Корсет
Корсет — облека што се носи за обликување и оформување на трупот во саканата форма за естетски или медицински цели (било заради должината на животот при носење или со подолготраен ефект). И мажите и жените носат корсети, иако многу почесто жените.
Неодамна, поимот „корсет“ бил позајмен во модната индустрија за да ги означува маичките, кои до различни степени го имитираат изгледот на традиционалните корсети без всушност да бидат корсети. Додека модерните корсети и маички-корсети често карактеризирале стегање или костур и главно ги имитирале историските стилови на корсети, тие имале мал или воопшто никаков ефект врз формата на телото на тие што го носеле. Вистинските корсети најчесто се изработени од изработувачи на корсети и требало да одговараат поединечно на тие што ги носат.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Зборот корсет потекнува од стариот француски збор cors, деминутив од тело, што самиот потекнува од corpus - латински збор за тело. Занаетот за изработување на корсети се нарекува корсетерија, како што е и општо нивното носење. Некој кој изработува корсети е „корсетје“ (corsetier), а ако е жена се е „корсетјер“ (corsetière) (француски поими за маж и жена соодветно). (Зборот „корсетерија“ (corsetry) понекогаш се кориисти и како колективна множинска форма од корсет).
Зборот корсет влегол во општа употреба во англискиот јазик во 1785 година. Зборот бил употребен од „Д Лејдиз магазин“ (The Ladies Magazine) за да опише „машки елек како јорган“ наречен „un corset“ на француски. Зборот се користел за да направи разлика помеѓу лесните корсети од тешкиот мидер во тој период.
Употреби
[уреди | уреди извор]Медицински
[уреди | уреди извор]На луѓето со проблеми со ’рбетот, како сколиоза или со внатрешни повреди може да им одговара форма на корсет за да се имобилизира и заштити трупот. Енди Ворхол кој бил застрелан во 1968 год, и никогаш целосно не се опоравил, носел корсет до крајот на животот.
Фетиш
[уреди | уреди извор]Освен модната и медицинската примена, корсетите се користеле и при сексуален фетишизам, најзабележително во BDSM активности. Во BDSM покорениот може да биде присилен да носи корсет кој многу цврсто ќе биде стегнат и ќе му даде степен на ограничување на тој што го носи. Надмоќниот може исто така што носи корсет, најчесто црн, но од целосно различни причини, како естетски, или да достигне, строг, со панцир, „релаксирачки“, заповедувачки изглед. Најчест фетиш-костум за жена е костум – доминантна жена. Најчесто се состои од темен па дури и црн материјал. Жената најчесто носи корсет или bustier и чорапи со високи штикли на нозете. Високите чизми се доста чести за да ја зголемат доминацијата на жената. Костимите – доминантна жена најчесто имаат и додаток како камшик или јавачки камшик.
Конструкција
[уреди | уреди извор]Корсетите се карактеристично конструирани од флексибилен материјал (како ткаенина, особено волнена ткаенина, или кожа) зацврстени со костур (уште наречен ребра или мидер) во каналите од ткаенината или кожата. Во 19 век, челикот и рибината коска се фаворизирале за костурот[1][2]. Перјестите коски што се користеле биле поевтина замена за рибината коска и се конструирале од сплескани прачиња пердуви од гуска проткаени со конец за да формираат долга лента. Пластиката денес најчесто се користи како материјал за корсетите со мала тежина и најголемиот дел на нискоквалитетни корсети, додека еластичниот или спирален челик се претпочита за појаките корсети и главно за корсетите со поголем квалитет. Други материјали кои се користат во костурот вклучуваат слонова коска, дрво и прачки. (За споредба, коланот најчесто се прави од еластичен материјал, без костур).
Корсетите се спојуваат најчесто назад со врзување ( но не секогаш). Стегањето или олабавувањето на врзувањето создава соодветни промени во цврстината на корсетот. Во зависност од саканиот ефект и временскиот период, корсетите се врзуваат одозгора надолу, од долу нагоре, или во двете насоки од долу нагоре и обратно, со користење на две врвки што се сретнуваат на средината. Тешко е – иако не и невозможно – за оној кој носи корсет што се врзува назад, да си го врзува самиот. Во врвните викторијански денови, жените кои биле ситуирани, биле врзувани од страна на слугинки, додека мажите од личен слуга. Сепак, многу корсети имаат копчиња или машко-женско копчиња на предниот отвор наречен busk. Кога еднаш врзувањето ќе се прилагоди, можно е да се остави така прилагодено, а корсетот да се облекува и соблекува само со помош на предниот отвор (овој метод може да го оштети busk ако врзувањето не е доволно олабавено претходно). Самостојното врзување е скоро невозможно при цврстото врзување, кое е насочено кон најголемо можно намалување на струкот. Оние кои сакаат цврсто стегањe (tightlacers), а кои немаат слуги, тоа најчесто им го прават брачните другари или партнерите.
Намалување на струкот
[уреди | уреди извор]При носење на корсети што цврсто се врзуваат за подолги периоди, што е познато како tightlacing, мажите и жените можат да се научат да го толерираат екстремното ограничување на струкот и по можност да ја намалат нивната природна големина на струкот. Сонот на тие што цврсто врзуваат (tightlacers) е 16 инчи (41 cm), 17 инчи (43 cm) струкови, но повеќето се задоволуваат со 20 инчи (51 cm). Сè до 1998 година, Гинисовата книга на рекорди ја наведувала Етел Грангер дека има рекорден најмал струк од 13 инчи (31 cm). По 1998 година, оваа категорија била променета во „најмал струк на жива личност“ и Кети Јунг ја освоила титулата со 15 инчи (38 cm) струк. Друга жена, позната како Polaire, исто така достигнала намалувања (14 инчи (36 cm) во нејзиниот случај).
Сепак, ова се екстремни случаи. Корсетите биле и сè уште се дизајнирани за поддршка, со слобода на движење на телото и со големо значење на дизајнот. Денешните корисници на корсети најчесто го стегнуваат корсетот само доволно за да го намали нивниот струк 2 инчи (5,1 cm) до 4 инчи (10 cm); многу е тешко за повитките жени да достигнат околу 6 инчи (15 cm) намалување, иако повисоките жени тоа можат лесно да го достигнат.
Цевчест струк
[уреди | уреди извор]Некои корсети со тенка половина може да имаат цевчест струк, сепак, ова не било многу често, бидејќи зголемениот притисок на градниот кош можел да биде неудобен. Силуета со цевчест струк е дадена со носење на одреден вид на корсет. Корсетот е дизајниран така што обемот на струкот е продолжен за растојание над природната линија на струкот. Ова може да стави значителен притисок на долните ребра бидејќи се притиснати на внатре. Кратките цевчести струкови биле најчесто најдени кај корсетите со тенка половина, сепак, никогаш не биле карактеристични и извештаите за цевчестите струкови на корсетите во XIX век – што често цитираат висина до 15 cm – се поверојатно сексуална фантазија отколку реалност, како резултат на тежината и неудобноста при носење на корсет со цевчест струк. Корсетите и понатаму биле норма, но повеќе не била претерана широко-тесно-широко силуетата на корсетите со тенка половина.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Doyle, R. (1997). Waisted Efforts, An Illustrated Guide to Corset Making. Sartorial Press Publications. ISBN 0-9683039-0-0.
- ↑ Waugh, Norah (1990). Corsets and Crinolines. Routledge. ISBN 978-0878305261.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Корсет“ на Ризницата ? |
Видете corset во Викиречник, слободниот речник. |
- Corsets на Curlie (англиски)
- Полн текст на CORSETS: An Analysis (1913) на Викиизвор
- Corsets at Chicago History Museum Digital Collections[мртва врска]
- The Secret History of the Corset and Crinoline Архивирано на 29 ноември 2005 г.—A seminar by the Victoria and Albert Museum
- Corsets in the collection of the Museum of New Zealand Te Papa Tongarewa
- 18th Century Women's Stays[мртва врска]
- Corsets: A Guide in Pictures
- History and Construction of Corsets Архивирано на 22 јануари 2015 г.
|