Прејди на содржината

Игор Тудор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хрватска Игор Тудор
Лични податоци
Роден на 16 април 1978(1978-04-16)(46 г.)
Роден во Сплит, СФРЈ
Висина &100000000000001930000001,93 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Сегашен клуб Удинезе Удинезе
Повлекување 2008 (30 години)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1995-1999 Хајдук Сплит Хајдук Сплит 58 (3)
1996-ХНК Трогир ХНК Трогир 5 (1)
1999–2007 Јувентус Јувентус 11а (15)
2005–2006Сиена Сиена 39 (2)
2007-2008 Хајдук Сплит Хајдук Сплит 8 (1)
Репрезентација
1994–2006  Хрватска 55 (3)
Раководител на екипите
2013-2015 Хајдук Сплит Хајдук Сплит
2015-2016 ПАОК ПАОК
2016-2017 Предлошка:Fb team Karabükspor
2017 Галатасарај Галатасарај
2018- Удинезе Удинезе
* Ажурирано на: 21 септември 2011
** Ажурирано на: 6 септември 2011

Игор Тудор (роден на 16 април 1978 година во Сплит) — хрватски фудбалски тренер и поранешен играч од одбраната.

Тудор го најави своето пензионирање на 22 јули 2008 година, на само 30 години, по проблеми со глуждот на десната нога кој повторно се појавуваа. Пред да се пензионира тој мина една сезона во клубот во кој настапуваше во младоста, екипата на Хајдук Сплит.

Технички карактерстики

[уреди | уреди извор]

Тудор бил сметан за еден од најдобрите дефанзивци на Хрватска во периодот помеѓу крајот на 1990-тите и средината на 2000-тите.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Рани години

[уреди | уреди извор]

Тудор ја започнал својата професионална кариера во Хајдук од Сплит во 1995 година постигнувајќи 5 гола во 58 натпревари, и бил сметан за големо откритие и голема надеж на хрватскиот фудбал поради неговата техника и контрола над топката кој биле надпросечни за еден одбранбен играч.

Јувентус

[уреди | уреди извор]

По три сезони во Хајдук, Тудор бил купен од страна на италијанскиот гигант Јувентус во 1998 година за 4 милиони евра, што до продажбата на Нико Крањчар во 2005 година бил најскапиот трансфер на сплитскиот клуб. Со својте одлични игри во клубот од Торино тој ја освоил наградата за играч на годината во Хрватска за 2002 година. За време на неговиот осумгодишен престој во Јувентус, Тудор речиси постојано бил во одлична форма, и покрај фактот што некој повреди го оддалечувале од терените тој оставил одличен впечаток. Тој формирал импресивни партнерства во централниот дел на одбраната на Јувентус со врвни светски дефанзивци како Чиро Ферара, Паоло Монтеро, Марк Јулиано, Лилијан Тирам, Никола Легротаље и Фабио Канаваро. Во овој период Јувентус бил една од најсилните екипи во Европа, а Тудор придонел многу за клубот, со повеќе од 150 настапи во сите натпреварувања за клубот, и 19 голови. Сепак, по тешката повреда во 2004 година, не можел да ја најде својата најдобра форма од претходните сезони па бил позајмен на Сиена во јануари 2005 година, по 7 сезони во Јувентус. По скандалот со наместени натпревари Калчополи и истекот на неговиот договор за заем со Сиена, Тудор се вратил во Јувентус, но поради нова серија на повреди неуспеа да запише ниту еден настап во Серија Б. По завршувањето на неговиот договор на 30 јуни 2007 година, станал слободен играч.

Враќањето во Хајдук и завршување на кариерата

[уреди | уреди извор]

Иако постојано се борел со повредите и мистериозната бактериска инфекција на глуждот, Тудор бил речиси принудени да ја заврши кариерата во 2007 година, но во јуни 2007 година тој одлучи да му се приклучи на неговиот поранешен клуб Хајдук Сплит откако не добил обновување на неговиот договор со Јувентус. По многу претпазливи рехабилитации, тој го направил своето враќање на терените во натпреварот против НК Задар на 20 октомври 2007 година. Ова бил неговиот прв официјален натпревар после 16 месеци неиграње. Сепак, тој не бил во можност да стигне до својата претходна форма и неговата повреда на глуждот продолжила да му прави проблеми. На 22 јули 2008 година, Тудор го објавил своето предвремено пензионирање, што се должи на неговите периодични проблеми со повредата на глуждот.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Тудор настапувал за хрватската репрезентација во периодот од 1997 до 2006 година. Тој исто така е поранешен репрезентативец на хрватска и во селекциите под 17, под 19 и под 21-на година во периодот помеѓу 1993 и 2000 година.

Тој го направил своето деби за сениорската репрезентација во квалификациите за Светското првенство 1998 година, во ремито 1-1 против Украина на 15 ноември 1997 година, влегувајќи како замена од клупата за резеври на местото на Аљоша Асановиќ во 89-тата минута. Тој исто така, бил дел и од хрватскиот состав кој го освоил бронзениот медал на Светското првенство во Франција во 1998 година. На турнирот, тој имал три настапи и сите како замена во натпреварите против Јапонија, Романија и Холандија.

По Светското првенство 1998, тој направил 4 настапи во неуспешната квалификациона кампања на хрватската репрезентација во квалификациите за Евро 2000, и бил стартер во сите натпревари. Тој, исто така се појавил во 6 натпревари за време на квалификациите на за Светското првенство 2002 година, но го пропушти финалниот турнир во Јужна Кореја и Јапонија поради повреда.

Во 2006 година на Светското првенство во Германија, тој ги започнал и ги одиграл до крај сите три натпревари на Хрватска во групната фаза. Сепак, Хрватска била елиминирана од турнирот по ремито 2-2 со Австралија во последниот натпревар во групата, а Тудор го направил прекршокот за пеналот од кој Австралија го постигнала првиот гол за израмнување на 1-1. Иако Тудор официјално не најавил дека повеќе нема да настапува за хрватската репрезентација, по завршувањето на Светското првенство 2006 тој не запишал ниту еден настап за национаниот дрес најмногу заради константните проблеми со повреди кој и го принудиле рано да ја заврши играчката кариера.

Тренерска кариера

[уреди | уреди извор]

Во август 2009 година, Тудор бил назначен за асистент на италијанскиот тренер Едоардо Реја во неговиот прв клуб Хајдук Сплит. Во февруари 2010, кога Реја го напуштил Хајдук и ја презел тренерската функција во римски Лацио, Тудор бил отпуштен од Хајдук, но не заминал со Реја во Италија. Во декември 2012 бил назначен за тренер на У-17 тимот на Хајдук и поминал одрдено време посетувајќи часови во Јувентус центарот, каде учел тренерски занает од некогашниот соиграч од Јувентус, Антонио Конте.

Во април 2013, Тудор бил назанчен за тренер на првиот тим на Хајдук. Веќе во својте први месеци како тренер успеал на клубот да му донесе титула, триумфирајќи во Купот на Хрватска со вкупен резултат 5-4 против Локомотива. Во февруари 2015 бил отпуштен од функцијата по година и девет месец тренер на Хајдук.

На 18 јуни 2015, Тудор бил назанчен за нов тренер на грчкиот Паок, потпишувајќи три годишен договор. На 9 март 2016 добил отказ поради слаби резултати.

Италија Јувентус
[уреди | уреди извор]

Репрезентативни

[уреди | уреди извор]
Хрватска Хрватска
[уреди | уреди извор]
Хрватска Хајдук Сплит
[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]