Прејди на содржината

Енеко Тур 2015

Од Википедија — слободната енциклопедија
Енеко Тур 2015
Светска турнеја на UCI 2015, трка 21 од 28[1]
Лого за турнеја Eнеко
Детали за трката
Датум(и) 10–16 август[2]
Етапи 7
Растојание 1.120,7 км
Добитници на наградите
Победник  Тим Веленс (БЕЛ) (Лото-Судал)
Втор  Грег ван Авермат (БЕЛ) (Ванти-Груп Гобер)
Трет  Вилко Келдерман (ХОЛ) (Лото НЛ-Џамбо)

Бодовен  Андре Грајпел (ГЕР) (Лото-Судал)
Борбеност  Гејс ван Хуке (БЕЛ) (Топспорт Вландерен-Балоас)
Екипен Лото-Судал
2014
2016

Енеко Тур 2015велосипедска друмска етапна трка, која се одржала во Холандија и Белгија помеѓу 10 и 16 август 2015 година. Било 11. издание на етапната трка Енеко Тур и претставувала дваесет и прва трка во сезоната на Светската турнеја.

Енеко Тур е необична трка во сезоната на велосипедизмот: главно е насочени кон класичните возачи отколку кон искачувачите. Првите три етапи биле подобни за спринтерите; четвртата етапа била поединечен хронометар, а последните три етапи биле подобни за класичните возачи. Елија Вивијани (Тим Скај) ја освоил првата етапа и бил првиот возач што ја облекол водечката маичка. Јеспер Аселман (Ромпот) го презел водството на втората етапа поради временските бонуси, пред да ја изгуби на хронометарот од Јос ван Емден (Лото НЛ-Џамбо). Вилко Келдерман (исто од Лото НЛ-Џамбо) го презел водството по петтата етапа, но го изгубил од Тим Веленс (Лото-Судал) следниот ден. Веленс го одбранил своето водство на завршната етапа и стигнал до победа на Енеко Тур втора година по ред; бил бранител на титулата од 2014 година. Грег ван Авермат (Ванти-Груп Гобер) бил втор, додека Келдерман трет.

Бодовниот пласман го освоил Андре Грајпел (Лото-Судал), а борбениот пласман му припаднал на Гејс ван Хуке (Топспорт Вландерен-Балоас). Лото-Судал го освоил екипниот пласман.

Бидејќи Енеко Тур е настан од Светската турнеја, сите седумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат. На три други екипи им биле доделени специјални покани за трката и со тоа била создадена главната група од 20 екипи.[3] Секоја екипа настапила со осум возачи и се создала главната група од 160 возачи; еден велосипедист, возачот на Ванти-Груп Гобер Даниел Ос, се повлекол пред трката поради пад на тренинг, така што 159 возачи ја започнале трката.[4][5]

Екипи во Светската турнеја биле:

Екипи кои добиле специјални покани биле:

Распоред

[уреди | уреди извор]

Првите три етапи на трката биле рамни друмски етапи, без категоризирани искачувања. Сите овие етапи се очекувало да бидат идеални за спринтерите, иако накрсните ветрови можеле да ги направат етапите потешки. Одлучувачкиот дел на трката се очекувал да биде со поединечниот хронометар на четвртата етапа. Завршните три етапи на трката се очекувало да бидат идеални за возачите на класици: петтата и шестата етапа била ридести етапи налик на оние на Арденските класици, додека завршната етапа користела патишта на калдрмисаните класици.[6][7] Една промена во правилата во 2015 година била воведувањето на „златниот километар“, низа на три средни спринтови на секоја друмска етапа на околу 20 километри пред целта. Првите тројца возачи на секој од овие средни спринтови добивал бонус секунди во генералниот пласман. Ова било примена на системот од Трката околу Белгија 2015, каде системот на златниот километар одиграл улога во победата на Грег ван Авермат (Ванти-Груп Гобер).[8]

ЕтапаДатумТекtypeРастојание (км)ПобедникCевкупен лидер
1 10 авгБолсвард – Болсвард
рамна етапа
рамна етапа
183,5ITA Елија Вивијани ITA Елија Вивијани
2 11 авгБредаБреда
рамна етапа
рамна етапа
180GER Андре Грајпел NED Јеспер Аселман
3 12 авгBEL Беверен – BEL Ардоје
рамна етапа
рамна етапа
171,9BEL Том Бонен NED Јеспер Аселман
4 13 авгХогерхејде – Хогерхејде
индивидуален хронометар
индивидуален хронометар
13,9NED Јос ван Емден NED Јос ван Емден
5 14 авгBEL Римст – Ситард
ридеста етапа
ридеста етапа
179,6FRA Жоан Ле Бон NED Вилко Келдерман
6 15 авгХерленBEL Уфализ
ридеста етапа
ридеста етапа
198BEL Тим Веленс BEL Тим Веленс
7 16 авгBEL Синт Питерс Леув – BEL Герардсберген
ридеста етапа
ридеста етапа
188,6ITA Мануел Квинцијато BEL Тим Веленс

Фаворити пред трката

[уреди | уреди извор]
Тим Веленс (Лото-Судал), победникот на Енеко Тур 2014 (фотографија од Тур де Франс 2015)

Повеќето етапни трки во Светската турнеја се освојувани од силни искачувачи. Енеко Тур е необична бидејќи фаворити за победа се возачите на класици — оние кои имаат силни резултати на Арденските класици и на калдрмисаните класици кои се случуваат во раниот дел на велосипедската сезона.[6]

Бранител на титулата бил Тим Веленс (Лото-Судал), кој го освоил Енеко Тур 2014 на претпоследната етапа.[9] Повторно бил еден од фаворитите, иако Cycling Weekly предвидувал дека ќе му биде дадена помала слобода за напад како бранител на титулата. Еден друг поранешен победник на трката: Ларс Бом (Астана) победил во 2012 година. Бил уште еден силен фаворит во 2015 година, особено што трката вклучувала подолг поединечен хронометар отколку минатите изданија на трката. Други фаворити биле Ники Терпстра (Етикс-Квик Степ), кој бил трет во 2012 година, Грег ван Авермат (Ванти-Груп Гобер), кој бил во силна форма откако се нашол близу победа на Класика де Сан Себастијан, Филип Жилбер (исто Ванти-Груп Гобер) и Вилко Келдерман (Лото НЛ-Џамбо).[6][7]

Првите три етапи на трката биле рамни и со особено погодни за спринтерите. Познати спринтер на трката биле Андре Грајпел (Лото-Судал), Џакомо Ницоло (Трек Фактори Рејсинг), Елија Вивијани (Тим Скај), Андреја Гвардини (Астана) и Едвард Тенс (Топспорт Вландерен-Балоас).[7]

10 август 2015 – Болсвард до Болсвард, 183,5 км
Резултат од етапа 1
Возач Екипа Време
1  Елија Вивијани (ИТА) Тим Скај 4ч 06' 18"
2  Дани ван Попел (ХОЛ) Трек Фактори Рејсинг и.в.
3  Жан Пјер Друкер (ЛУК) Ванти-Груп Гобер и.в.
4  Андре Грајпел (ГЕР) Лото-Судал и.в.
5  Јонас Вангенехтен (БЕЛ) ИАМ Сајклинг и.в.
6  Андреја Гвардини (ИТА) Астана и.в.
7  Магнус Корт (ДАН) Орика-ГринЕЏ и.в.
8  Морено Хофланд (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо и.в.
9  Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мовистар Тим и.в.
10  Дилан Груневеген (ХОЛ) Ромпот и.в.
Генерален пласман по етапа 1
Возач Екипа Време
1  Елија Вивијани (ИТА) Бела маичка Црвена маичка Тим Скај 4ч 06' 18"
2  Дани ван Попел (ХОЛ) Трек Фактори Рејсинг + 4"
3  Јеспер Аселман (ХОЛ) Ромпот + 4"
4  Лауренс де Вресе (БЕЛ) Астана + 5"
5  Нико Денц (ГЕР) Аг2р-Ла Мондијал + 5"
6  Жан Пјер Друкер (ЛУК) Ванти-Груп Гобер + 6"
7  Нејтан Хас (АВС) Зелена маичка Канондејл-Гармин + 8"
8  Андре Грајпел (ГЕР) Лото-Судал + 10"
9  Јонас Вангенехтен (БЕЛ) ИАМ Сајклинг + 10"
10  Андреја Гвардини (ИТА) Астана + 10"
11 август 2015 – Бреда до Бреда, 180 км
Резултат од етапа 2
Возач Екипа Време
1  Андре Грајпел (ГЕР) Лото-Судал 4ч 12' 52"
2  Јакопо Гварниери (ИТА) Катјуша и.в.
3  Том Бонен (БЕЛ) Етикс-Квик Степ и.в.
4  Жан Пјер Друкер (ЛУК) Ванти-Груп Гобер и.в.
5  Дани ван Попел (ХОЛ) Трек Фактори Рејсинг и.в.
6  Арно Демар (ФРА) ФДЖ и.в.
7  Вјачеслав Кузнецов (РУС) Катјуша и.в.
8  Рој Јанс (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер и.в.
9  Себастјен Тиржо (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
10  Саша Модоло (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
Генерален пласман по етапа 2
Возач Екипа Време
1  Јеспер Аселман (ХОЛ) Бела маичка Зелена маичка Ромпот 8ч 18' 55"
2  Андре Грајпел (ГЕР) Црвена маичка Лото-Судал + 5"
3  Елија Вивијани (ИТА) Тим Скај + 5"
4  Дани ван Попел (ХОЛ) Трек Фактори Рејсинг + 9"
5  Јакопо Гварниери (ИТА) Катјуша + 9"
6  Гејс ван Хуке (БЕЛ) Топспорт Вландерен-Балоас + 9"
7  Лауренс де Вресе (БЕЛ) Астана + 10"
8  Нико Денц (ГЕР) Аг2р-Ла Мондијал + 10"
9  Жан Пјер Друкер (ЛУК) Ванти-Груп Гобер + 11"
10  Том Бонен (БЕЛ) Етикс-Квик Степ + 11"
12 август 2015 – Беверен до Ардуа, 171,9 км
Резултат од етапа 3
Возач Екипа Време
1  Том Бонен (БЕЛ) Етикс-Квик Степ 3ч 54' 25"
2  Арно Демар (ФРА) ФДЖ и.в.
3  Елија Вивијани (ИТА) Тим Скај и.в.
4  Андреја Гвардини (ИТА) Астана и.в.
5  Дилан Груневеген (ХОЛ) Ромпот и.в.
6  Андре Грајпел (ГЕР) Црвена маичка Лото-Судал и.в.
7  Ридигер Зелиг (ГЕР) Катјуша и.в.
8  Саша Модоло (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
9  Дани ван Попел (ИТА) Трек Фактори Рејсинг и.в.
10  Рој Јанс (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер и.в.
Генерален пласман по етапа 3
Возач Екипа Време
1  Јеспер Аселман (ХОЛ) Бела маичка Црвена маичка Ромпот 12ч 13' 20"
2  Том Бонен (БЕЛ) Етикс-Квик Степ + 1"
3  Елија Вивијани (ИТА) Тим Скај + 1"
4  Андре Грајпел (ГЕР) Црвена маичка Лото-Судал + 5"
5  Едвард Тенс (БЕЛ) Топспорт Вландерен-Балоас + 6"
6  Дани ван Попел (ХОЛ) Трек Фактори Рејсинг + 9"
7  Арно Демар (ФРА) ФДЖ + 9"
8  Јакопо Гварниери (ИТА) Катјуша + 9"
9  Гејс ван Хуке (БЕЛ) Топспорт Вландерен-Балоас + 9"
10  Фредерик Вехелен (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер + 9"
13 август 2015 – Хогерхејде до Хогерхејде, 13,9 км (ITT)
Резултат од етапа 4
Возач Екипа Време
1  Јос ван Емден (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо 16' 34"
2  Вилко Келдерман (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо + 5"
3  Адријано Малори (ИТА) Мовистар Тим + 7"
4  Ларс Бом (ХОЛ) Астана + 7"
5  Матијас Брендле (АВТ) ИАМ Сајклинг + 11"
6  Грег ван Авермат (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер + 14"
7  Мануел Квинцијато (ИТА) Ванти-Груп Гобер + 16"
8  Филип Жилбер (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер + 20"
9  Мајкл Хепберн (АВС) Орика-ГринЕЏ + 21"
10  Мајкл Роџерс (АВС) Тинкоф-Саксо + 21"
Генерален пласман по етапа 4
Возач Екипа Време
1  Јос ван Емден (ХОЛ) Бела маичка Лото НЛ-Џамбо 12ч 30' 09"
2  Вилко Келдерман (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо + 5"
3  Адријано Малори (ИТА) Мовистар Тим + 7"
4  Ларс Бом (ХОЛ) Астана + 7"
5  Матијас Брендле (АВТ) ИАМ Сајклинг + 11"
6  Грег ван Авермат (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер + 14"
7  Мануел Квинцијато (ИТА) Ванти-Груп Гобер + 16"
8  Филип Жилбер (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер + 18"
9  Мајкл Хепберн (АВС) Орика-ГринЕЏ + 21"
10  Мајкл Роџерс (АВС) Тинкоф-Саксо + 21"
14 август 2015 – Римст до Ситард Гелен, 179,6 км
Резултат од етапа 5
Возач Екипа Време
1  Жоан Ле Бон (ФРА) ФДЖ 4ч 13' 50"
2  Дилан ван Барле (ХОЛ) Канондејл-Гармин и.в.
3  Магнус Корт (ДАН) Орика-ГринЕЏ + 9"
4  Тим Веленс (БЕЛ) Лото-Судал + 9"
5  Вилко Келдерман (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо + 9"
6  Андре Грајпел (ГЕР) Лото-Судал + 11"
7  Георг Прајдлер (АВТ) Џајант-Алпецин + 15"
8  Тиш Бенот (БЕЛ) Лото-Судал + 27"
9  Филип Жилбер (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер + 27"
10  Ларс Бом (ХОЛ) Астана + 27"
Генерален пласман по етапа 5
Возач Екипа Време
1  Вилко Келдерман (ХОЛ) Бела маичка Лото НЛ-Џамбо 16ч 44' 13"
2  Дилан ван Барле (ХОЛ) Канондејл-Гармин + 1"
3  Жоан Ле Бон (ФРА) ФДЖ + 8"
4  Јос ван Емден (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо + 13"
5  Тим Веленс (БЕЛ) Лото-Судал + 19"
6  Ларс Бом (ХОЛ) Астана + 20"
7  Грег ван Авермат (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер + 26"
8  Мануел Квинцијато (ИТА) Ванти-Груп Гобер + 29"
9  Филип Жилбер (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер + 29"
10  Мајкл Роџерс (АВС) Тинкоф-Саксо + 34"
15 август 2015 – Херлен до Уфализ, 208,6 км
Резултат од етапа 6
Возач Екипа Време
1  Тим Веленс (БЕЛ) Лото-Судал 5ч 28' 46"
2  Грег ван Авермат (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер + 49"
3  Зимон Гешке (ГЕР) Џајант-Алпецин + 51"
4  Јан Бакелантс (БЕЛ) Аг2р-Ла Мондијал + 1' 03"
5  Том-Јелте Слагтер (ХОЛ) Канондејл-Гармин + 1' 07"
6  Филип Жилбер (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер + 1' 13"
7  Тиш Бенот (БЕЛ) Лото-Судал + 1' 13"
8  Фабио Фелине (ИТА) Трек Фактори Рејсинг + 1' 13"
9  Андриј Гривко (УКР) Астана + 1' 13"
10  Вилко Келдерман (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо + 1' 17"
Генерален пласман по етапа 6
Возач Екипа Време
1  Тим Веленс (БЕЛ) Бела маичка Лото-Судал 22ч 12' 59"
2  Грег ван Авермат (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер + 1' 03"
3  Вилко Келдерман (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо + 1' 17"
4  Филип Жилбер (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер + 1' 40"
5  Фабио Фелине (ИТА) Трек Фактори Рејсинг + 1' 48"
6  Мајкл Роџерс (АВС) Тинкоф-Саксо + 1' 51"
7  Андриј Гривко (УКР) Астана + 1' 54"
8  Кристофер Јул-Јенсен (ДАН) Тинкоф-Саксо + 2' 05"
9  Тиш Бенот (БЕЛ) Лото-Судал + 2' 13"
10  Јан Бакелантс (БЕЛ) Аг2р-Ла Мондијал + 2' 13"
16 август 2015 – Синт Питерс Леув до Герардсберген, 193,8 км
Резултат од етапа 7
Возач Екипа Време
1  Мануел Квинцијато (ИТА) Ванти-Груп Гобер 4ч 18' 18"
2  Бјерн Лекеманс (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер + 3"
3  Ив Ламперт (БЕЛ) Етикс-Квик Степ + 8"
4  Грег ван Авермат (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер + 38"
5  Жилијан Алафилип (ФРА) Етикс-Квик Степ + 38"
6  Тиш Бенот (БЕЛ) Лото-Судал + 40"
7  Филипо Поцато (ИТА) Лампре-Мерида + 40"
8  Јан Бакелантс (БЕЛ) Аг2р-Ла Мондијал + 42"
9  Филип Жилбер (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер + 42"
10  Магнус Корт (ДАН) Орика-ГринЕЏ + 42"
Краен генерален пласман
Возач Екипа Време
1  Тим Веленс (БЕЛ) Бела маичка Лото-Судал 26ч 31' 59"
2  Грег ван Авермат (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер + 59"
3  Вилко Келдерман (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо + 1' 17"
4  Филип Жилбер (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер + 1' 40"
5  Фабио Фелине (ИТА) Трек Фактори Рејсинг + 1' 48"
6  Андриј Гривко (УКР) Астана + 1' 54"
7  Мајкл Роџерс (АВС) Тинкоф-Саксо + 2' 02"
8  Тиш Бенот (БЕЛ) Лото-Судал + 2' 11"
9  Кристофер Јул-Јенсен (ДАН) Тинкоф-Саксо + 2' 11"
10  Жилијан Алафилип (ФРА) Етикс-Квик Степ + 2' 11"

Постоеле четири главни пласмани на трката. Првиот бил генералниот пласман, пресметуван преку додавање на времето кое секој возач го извозел на секоја етапа. Се применувале временски бонуси за првите тројца на етапата (10, 6 и 4 секунди на првите тројца возачи) и на трите спринтови „златен километар“ на секоја етапа. На секој од овие спринтови, првите тројца добивале 3, 2 и 1 секунда бонус, соодветно. Возачот со најниско вкупно време бил победник на генералниот пласман. Возачот кој водел во пласманот ја освојувал белата маичка.[10][11]

Постоел и бодовен пласман. На секоја друмска етапа, возачите добивале бодови доколку завршат помеѓу првите десет, а други бодови имало и за средните спринтови. Возачот со најмногу бодови бил предводник на пласманот и ја освојувал црвената маичка. Борбениот пласман бил заснован само на бодовите на средните спринтови; водечкиот возач ја освојувал зелената маичка. Последен пласман е екипниот пласман: на секоја етапа времињата на најдобрите тројца возачи од секоја екипа биле додавани. Екипата со најниско вкупно време го освојувала екипниот пласман.[10][11]

Етапа Победник Генерален пласман
Бела маичка
Бодовен пласман
Црвена маичка
Борбен пласман
Зелена маичка
Екипен пласман
1 Елија Вивијани Елија Вивијани Елија Вивијани Нејтан Хас Ромпот
2 Андре Грајпел Јеспер Аселман Андре Грајпел Јеспер Аселман
3 Том Бонен
4 Јос ван Емден Јос ван Емден Лото НЛ-Џамбо
5 Жоан Ле Бон Вилко Келдерман
6 Тим Веленс Тим Веленс Гејс ван Хуке Лото-Судал
7 Мануел Квинцијато
На крај Тим Веленс Андре Грајпел Гејс ван Хуке Лото-Судал
  1. „UCI го потврди календарот за Светската турнеја 2015“. Cycling News. Посетено на 16 март 2015.
  2. „Календар на UCI за 2015“. UCI. Посетено на 16 март 2015.
  3. „Енеко Тур ги додели специјалните покани“. Енеко Тур. sport.be. 20 јули 2015. Архивирано од изворникот на 2017-08-25. Посетено на 7 август 2015.
  4. „Van Avermaet en Gilbert kunnen niet rekenen op Daniel Oss in Eneco Tour“ [Van Avermaet and Gilbert cannot count on Daniel Oss in the Eneco Tour]. Het Nieuwsblad (холандски). Belga. 10 август 2015. Посетено на 11 август 2015.
  5. „Енеко Тур 2015 - Генерален пласман“. ProCyclingStats. Посетено на 11 август 2015.
  6. 6,0 6,1 6,2 Падикомб, Стивен (9 август 2015). „Преглед на Енеко Тур 2015“. Cycling Weekly. Посетено на 11 август 2015.
  7. 7,0 7,1 7,2 О’Ши, Садб (9 август 2015). „Wellens takes on Terpstra, Boom and Gilbert in Eneco Tour defence“. Cyclingnews.com. Посетено на 11 август 2015.
  8. „Eneco Tour met gouden kilometer“ [Енеко Тур with a golden kilometre]. De Telegraaf (холандски). 4 август 2015. Посетено на 11 август 2015.
  9. „Светска турнеја на UCI: Тим Веленс победи на Енеко Тур“. uci.ch. UCI. 17 август 2014. Посетено на 27 септември 2015.
  10. 10,0 10,1 „Пласмани“. Енеко Тур. sport.be. Архивирано од изворникот на 2017-06-21. Посетено на 27 септември 2015.
  11. 11,0 11,1 „Reglement“. sport.be. Енеко Тур. Архивирано од изворникот на 2015-09-29. Посетено на 28 септември 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]