Изернхаген
Изглед
Изернхаген | |
Воздушен поглед на Изернхаген | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хановер |
Месни единици | 7 |
Градоначалник | Арпад Богја (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 59,72 км2 |
Надм. височина | 58 м |
Население | 24.563 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 411 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | H |
Пошт. бр. | 30916 |
Повик. бр. | 0511, 05136, 05139 |
Портал | www.isernhagen.de |
Местоположба на Изернхаген во рамките на округот Хановер | |
Координати | 52°26′3″N 9°51′26″E / 52.43417° СГШ; 9.85722° ИГД |
Изернхаген (германски: Isernhagen) — општина во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа североисточно од покраинскиот главен град Хановер.
Етимологија
[уреди | уреди извор]Првиот дел на името потекнува од зборот Изер или Изерне, што означува „железо“. Во средниот век, железна руда била откопувана долж реката Вице. Била топена на местото и користена како градежен материјал. Вториот дел од името Хагене или Хаген опишува дел од низина или обработлива површина, вообичаена за оградување од животни на фармите.
Географија
[уреди | уреди извор]Изернхаген се граничи со Бургведел, Бургдорф (Хановер), Лерте, Хановер, Лангенхаген и Ведемарк (од север, надесно). Изернхаген се наоѓа на јужниот раб од Линебуршкото Поле.
Општински единици
[уреди | уреди извор]Изернхаген се состои од следниве места:
- Нидернхегенер Бауершафт
- Кирхер Бауершафт
- Фарстер Бауершафт
- Хоенхорстер Бауершафт
- Алтвармбихен
- Нојвармбихен
- Кирхорст
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Црквата „Св. Богородица“
-
Паркот Вице
-
Земјоделскиот музеј
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Изернхаген на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
|
|