Жан Валжан
Жан Валжан | |
---|---|
лик од Клетници | |
Жан Валжан како г. Медлен. Илустрација на Гистав Брион. | |
Создавач | Виктор Иго |
Информации | |
Прекар | Месје Леблан Месје Медлен Ултим Фошлеван Урбе Фабре Затвореник 24601 |
Занимање | Поранешен затвореник градоначалник |
Деца | Козета (нелегално посвоена) |
Националност | Французин |
Роден во | 1769 |
Починат во | 1833 (возраст: 64) |
Жан Валжан (француски: Jean Valjean) — протагонистот на романот Клетници на Виктор Иго. Иго го опишува животот на Валжан откако е ослободен од затвор, каде служи казна за кражба на леб. Целиот роман Валжан се обидува да води морален и исполнет живот криејќи се од инспекторот Жавер. Валжан има неколку лажни имиња во романот, меѓу кои месје Медлен, Ултим Фошлеван, Месје Леблан и Урбен Фабре.
Валжан и неговиот главен соперник, Жавер, се денес книжевни архетипи. Според многумина, ликот на Жан Валжан се поистоветува со самиот Иго, а истовремено прераснува во отелотворение на левичарската политика. Опишан е како крупен, борбен човек со висок морал, кој откако доживува духовно будење се посветува на доблесен живот, останувајќи доследен до своите идеали до крајот на животот.[1]
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Behr, Edward (1989). he Complete Book of Les Misérables. NY: Arcade. стр. 24.