Прејди на содржината

Лужичка Ниса

Координати: 52°4′11″N 14°45′20″E / 52.06972° СГШ; 14.75556° ИГД / 52.06972; 14.75556
Од Википедија — слободната енциклопедија
52°4′11″N 14°45′20″E / 52.06972° СГШ; 14.75556° ИГД / 52.06972; 14.75556
Лужичка Ниса
Река
Ниса близу Скерберсдорф, во општината Краушвиц
Земји Чешка, Полска, Германија
Извор Јицерски Планини
 - место Нова Вес на Ниса, Либеречки крај, Чешка
 - височина 655 м
 - координати 50°43′47″N 15°13′44″E / 50.72972° СГШ; 15.22889° ИГД / 50.72972; 15.22889
Утока Одра
 - местоположба Најсеминде, Бранденбург, Германија
 - височина 32 м
 - координати 52°4′11″N 14°45′20″E / 52.06972° СГШ; 14.75556° ИГД / 52.06972; 14.75556
Должина 252 км
Слив 4.297 км2
Истек
 - просечен 30 м3
Реките Одра и Ниса
Реките Одра и Ниса
Реките Одра и Ниса

Лужичка Ниса (чешки: Lužická Nisa; германски: Lausitzer Neiße; полски: Nysa Łużycka; лужички: Łužiska Nysa) — 252 километри долга река во Средна Европа.[1][2] Нејзиниот извор е во Јицерските Планини близу Нова Вес на Ниса, Чешка, достигнувајќи на тромеѓето со Полска и Германија кај Цитау по поминати 54 километри и подоцна ја формира полско-германската граница во должина од 198 километри. Лужичка Ниса е лева притока на реката Одра, во која се влева помеѓу Најсеминде-Рацдорф и Косарзин, северно од градовите Губен и Губин.

Според Потсдамскиот договор од 1945, по Втората светска војна, реката станала дел од западната полска граница со Германија (Граница Одра-Ниса).

Бидејќи реката тече низ историскиот регион Лужица, придавката пред името на реката се користи за да се направи разлики од реки со слични називи во Полска, како што се Ниса Клодзка (Glatzer Neiße) и малата Ниса Шалона (Wütende Neiße или Jauersche Neiße) во Шлеска.

Кај Бад Мускау, Ниса тече низ Паркот Мускау, светско културно наследство на УНЕСКО. Ова се следните градови низ кои поминува реката од изворот до устието:

Десни:

Леви:

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]