Прејди на содржината

Жеравино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жеравино/Žeravino
Жеравино
село
Куќа во селото
Куќа во селото
Држава Бугарија/ Србија
Административна поделба на Бугарија/Окрузи во СрбијаЌустендилска област/Пчињски Округ
Општина во Бугарија/Општина во СрбијаЌустендил/Босилеград
Население (2011/2002)
 • Вкупно3/21
Час. појасисточноевропско време/средноевропско време
 • Лето (ЛСВ)источноевропско летно време/средноевропско летно време (UTC)

Жеравино — поделено село меѓу Бугарија и Србија. Се наоѓа на самиот југоисточен дел на Србија и крајниот југозападен дел на Бугарија. Српскиот дел од селото се наоѓа во Општина Босилеград во Пчињскиот Округ. Бугарскиот дел од селото се наоѓа во Општина Ќустендил во Ќустендилската Област. Според пописот од 2002. во српскиот дел живеел 21 жител[1](според пописот од 1991. селото имало 34 жители), додека во бугарскиот дел од селото имало само 4 жители. Според пописот во Бугарија од 2011, селото имало само 3 жители.[2]

Географија

[уреди | уреди извор]

Жеравино се наоѓа на границата со Република Србија и Република Македонија во географската област Каменица. Поделено е меѓу Србија и Бугарија во 1920 година. Жеравино, посебно неговата Горчилска Мала е најзападното населено место во Бугарија и најјугоисточното во Србија. Има умереноконтинентална нископланинска клима. Недалеку над селото е врвот Китка на Осогово, на самата граница со Македонија. Овој врв долго се сметал за најзападна точка на Бугарија, пред да биде утврдено дека тоа е Вршка Чука на крајниот северозапад на земјата.

Селото е од разбиен тип и е сочинето од 5 маала:

  • Дулѓерска
  • Радевска
  • Чергарска
  • Горчилска
  • Папрадска

Порано, селото на територијата на Бугарија припаѓало кон следните административно-територијални единици: Општина Бобешино (1883-1934), Општина Долно село (1934-1958), Општина Жиленци (1958-1959), Општина Долно село (1959-1978), Општина Ѓуешево (1978-1983), Општина Грлјано (1987 - 1987) и Општина Ќустендил (од 1987 г.).

Население на бугарскиот дел

[уреди | уреди извор]
Година 1880 1900 1926 1934 1946 1956 1965 1975 1978 1984 2010
Население 375 420 302 286 239 147 44 20 10 4 4

Историја

[уреди | уреди извор]

За селото, нема некои официјални документи во текот на историјата. Остатоците од античкиот и средновековниот период покажуваат дека регионот е населен уште во времето на антиката.

Селото е старо и средновековно, регистрирано во османскиот даночен тефтер од 1579-1572 година под името Жеравино со 20 христијански домаќинства и 15 ергени. Тогаш имало статус на дервенџиско село.

Село Жеравино во Србија

[уреди | уреди извор]

Во српскиот дел живеат 19 полнолетни жители, а просечната старост на населението изнесува 55,9 години (51,6 кај мажите и 59,1 кај жените). Во селото има 10 домаќинства, а просечниот број на членови по домаќинство е 2,10.

Населението во ова село е многу нехомогено, а во последните три пописи е забележан пад во бројот на жители.

График промена на бројот на жители во текот на 20 век
Етнички состав според пописот од 2002 во Србија[3]
Бугари
  
6 28,57%
Срби
  
4 19,04%
Македонци
  
1 4,76%
непознато
  
0 0,0%
Население
Година 1948 1953 1961 1971 1981 1991 2002
Население 178 176 152 152 68 34 24
Етнички состав (2002)
Националност бугари срби Македонци
% од населението 76,20 % 19,04 % 4,76 %
  1. Popis stanovništva, domaćinstava i Stanova 2002. Knjiga 1: Nacionalna ili etnička pripadnost po naseljima. Republika Srbija, Republički zavod za statistiku Beograd 2003. ISBN 86-84433-00-9
  2. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2012-04-22. Посетено на 2012-03-18.
  3. Књига 1, Становништво, национална или етничка припадност, подаци по насељима, Републички завод за статистику, Београд, февруари 2003, -{ISBN 86-84433-00-9}-