-26. Посетено на 2015-09-21.
- ↑ Лопес со пораз го испрати Марди Фиш во пензија Sportmedia.mk. 2 септември 2015
- ↑ „Sandra Harwitt: Plenty to remember off the court in 2008“. ESPN. December 12, 2008. Посетено на August 8, 2011.
- ↑ 5,0 5,1 Cedenheim, Pernilla (September 29, 2008). „Tennis Ace Mardy Fish Gets Hitched – Weddings“. People. Посетено на August 8, 2011.
- ↑ Fish's Fans Add Flavor To First-Round Victory – NYTimes, August 26, 2003
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Марди Фиш“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место
- Марди Фиш Профил на мрежното место на АТП (англиски)
- Марди Фиш на официјалното мрежно место на Меѓународната тениска федерација
- Марди Фиш на официјалното мрежно место на Дејвис купот