Зеветал
Зеветал | |
Црквата „Св. Маврициј“ во Хитфелд | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Харбург |
Градоначалник | Мартина Ерцен (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 105,20 км2 |
Надм. височина | 3 - 70 м |
Население | 42.449 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 404 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | WL |
Пошт. бр. | 21220, 21217, 21218 |
Повик. бр. | 04105, 04185, 040 |
Портал | www.seevetal.de/ |
Местоположба на Зеветал во рамките на округот Харбург | |
Координати | 53°23′0″N 9°58′0″E / 53.38333° СГШ; 9.96667° ИГД |
Зеветал (германски: Seevetal) — општина во округот Харбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Општината се наоѓа околу 20 километри јужно од Хамбург и 15 километри западно од окружниот град Винзен (Луе).
Седиштето на општината се наоѓа во селото Хитфелд. Нејзиното име доаѓа од реката Зеве.
Зеветал е најнаселената општина во Германија без градско право и најнаселена општина во округот Харбург.
Географија и сообраќај
[уреди | уреди извор]Зеветал се наоѓа непосредно јужно од градот Хамбург, околу 20 километри од неговото средиште, источно од Харбуршките Планини. Местата Буленхаузен и Овер се наоѓаат на јужниот брег на Елба.
Местата Машен (А39), Хитфелд (А1), Флештет и Рамелсло (А7) се поврзани со автопатски излези. Во местото Хорст се наоѓа јазолот „Хорстер Драјек“ со спојување на А7 и А1, додека во местото Машен се спојуваат А1 и А39.
Зеветал се наоѓа во зоната на Хамбуршкото сообраќајно претпријатие (HVV) и поседува три железнички станици: Хитфелд, Мекелфелд и Машен. Во Машен се наоѓа ранжирна станица од 1977 година, што претставува најголема товарна станица во Европа.
Историја
[уреди | уреди извор]Зеветал била создадена на 1 јули 1972 година со спојување на поранешните 19 независни општини.[2] Поранешните општински делови образуваат шест единици:[3]
|
Неколку од овие села имаат богата историја: постоењето на Рамелсло е првпат забележано во 845 година, Машен бил споменат во документи во 1294 година, а Хитфелд ја одбележал својата 700-годишнина во јуни 2007 година. Црквата „Св. Маврициј“ во Хитфелд потекнува од XII век.
Население
[уреди | уреди извор]Жители во општината Зеветал од 2011 година.
Година | Жители |
---|---|
2011 | 39.921 |
2012 | 39.869 |
2013 | 40.159 |
2014 | 40.463 |
2015 | 40.949 |
2016 | 41.234 |
2017 | 41.260 |
Политика
[уреди | уреди извор]Избори
[уреди | уреди извор]Зеветал припаѓа на покраинскиот округ 51 Зеветал и на сојузниот округ 36 Харбург.
Поранешни градоначалници и општински директори
[уреди | уреди извор]Општината Зеветал е основана во 1972 година. До 1997 година била раководена од градоначалник и од општински директор. Од 1997 година обете функции биле споени во една.
Поранешни градоначалници:
- Херман Мајер (CDU) (1972–1984)
- Хорст Шнеман (CDU) (1984–1997)
Општински директори:
- Ханс Јоахим Рерс (1972–1978)
- Херман Шалер (1978–1991)
- Рајнер Тимерман (1991–1997)
Градоначалници:
- Рајнер Тимерман (CDU) (1997–2005)
- Гинтер Шварц (SPD) (2005–2013)
- Мартина Ерцен (CDU) (seit 2013)
Градоначалник
[уреди | уреди извор]На 6 октомври 2013 година била избрана Мартина Ерцен (CDU) за градоначалничка на општината Зеветал.[4]
Општински совет
[уреди | уреди извор]Советот на општината Зеветал е составен од 41 член, од кои 40 се избрани непосредно на избори, а последен член е градоначалникот.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[5]