Прејди на содржината

Ивана Хонг

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ивана Хонг (англиски: Ivana Hong, р. 11 декември 1992 година во Вустер, Масачусетс, САД) е поранешна американска спортска гимнастичарка.[1] Таа беше член на американската екипа која го освои златниот медал на Светското првенство во спортска гимнастика и бронзениот медал на Пан Американските Игри во 2007 година. Хонг беше замена во американскиот олимписки тим во 2008 година и член на американската женска репрезентација на Светското првенство во спотска гимнастика во 2009 година во Лондон, Обединетото Кралство.

Хонг освојува бронза во биланс на зрак на Светското првенство 2009

Хонг има кинеско и виетнамско потекло.[1] Во Блу Спрингс, Мисури, САД, таа тренираше на Големиот Американски Гимнастичарски Експрес (ГАГЕ, англиски: Great American Gymnastics Express (GAGE)) во текот на четири години. На Светската Олимписка Гимнасичарска Академија (ВОГА, англиски: World Olympic Gymnastics Academy (WOGA)), нејзин тренер беше Валериј Љукин. Хонг се натпреваруваше за Стенфордовиот универзитет меѓу 2012 и 2016 година.

  1. 1,0 1,1 admin. „Biography: Super Seven – Alicia Sacramone, Nastia Liukin, Samantha Peszek, Shayla Worley ,Shawn Johnson, Bridget Sloan and Ivana Hong“ (англиски). Посетено на 2020-06-15.