Прејди на содржината

Двојно лице

Од Википедија — слободната енциклопедија
Двојно лице
Жанрдрама теленовела
Создадена одАгиналдо Силва
УлогиДалтон Виг
Марјорие Естиано
Алине Мораес
Сузана Виеира
Воведна темаE Vamos à Luta, Gonzaguinha
Земја на потеклоБразил
Првичен јазикпортугалски
Бр. на епизоди209 (бразилско население)
150 (интернационален пазар)
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаГлобо
Првично прикажување1 октомври 2007 – 30 мај 2008
Хронологија
СледбеникОмилена (2008)
Надворешни врски
Мрежна страницаduascaras.globo.com

Двојно лице[1] (португалски: Duas Caras) е драматична бразилска теленовела. Серијата во Бразил започна со прикажување на 1 октомври 2008 на местото на новелата Тропски рај. Но поради тешките теми и сцените кои не беа дозволени за под 12 години, новелата се премести за еден час подоцна во 21ч. Без разлика на секогаш тешките но реални теми на Агиналдо Силва, во кои се среќаваат расизмот, хомосексуалноста, дрогата, наркотиците... таа достигна неверојатен успех, и најавен е крајот на серијата за 30 мај 2008.

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Адалберто Рангел се родил наречен Жувеналдо во една покраина во близина на Пернамбуко. Потребата да прехрани големо семејство, го натерало неговиот татко уште како мал да го продаде на Херможенес. Тој го прекрстил во Адалберто и го научил како да ги измамува луѓето. По много години, Адалберто, веќе маж, е присутен на една ужасна несреќа. Откако ќе види еден мртов брачен пар, наоѓа многу долари до нив, документи и слика од една девојка, Марија Паула, веројатно ќерка на парот, наследничка на големо богатство. Во тој момент, Адалберто се решава да го направи неговиот најголем потег. Во малиот град Пасаредо, Марија Паула ја прима веста за смртта на нејзините родители од страна на Адалберто. Очајна од тага, таа единствено наоѓа утеха во заводникот Адалберто. Наивна и изгубена, Марија Паула ја прифаќа грижата на овој човек, и покрај тоа што сите се сомневаат во него. За кратко време, таа му се предава, и на крај се венчаваат. Мислејќи дека ќе формира семејство, Марија Паула горчливо се изненадува: Адалберто и го украл целото богатство. Таа сака да го најде и да му се одмазди, заедно со нејзиниот син, кој Адалберто не ни стигна да го запознае. Тогаш, Марија Паула оди во Саун Пауло, каде што почнува една нова етапа; таа се претвора во силна и борбена жена. Адалберто, сега милионер, оди во Рио де Жанеиро каде што купува фабрика и се претвора во почитуван граѓанин. За тоа, тој го остава зад себе своето минато и повторно го менува своето име, а овој пат, и неговото лице – не може да ризикува некој да го препознае. По неколку хируршки зафати, со комплетно променето лице, се појавува новиот идентитет: Маркони Ферасо.

Глумци Ликови
Далтон Виг Адалберто Рангел / Маркони Ферасо
Марјорие Естиано Марија Паула Фонсека до Насцименто
Алине Мораес Марија Силва Барето Песоа де Мораес
Сузана Виеира Бранка Барето Песоа де Мораес
Антонио Фагундес Фереира дос Сантос
Хосе Вилкер Франциско Масиеира
Рената Сора Селија Мара де Андраде
Дебора Фалабела Жулија Кероз Барето
  1. „Two Faces“. globotvinternational.com). Посетено на December 18, 2015.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]