Ерик Ромер
Жан Мари Морис Шерер (Jean Marie Maurice Schérer) или Морис Анри Жозеф Шерер (Maurice Henri Joseph Schérer), познат како Ерик Ромер (француски: Éric Rohmer; 21 март 1920 — 11 јануари 2010) — француски режисер, едне од најпознатите претставници на „Новиот бран“.
Животопис
[уреди | уреди извор]Пред да стане режисер, Ромер работел како професор, новинар и филмски критичар. Тој ја сакал книжевноста повеќе од филмот, имал конзервативни погледи на светот и бил голем верник-католик.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]Филмската кариера ја започнал со неколку кратки филмови, а можноста да го сними својот прв долгометражен филм, „Знакот лав“, му ја дал познатиот режисер Клод Шаброл. Насловот на филмот упатува на хороскопскиот знак на главниот лик, а филмот се однесува на прашањето на среќата и на судбината. Во 1963 година, Ромер започнал да работи на циклусот „Шест морални приказни“ во кој ги обработува темите кои се сметаат за застарени и надминати во либералниот свет. Притоа, Ромер луцидно го анализира модерниот човек и открива дека тој сè уште е соочен со вообичаените дилеми. Овој циклус започнува со краткометражниот филм „Пекарката од Монсо“, а продолжува со „Кариерата на Сузан“, „Колекционерка“ и „Мојата ноќ со Мод“ (за којшто Ромер бил номиниран за наградата „Оскар“), „Коленото на Клер“ (за кој је добил главната награда на фестивалот во Сан Себастијан) и „Љубов напладне“. Во своите филмови, Ромер ги занемарува привлечноста, брзото темпо и другите слични техники кои го одвлекуваат вниманието од главните ликови. Неговите кадри се долги и во нив ликовите водат долги разговори, често работи со натуршчици (луѓе кои не се професиноални глумци), а често, дејствието во неговите филмови се одвива во места за одмор, крајбрежни места и во природата при што ликовите минуваат многу време движејќи се од едно до друго место. Често, неговите дијалози се импровизирани и во нив доаѓа до израз значењето на јазикот во општењето. Ромер развил посебна метода на снимање: тој работел многу долго со глумците на пробите, додека самото снимање се одвивало прилично брзо. Во текот на 1980-тите, Ромер го снимил циклусот „Комедии и поговорки“, кој се состои од шест филма, почнувајќи од „Жената на авијатичарот“ до „Пријателот на мојата пријателка“. Секој од овие филмови е заснован врз една поговорка при што за третиот филм од циклусот, „Полина на плажа“, ја освоил наградата „Сребрена мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал. Потоа, во 1990-тите го снимил циклусот „Приказни за четирите годишни времиња“. Во 2001 година, на Венецијанскиот филмски фестивал, Ромер ја добил наградата „Златен лав“ за животно дело.[1]