Прејди на содржината

Забрзување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Забрзување
Во вакуум (без отпор на воздухот) предметите привлечени од Земјата добиваат брзина со стабилна стапка.
Симболи
a
SI-единицам/с2, m·s-2, m s-2

Забрзувањето (ознка: , а во теоретската механика: ) — извод на брзината по времето. Тоа е векторска физичка величина која покажува за колку се променил векторот на брзината на материјалната точка (тело) при нејзиното/неговото движење за единица време (односно, за забрзувањето не е важна само промената на брзината, туку и нејзината насока).

На пример, тело кое слободно паѓа кон површината на Земјата, кога се наоѓа близу неа, во случај кога може да се занемари отпорот на воздухот, ја зголемува својата брзина за околу 9,8 м/с за секоја секунда, односно неговото забрзување е еднакво на 9,8 м/с².

Гранката на механиката што се занимава со проучување на движењето во тридимензионален евклидов простор, неговото пресметување, како и пресметувањето на брзините и забрзувањата во различни појдовни системи, се нарекува кинематика.

Единица за забрзување во SI е метар во секунда за секунда (м/с2), а постои и несистемската единица гал (Gal) која се применува во гравиметријата и е еднаква на 1 cм/с².

Особености

[уреди | уреди извор]

Бидејќи брзината е векторска величина, таа може да се промени како по големина, така и по насока. Често под поимот „брзина“ се има предвид само големината на брзината. Во тој случај и забрзувањето е број кој може да добива како позитивни, така и негативни вредности. При позитивна вредност на забрзувањето имаме зголемување на брзината (забрзување во секојдневниот говор), а при негативни вредности имаме запирање или забавување. Вредност нула на забрзувањето означува дека брзината е постојана.

Но, ако ја разгледуваме брзината како вектор, тогаш забрзувањето добива поинаков карактер. Во физиката, промената во насоката на брзината претставува исто така забрзување. Така на пример, при ротаторно движење (движење по кружница), промената во насоката на брзината доведува до центростремително (или центрипетално) забрзување (кон центарот на кругот). Во општ случај, секое забрзување може да се подели на нормално (при кое се менува насоката на брзината) и тангенцијално (при кое се менува големината на брзината).

.

Според Вториот Њутнов закон, забрзувањето на тело со постојана маса е пропорционално на вкупната сила која дејствува на него:

каде F е резултантната сила која дејствува на телото, m е неговата маса, додека a е неговото забрзување.