Прејди на содржината

Едвард Саид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Edward Saïd
Edward Wadie Said
Роден(а)ноември 1, 1935(1935-11-01)
Ерусалим, Британски мандат во Палестина
Починал(а)септември 25, 2003(2003-09-25) (возр. 67)
Њујорк, САД
Вероисповедхристијанство
ПериодФилозофијата на 20-от век
ПодрачјеЗападна филозофија
Школапостколонијализам, постмодернизам
Значајни идеи
оксидентализам, ориентализам, Друг

Едвард Уеди Саид (1 ноември 1935 - 25 септември 2003) — палестинско-американски литературен теоретичар и активист за палестинските права. Основач е на постколонијализмот.

Роден е во Ерусалим во христијанско арапско семејство. Го минал детството во Каиро, а како тинејџер заминал на студии во САД. Долго време предавал англиски и компаративна книжевност на Универзитетот Колумбија. Најпознат во областа на културните студии е по својот концепт на „ориентализам“ (и истоимената книга од 1978) и развивањето на полето на постколонијалните студии.

Бил класично образован пијанист, голем познавач на музиката, а неговите бројни есеи на оваа тема се собрани во „Музика на граница“ од 2009. Почина од леукемија во 2003 година.[1]

Неговото најпознато дело „Ориентализам: западни концепции за Ориентот“ е преведено на македонски јазик во 2003 година („Магор“).

  1. Robert Young, White Mythologies: Writing History and the West, New York & London: Routledge, 1990.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]