Козлеци
Козлеци Период: рана креда[1] - денес | |
---|---|
Соцветие на Spathiphyllum cochlearispathum | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Монокотиледони |
Ред: | Воднотегавцовидни |
Семејство: | Козлеци Juss.[2] |
Потсемејства | |
Козлеци или аруми (науч. Araceae) — семејство на монокотилни цветни растенија чии цветови се поредени во еден вид на соцветие наречено лажичка (спадикс). Спадиксот е составен од бројни ситни цветови поредени на една месеста оска. Тој најчесто е придружен, а понекогаш и затворен со спата, која претставува листовиден прицветен лист. Фамилијата брои 107 родови во кои се распоредени повеќе од 3700 видови. Семејството е најраспространета во тропските региони од Новиот Свет, но помал број претставници се среќаваат и во тропските региони од Стариот Свет, како и во северните умерени региони. Според неодамнешните генетски проучувања од страна на APG се покажа дека видовите од фамилијата Водни леќи (Lemnaceae) исто така припаѓаат во семејството.
Anthurium и Zantedeschia се два добро познати видови од оваа фамилија, како што се и Colocasia esculenta и Xanthosoma roseum (слоново уво). Меѓу најголемите соцветија во светот е она на растениеѕо Amorphophallus titanum (џиновски козлец). Во оваа фамилија припаѓаат голем број на украсни растенија: Dieffenbachia, Aglaonema, Caladium, Nephthys и Epipremnum, Allocasia и други. Во родот Cryptocoryne се вклучени многу познати аквариумски растенија. Плодовите на тарото и Monstera deliciosa се користат како храна. Philodendron е важно растение во екосистемите на дождовните шуми и често се користи како украсно растение. Во оваа фамилија спаѓа и најмалото цветно растение - волфијата.
Опис
[уреди | уреди извор]Видовите од семејството најчесто се ризоматични или грутчести и често содржат кристали од калциум оксалат или рафиди. Листовите можат да варираат од вид до вид. Соцветието се состои од спадикс, кој речиси секогаш е опколен со изменет лист наречен спата. Кај еднодомните козлеци (кои имаат одделни машки и женски цветови, но тие се наоѓаат на едно растение или единка) спадиксот обично е граден така што женските цветови се наоѓаат во долниот дел од растението, додека машките кон врвот. Кај хермафродитните цветови, устенцето (стигмата) овенува кога ќе созрее поленот, спречувајќи притоа самооплодуавње. Постојат и некои дводомни видови.
Многу растенија во оваа фамилија се термогени (произведуваат топлина). Нивните цветови достигнуваат и до 45 степени Целзиусови дури и кога температурата на околната средина е многу пониска. Една од можните причини за оваа појава е привлекување на инсекти за опрашување. Друга причина е спречување на ткивно уништување во ладните региони. Некои примери на термогени козлеци се: Symplocarpus foetidus, Amorphophallus titanum (џиновски козлец), Amorphophallus paeoniifolius (слонова нога), Helicodiceros muscivorus и Sauromatum venosum (вуду лилјан). Цветовите од видовите како џиновски козлец и Helicodiceros muscivorus даваат многу непријатен мирис кој потсетува на пцовисано животно. Ова е важно, бидејќи на овој начин се привлекуваат мувите за да го опрашат растението. Топлината која ја произведува растението помага за интензивирање на овој мирис.
Систематика и филогенија
[уреди | уреди извор]Фамилијата се дели на седум потсемејства, од кои најбогато со родови и видови е Aroideae. Најпримитивни потсемејства се Gymnostachydoideae и Orontioideae. Морфолошки најоддалечено семејство е Lemnoideae.
|
|