Прејди на содржината

Кадија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кадија (арап. قاضى) — судија во муслиманскиот свет, кој суди според шеријатот - исламскиот верски закон. Бидејќи исламот не прави разлика помеѓу духовниот живот и материјалната реалност, кадиите можат да се справат со сите правни проблеми на муслиманите.

Историја

[уреди | уреди извор]
Абу Зејд пред кадијата маратски, 1334 година

Кадија за прв пат се појавува за време на Омејадите, кога бил секретар на гувернерот. Улогата на кадија била многу важна на почетокот на исламот и обликувањето на исламското верско право - шеријатот.

На островот Мајот, еден од Коморските Острови, титулата кадија ја имал Умар, кој - откако го освоил овој остров и го припоил кон Султанатот на Коморските Острови - владеел со островот од 19 ноември 1835 до 1836 година.

Современо исламско право

[уреди | уреди извор]

Во исламските земји каде што е воспоставена уставна влада, како што е Република Турција каде шеријатот не е основа на правниот систем на земјата, терминот кадија сè уште се користи за судии. Во земјите каде што е создаден хибриден правен систем, како што е Египет, кадиите се главни за решавање на споровите околу одделното и кривичното право. Во некои исламски земји, каде што позицијата на кадија е сведена на одговорност само за сослушување сведоци или дури е укината во процесот на приближување кон западниот модел, позицијата на кадија се обновува.

Кога станува збор за построги пресуди, одлуките на кадијата мора да бидат одобрени од муфтијата, особено во случаите кога е донесена пресуда со највисока казна, за да се осигура дека пресудата е во согласност со исламскиот закон.

Во Турција, кадиите ги назначува голем емир (турски: veliyu l-emr). Како резултат на реформистичките движења, државните судови ги заменија кадиите кои некогаш имаа широки одговорности.

Жените како кадии

[уреди | уреди извор]

Жените кадии се многу редок случај во историјата. Иако улогата на кадија традиционално била ограничена на мажи, во последните години некои жени биле назначени на позицијата кадија. Две жени станале кадии во 2009 година; тие беа назначени од Палестинската Самоуправа на Западниот Брег.[1] Во Малезија, во 2010 година, две жени исто така станале кадии. Сепак, одлучено е дека како жени можат да судат само во случаи на притвор, алиментација и заеднички имотни прашања, а не во случаи на криминал или развод кои всушност го сочинуваат најголемиот дел од работата на кадијата.[2] Индонезија има дури 100 жени кадии.[2]

Во светот на исламските учени, постојат несогласувања околу тоа дали жените се квалификувани да дејствуваат како кадии или не,[1] што е бесмислено и заостанато размислување бидејќи човековите права на жените, мажите, транссексуалците, хомосексуалците и другите полови во светот да се избере професија мора да биде еднаков без оглед на пониските нивоа на човекови права како што се оние определени од одредена религија или конфесија .

Влијание

[уреди | уреди извор]

Алкалди (шпански: alcalde), шпанскиот израз за градоначалник, доаѓа од арапскиот поим што значи кадија.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Prusher, Ilene R. (13 мај 2009). „New female judge transforms Islamic court“. The Christian Science Monitor.
  2. 2,0 2,1 Taylor, Pamela (7 август 2010). „Malaysia appoints first female sharia judges“. Washington Post. Архивирано од изворникот на 4 ноември 2013. Посетено на 29 февруари 2016.
  • Qureshi, Dr. Ishtiaq Husain (1942). The Administration of the Sultanate of Delhi. Pakistan Historical Society. стр. 313.CS1-одржување: ref=harv (link)

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Schacht, Joseph (1964). An Introduction to Islamic Law. Oxford.
  • Tillier, Mathieu. Les cadis d'Iraq et l'Etat abbasside (132/750-334/945). Damascus. Кадија
  • Al-Kindî. Histoire des cadis égyptiens (Akhbâr qudât Misr). Introduction, translation and notes by Mathieu Tillier. Cairo. Кадија
  • Tillier, Mathieu. Vies des cadis de Misr (257/851-366/976). Extrait du Raf' al-isr 'an qudât Misr d'Ibn Hagar al-'Asqalânî. Cairo. Кадија
  • Tyan, Emile (1955). „Judicial Organization”. Law in the Middle East. изд. 1. ур. Majid Khadduri & Herbert J. Liebesny. Washington, D. C. стр. 236—278.
  • Tyan, Emile (1960). Histoire de l'organisation judiciaire en pays d'Islam. изд. 2. Leiden.
  • „Qazi courts to be established in Sri Lanka“. Colombo Page. 10 септември 2010. Архивирано од изворникот на 3. 03. 2016. Посетено на 21 јуни 2014. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  • Фотић, Александар (1999). „Кадија“. Лексикон српског средњег века. Београд: Knowledge. стр. 267.CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]