Западни Инди
Западни Инди — регион во Северниот Атлантски Океан и Карибите кој ги опфаќа островските земји и околните води на три големи островски групи: Големите Антили, Малите Антили и Лукајскиот Архипелаг.[1]
Во регионот влегуваат сите острови во околу Карипското Море, како и Бахамите и островите Туркс и Кајкос, кои се во Атлантскиот Океан. Во извесни случаи кон нив се вбројуваат и некои земји од северот на Јужна Америка кои имаат културно-историски врски со западноиндиските острови.
Историја
[уреди | уреди извор]Западните Инди во подалечното минато биле населени од домородни народи. Првиот Европеец кој стапнал во регионот е Кристофер Колумбо, пристигајќи на во Бахамите 1492 г. Оттогаш во Европа почнал да се употребува поимот Западни Инди, како негово разликување од Источните Инди во Јужна и Југоисточна Азија.[2]
Кон крајот на XVI век, во Карипското Море почнале да пловат француски, англиски и холандски трговци и гусари, напаѓајќи ги шпанските и португалските товарни бродови во крајбрежните подрачја. Честопати се засолнувале на места кои биле неосвоиви за Шпанците како островите на Малите Антили, северниот брег на Јужна Америка и устието на Ориноко, како и атлантскиот брег на Средна Америка. Во Малите Антили успеале да воспостават свои упоришта по колонизацијата на Свети Кристофер (1624) и Барбадос (1626) г. Со процутот на шеќерното стопанство, колонијалните сили довеле робови од Африка како евтина работна сила во насадите. Доведените Африканци извршиле темелни демографски промени, истиснувајќи ги домородните Карипци и европските доселеници кои работеле како неслободни договорни слуги.
Борбата помеѓу северноевропските трговци и Шпанците се проширила на југ од средината до крајот на XVII век. Со надоаѓањето на колонисти од Англија, Холандија, Франција и Шпанија, најпрвин се заземени Гвајаните (под француска, англиска и холандска власт) и долината на Ориноко (под шпанска власт). Холанѓаните се осојузиле со Карипците од поречието на Ориноко и направиле пробив длабоко во Јужна Америка, најпрвин борејќи се со другите сили во крајречните делови, а потоа и долж северното течение на реката Амазон.
Средна Америка останала во голем дел незаземена од ниедна европска сила, па така англиските сили од Јамајка решиле да склучат сојуз со Брегот на Комарците (Мискитско Кралство, Никарагва и Хондурас), а потоа ја развиле стопанската сеча на дрво во крајбрежните делови на денешно Белиз. Ова била трговската и дипломатска состојба која го одликувала западнокарипското подрачје во почетокот на XVIII век. Брегот на Комарците претрпел големи демографски промени со подемот на мискитските замбоси, потомци на робовите преживеани во бродски бунт од 1640-тите. Англиските колонисти довеле повеќе робови од Африка во овој крај и во Белиз, со што бројот на лица од африканско потекло се изедначил со оној на карипските острови. Од XVII до XX век, Западните Инди биле поделени на повеќе колонијални области: Француски, Британски, Дански, Холандски и Шпански под управа на компании (друштва) со кралска повелба.[3]
Во 1916 г. Данска ја продала својата западноиндиска територија на САД[4] по цена од 25 милиони долари во злато, согласно Договорот за Данските Западни Инди. Оваа група денес е позната како Американски Девствени Острови.
Од 1958 до 1962 г. Обединетото Кралство ги преуредило сите западноиндиски островски територии (освен Британските Девствени Острови и Бахамите) во една Западноиндиска Федерација со надеж дека ќе стане целовидна и независна држава. Сепак, таа се покажала како нефункционална и истата е распуштена во 1963 г.; девет нејзини покраини станале самостојни држави, а четири останале британски прекуморски територии.
Земји и територии по матичен архипелаг
[уреди | уреди извор]Големи Антили
[уреди | уреди извор]- Доминиканска Република
- Јамајка
- Кајмански Острови (Обединето Кралство)
- Куба
- Порторико (САД)
- Хаити
Мали Антили
[уреди | уреди извор]- Американски Девствени Острови (САД)
- Ангвила (Обединето Кралство)
- Антигва и Барбуда
- Аруба (Холандија)
- Барбадос
- Бонер (Холандија)
- Британски Девствени Острови (Обединето Кралство)
- Гваделуп (Франција)
- Гвајана
- Гренада
- Доминика
- Курасао (Холандија)
- Мартиник (Франција)
- Монтсерат (Обединето Кралство)
- Нуева Еспарта (Венецуела)
- Саба (Холандија)
- Света Луција
- Свети Вартоломеј (Франција) (Франција)
- Свети Винцент и Гренадини
- Свети Евстахиј (Холандија)
- Свети Кристофер и Невис
- Свети Мартин (Франција) (Франција)
- Свети Мартин (Холандија) (Холандија)
- Тринидад и Тобаго
- Федерални Владенија на Венецуела (Венецуела)
Лукајски Архипелаг
[уреди | уреди извор]- Бахами
- Туркс и Кајкос (Обединето Кралство)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Caldecott, Alfred (1898). The Church in the West Indies. London: Frank Cass and Co. стр. 11. Посетено на 12 December 2013.
- ↑ Rosanne Adderly, "West Indies", in Encyclopedia of Contemporary Latin American and Caribbean Cultures, Volume 1: A-D (London and New York: Routledge, 2000): 1584.
- ↑ Garrison, William L.; Levinson, David M. (2014). The Transportation Experience: Policy, Planning, and Deployment. OUP USA. ISBN 9780199862719.
- ↑ „Two telegrams about the sale - The Danish West-Indies“. The Danish West-Indies. Посетено на 2017-10-13.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Западни Инди“ на Ризницата ? |
- Западни Инди на Енциклопедија Британика (англиски)
- Џонс, Алфред Луис (1905). (англиски) . Империјата и векот. Лондон: Џон Мари. стр. 877–882.
- Западни Инди[мртва врска] — Голема руска енциклопедија (руски)
|