Колиндат
Колиндат (романски: Colindatul de ceată bărbătească) — обичај што ритуално се изведува на Бадник во селата во Романија и Молдавија.
За обичајот
[уреди | уреди извор]Ноќта пред Божиќ, односно на Бадник се собираат момчиња кои ги посетуваат куќите на домаќините и пеејат свечени обредни песни.[1] Од домаќините добиваат подароци и пари. Песните се од епски карактер и се прилагодуваат за секој домаќин и неговата животна ситуација.[2]
Ако во куќата има девојки за мажење, тогаш се пеат посебни песни за немажените девојки, кои танцуваат со нив, и се смета дека ова ќе им помогне во наредната година да најдат сопрузи. Колиндат е составен традиционално од неженети момчиња. Искусните мажи обично организираат обуки и честопати се поранешни водачи на Колиндат. Тие ритуални обредни песни се учеле на пробите до денот на изведбата. Во некои села се дозволувало и децата да присуствуваат на обуките за да ги научат обредните песни. Понекогаш се изведувала и претстава во костими со придружба на жива музика, а честопати имало и некоја кореографија.[2]
Важноста на зачувувањето на Колиндат
[уреди | уреди извор]Зачувувањето на старите обичаи како нематеријално културно наследство е исклучително важно за зачувување на социјалниот идентитет на една земја. Романија и Република Молдавија се граничат преку реката Прут и долниот тек на реката Дунав. Поради близината имаат и некои слични обичаи. Во 2013 година Колиндат од Романија и Молдавија е впишан како нематеријално културно наследство на УНЕСКО.[3] На тој начин се чува наследството на еден народ и се пренесува од колено на колено за да се зачуваат обичаите на тие народи.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Шта је све заштитио Унеско“. Магазин Седмица. Посетено на 9 јуни 2021.
- ↑ 2,0 2,1 „Men's group Colindat, Christmas-time ritual“. Унеско: Нематеријално културно наслеђе. Посетено на 9 јуни 2021.
- ↑ „Колиндат под заштитом Унеска“. Media fax. Посетено на 9 јуни 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Колиндат во Романија (на романски) Архивирано на 16 мај 2022 г.
- Колиндат низ историјата (на романски) Архивирано на 17 октомври 2022 г.