Лосон Кредок
Кредок на Гран при д’Изберг 2014 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Грегори Кредок | ||
Прекар | Лосон | ||
Роден | 20 февруари 1992[1] Хјустон, Тексас, САД | ||
Висина | 1,78 м | ||
Маса | 68 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Тим Џејко-АИУла | ||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Професионални клубови | |||
2011–2013 2014–2015 2016–2021 2022- | Хагенс Берман Аксеон Џајант-Шимано Канондејл-Драпак Тим БајкЕксчејнџ-Џејко | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 3 ноември 2022 |
Грегори „Лосон“ Кредок (англиски: Gregory "Lawson" Craddock; р. 20 февруари 1992) — американски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Џејко-АИУла.[2] Станал познат откако го завршил Тур де Франс 2018, иако бил сериозно повреден на воведната етапа. Исто така, познат е по собирање средства за санирање на оштетен велодром од ураган.[3][4]
Кариера
[уреди | уреди извор]Откако ги поминал сезоните 2014 и 2015 со Џајант-Шимано, се префрлил во соперничката екипа Канондејл за сезоните 2016 и 2017.[5][6]
Кредок настапил на Тур де Франс 2018. Паднал на првата етапа, при што се здобил со фрактура на плешката, но продолжил да вози.[7] Тој бил последен што ја поминал целта и имало многу фотографии од него со крв преку целиот лев образ. По падот објавил на друштвените мрежи дека ќе донира 100 долари по секоја завршена етапа за обнова на велодромот Алкек, каде Кредок започнал да вози велосипед, кој бил оштетен од ураганот Харви. Била поставена и страница на GoFundMe за луѓето да прават директни донации. Кредок ја завршил трката како последен возач, станувајќи прв возач во историјата на Тур, кој го одржал последното место по секоја етапа[3] и заработувајќи над 250.000 долари за обновата.[4][3] Тој е единствен Американец кој ја добил наградата последна ружа.
На 11 јуни 2020 година, американската велосипедска федерација објавила дека Кредок ќе биде дел од нивната екипа за Летните олимписки игри 2020 (одржани во периодот 23 јули-8 август 2021).[8] Во октомври 2020 година бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2020.[9] Тој бил исто така одбран да биде дел од екипата за Вуелта а Еспања 2021 каде на етапата 19 возел на чело на трката и ги контролирал последните километри од бегството од напади со цел неговиот колега Магнус Корт да ја освои етапата. Откако Корт нападнал, Кредок заостанал и го гледал неговиот колега како ја освојува етапата, а пет секунди подоцна ја поминал целта со кренати раце прославувајќи ја победата.
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2009
- 1. Етапа 1 (ITT) Меморијал Едгар Сото
- 1. Етапа 2b (ITT) Тур ди По де Во
- 2. Светско јуниорско хронометарско првенство
- 4. Краен пласман Трофео Карлсберг
- 2010
- Национални јуниорски друмски првенства
- 1. Краен пласман Трофео Карлсберг
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3 (ITT)
- 1. Етапа 1 Тур де Њу Браунфелс
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Тур Реџо
- 2. Краен пласман Трофе Сентр Морбијан
- 1. Етапа 2 (ITT)
- 3. Светско јуниорско хронометарско првенство
- 3. Краен пласман Тур ди По де Во
- 1. Пролог
- 1. Етапа 4 (ITT)
- 3. Париз-Рубе (јуниори)
- 2011
- 1. Етапа 2 (ITT) Триптих на планините и замоците
- 1. Етапа 10 Тур де ла Гваделуп
- 1. Етапа 2 Хотер’Н Хел Хандред
- 2. Национално хронометарско првенство под 23 години
- 4. Краен пласман Тур де Берлин
- 4. Краен пласман Тулса Таф
- 2012
- 2. Национално хронометарско првенство под 23 години
- 3. Панамериканско хронометарско првенство под 23 години
- 3. Краен пласман Класик Каскад
- 3. Класик Коперас Ков
- 5. Краен пласман Тур Џила
- 1. Етапа 5
- 2013
- 2. Краен пласман Триптих на планините и замоците
- 1. Етапа 2
- 7. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
- 8. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 2014
- 3. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 2016
- 5. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 6. Краен пласман Критериум Интернасионал
- 9. Краен пласман Трка околу Баскија
- 2018
- 1. Планински пласман Сетимана Интернационале Копи е Бартали
- 9. Амстел Голд Рејс
- 2019
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка Колумбија
- 6. Светско хронометарско првенство
- 7. Краен пласман Трка околу Јута
- 2020
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка Колумбија
- 2021
- Национални друмски првенства
- 2022
- 1. Национално хронометарско првенство
- Награда за борбеност на етапите 15 и 17 на Вуелта а Еспања
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | — | — | СО | — | 107 |
Тур | — | — | 124 | — | 145 | — | — | — | — |
Вуелта | СО | 42 | — | — | — | 58 | — | 69 | 55 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://www.procyclingstats.com/rider/Lawson_Craddock
- ↑ „G Lawson CRADDOCK“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2022-10-08. Посетено на February 5, 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Ingle, Sean (6 August 2018). „Last but not least: Craddock wears Tour's red lantern as badge of courage“. theguardian.com. Посетено на 6 August 2018.
- ↑ 4,0 4,1 Scott, Roxanna (July 29, 2018). „American cyclist Lawson Craddock is last in Tour de France, raises $192K for velodrome“. USA TODAY (англиски). Посетено на July 29, 2018.
- ↑ „Craddock joins Cannondale-Garmin in 2016“. cyclingnews.com. 17 September 2015. Посетено на 20 November 2015.
- ↑ „Meet Lawson Craddock, a rising star of American cycling and the first Texan to race the Tour de France since you-know-who“. Business Insider (англиски). Посетено на 2017-06-01.
- ↑ Ford, Bonnie D. (July 14, 2018). „Injured Lawson Craddock rides on for team, Houston, at Tour de France“. ESPN.
- ↑ Angelina Palermo (June 11, 2020). „Olympic Long Team Announced for Mountain Bike, Road & Track“. USA Cycling. Посетено на June 13, 2020.
- ↑ „103rd Giro d'Italia: Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на October 2, 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Лосон Кредок“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Лосон Кредок“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Лосон Кредок“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Лосон Кредок“. ProCycling.
|