Прејди на содржината

Кричим

Координати: 42°02′33″N 24°27′53″E / 42.042607° СГШ; 24.464589° ИГД / 42.042607; 24.464589
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кричим
Кричим
град
Зградата на општината во Кричим
Зградата на општината во Кричим
Кричим is located in Бугарија
Кричим
Кричим
Местоположба на Кричим во Бугарија
Координати: 42°02′33″N 24°27′53″E / 42.042607° СГШ; 24.464589° ИГД / 42.042607; 24.464589
ЗемјаБугарија
ОбластПловдив
ОпштинаКричим
Управа
 • ГрадоначалникАтанас Калчев (Движење „Нашиот град“)
Површина
 • Вкупна54,9 км2 (212 ми2)
Надм. вис.&10000000000000253000000253 м
Население (2022)
 • Вкупно8,129
 • Густина15/км2 (38/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код4220
Повик. бр.+359 03145
Мреж. местоkrichim.bg

Крѝчим (бугарски: Кричим) — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината Кричим во Пловдивската Област. Има население од околу 8.129 жители (2022).[1]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа на двата брега на реката В’ча, во преодна област каде што полето Пазарџичко-Пловдивското Поле ги допира северните падини на Родопите. Со тоа целосно се определува неговиот релјеф — ридски со премин кон падините на планината. Кричим се наоѓа на 30 километри југозападно од регионалниот център Пловдив и 147 км од главниот град Софија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Кричим бил древна населба од рановизантиско време. На почетокот на клисурата на реката В’ча, на високи и непробојни карпи од двете страни, се наоѓаат остатоците од двете средновековни тврдини кои одиграле клучна улога во чувањето на овој важен планински премин. Градот е единствената населба во Општината Кричим.

Oбласта околу денешниот град била дел од Првото бугарско царство сè додека не потпаднало под византиска власт. Била ослободена за време на походот на царот Асен I во 1190 година. Во 1198 година, тврдината Кричим била во рацете на Иванко. Истата година, тврдината била заземена од византискиот севастократор Георгиј Палеолог, кој паднал мртов откако со скала го прескокнал ѕидот на тврдината. Во 1230 година бугарскиот цар Иван Асен II ја освоил. Зачуван е камен натпис од овој период на кој пишува „На овој камен седел цар Асен, кога го освоил Кричим“.

По падот на Бугарија под османлиска власт, Кричим за прв пат се споменува во документ од 1451 година и бил меѓу ретките населби во Пловдивскиот регион кои имале ќелии училишта дури и во раната преродба. Манастирите „Св. Богородица“ и „Св. Врач“ ги поддржувал црковно-словенските и бугарските книжевни традиции и служеле како училишта. Манастирите биле и главен центар во подготовката на Априлското востание. Во Кричимскиот манастир „Рождество Богородично“ самиот Васил Левски создал централен револуционерен комитет со претседавач игуменот Нафталим.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]