Прејди на содржината

Лукан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марко Анеј Лукан
Современа биста на Лукан во Кордоба
Изворно имеMarcus Annaeus Lucanus
Роден/а3 ноември 39(39-11-03)
Кордуба, Хиспанија Бетика
Починат/а30 април 65(65-04-30) (возр. 25)
Занимањепоет
Сопруг/аПола Аргентарија

Марко Анеј Лукан (латински: Marcus Annaeus Lucanus; 3 ноември 3930 април 65) — римски поет од Кордуба (денешна Кордоба) во Шпанија. Се вбројува меѓу од извонредните дејци на царскиот латински период, особено познат по неговиот еп „Фарсалија“.

За животот на Лукан накратко раскажуваат тројца автори — Светониј, Вака и еден анонимен. Бил син на Марко Анеј Мела и внук на Сенека Постариот. Бил воспитан од чичко му Сенека Помладиот. Како дете од богато семејство, изучувал реторика во Атина,[1] а филозофската наобразба ја добил кај чичко му, во духот на стоицизмот. Бил оженет за Пола Аргентарија, која му помогнала во пишувањето на „Фарсалија“.[2]

Почнал да се истакнува за време на царот Нерон. Станал негов близок пријател и добил квесторство пред да ја достигне потребната возраст. Во 60 г. освоил награда за импровизирање на „Орфеј“ и „Похвала за Нерон“ на фестивалот Неронија. Подоцна поради заслуги станал авгур. Во ова време ги издал првите три книги од неговиот еп „Фарсалија“ (во ракописите наречен „За граѓанската војна“), во кој се раскажува за граѓанската војна помеѓу Јулиј Цезар и Помпеј.

Подоцна се јавило непријателство помеѓу Нерон и Лукан. Двете познати раскажувања на настаните даваат тривијализирана слика. Според Такит, Нерон бил љубоморен на Лукановиот успех и му забранил да издава песни.[3] Светони вели дека Нерон прекинал , Nero рецитал на Лукан со тоа што го напуштил и свикал седница на сенатот, а Лукан му возвратил пишувајќи навредливи песни.[4]

Други дела изложуваат поозбилна причина за разидувањето. Од Вака и Стациј заклучуваме дека Лукан пишувал навредливи песни за Нерон. Вака го споменува делото „За палењето на градот“ (De Incendio Urbis).[5] во кое Лукан вели „неописливите огнови на злосторничкиот тиранин ги пустошеа Ремовите висови“.[6] Покрај ова, подоцнежните книги на „Фарсалија“ се против царството и за републиката. Оваа критика веројатно била вистинската причина за забраната за издавање.

Во 65 г. Лукан зел учество во заговорот на Гај Калпурниј Пизон против Нерон. Заговорот бил разобличен, и на Лукан му било допуштено да изврши самоубиство со сечење на вена. Надевајќи се на помилување, Лукан издал други заговорници, вклучувајќи ја сопствената мајка. Според Такит, Лукан искрварил до смрт, рецитирајќи поема за ранетиот војник[7] Според друго толкување на настаните, Лукан не умрел од самоубиство, туку бил убиен по наредба на Нерон.[8]

Татко му бил на списокот на осудени во проскрипцијата, но мајка му успеала да избега. Стациевата поема за Лукан е упатена кон неговата жена, Пола Аргентарија, по повод неговиот роденден за време на царот Домицијан (Silvae, ii.7, Genethliacon Lucani).

„Фарсалија“, 1740 г.

Според Вака и Стациј, Лукан ги напишал следниве дела:

Опстанати дела:

Припишани на Лукан, но и на други:

  • „Похвала за Пизон“ (Laus Pisonis), за член на семејството Пизони

Изгубени дела:

  • „Катахтонион“ (Catachthonion)
  • „Илијакон“ (Iliacon) од Тројанскиот циклкус
  • „Епиграми“ (Epigrammata)
  • „Обраќање до Пола“ (Adlocutio ad Pollam)
  • „Шуми“ (Silvae)
  • „Сатурналии“ (Saturnalia)
  • „Медеја“ (Medea)
  • „Салтички приказни“ (Salticae Fabulae)
  • „Похвала за Нерон“ (Laudes Neronis)
  • „Орфеј“ (Orpheus)
  • „Говор за и против Сагита“ (Prosa oratio in Octavium Sagittam)
  • „Писма од Кампанија“ (Epistulae ex Campania)
  • „За палењето на градот“ (De Incendio Urbis)
  1. Suetonius. The Life of Lucan.
  2. Hays, Mary (1807). „Polla Argentaria“. Female Biography, vol 3. Philadelphia: Printed for Byrch and Small. стр. 95. Посетено на 14 октомври 2017.
  3. Такит, Анали XV.49
  4. Suetonius. The Life of Lucan.
  5. Vacca, Life of Lucan
  6. Statius, Silvae II.vii
  7. Такит, Анали XV.70.1. Но досега никој не успеал да дознае од која поема Лукан рецитирал кога умирал. Вид. P. Asso, "A Commentary on Lucan 'De Bello Civili IV.'" Berlin: De Gruyter, 2010, p. 9n38.
  8. Tucker, Robert A. (April–June 1987). „Tacitus and the Death of Lucan“. Latomus. 46 (2): 330–337. JSTOR 41534524.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]