Прејди на содржината

Луганска Област

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Луганска област)
Луганска Област
Луганська область
Знаме

Местоположба
Луганската област е означена со бледо-црвена боја
Информации
Админ. центар:Луганск
Официјални јазици:украински
Површина:26 684[1] km²
Население:2,102,921 (2022 проценка).[2] [3]
Број на реони:18
Регистерска ознака:ВВ
Областен управител:Јуриj Харбуз

Луганска Област (украински: Луганська область; исто така се нарекува и Луганшчина - украински: Луганщина) — област (покраина) во источниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Луганск. Областа е позната како Источна врата кон Европа.[4][5], украинска зора[6][7][8]

Географија

[уреди | уреди извор]

Луганската Област има вкупна површина од 26.684 км2. На запад се граничи со Харковската и Донечката Област, на север, на југ и на исток со Русија. Во областа има 109 села и 37 градови. Најдолга река во областа е Сиверски Донец, а други значајни реки се и Лугањ и Деркул.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според пописот на населението во 2001 година, најголемиот дел од населението во Харковската Област го сочинуваат Украинците (57,96 %), а остатокот го сочинуваат Руси (39,05%), Белоруси, Татари, Ерменци, Евреи и други.

  1. Статистичний збірник «Регіони України» 2016. Частина І/II / За редакцією І. М. Жук. Відповідальний за випуск М. Б. Тімоніна. — К.: Державна служба статистики України, 2016. (укр.)
  2. Чисельність наявного населення України на 1 січня 2022 [Број на сегашно население на Украина, од 1 јануари 2022 година] (PDF) (украински и англиски). Киев: Државна служба за статистика на Украина. Архивирано (PDF) од изворникот 4 јули 2022.
  3. „Валовии регіональнии продукт“.
  4. Oda, UA: LG, 2007, Архивирано од изворникот на 5 August 2008.
  5. Umoloda, Kyiv, UA.
  6. Oda, UA: LG, 1930, Архивирано од изворникот на 24 May 2011.
  7. „Territory“, 70 years, UA: LG, 14 March 2008 [1977], Архивирано од изворникот на 24 May 2011, Посетено на 17 September 2008.
  8. „70 years“, Calendar, UA: LG, 11 April 2008, Архивирано од изворникот на 24 May 2011, Посетено на 17 September 2008.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]