Горно Егри
Горно Егри | |
Воздушен поглед на местоположбата на селото Горно Егри | |
Координати 40°56′57″N 21°26′54″E / 40.94917° СГШ; 21.44833° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Битола |
Област | Пелагонија |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7224 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 02050 |
Надм. вис. | 580 м |
Горно Егри на општинската карта Атарот на Горно Егри во рамките на општината | |
Горно Егри на Ризницата |
Горно Егри — раселено село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Денес, на некогашното село се наоѓаат ниви и низ неговиот атар поминува Петтиот Канал (V Канал).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Пелагонија, во јужниот дел на Битолското Поле и на територијата на Општина Битола.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 580 метри.[2]
До селото води земјен пат, кој се двои од локалниот асфалтен пат до селото Средно Егри, кој се двои од државниот пат А3.
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1900 година, селото броело 120 жители, но веќе во 1914 година имало само 42 жители. За време на Првата светска војна, односно во 1916 година, селото било целосно раселено, поради жестоките борби кои се воделе на тој терен.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото е речиси заеднички со оној на селата Долно и Средно Егри.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Егри живееле 120 жители, од кои 70 Македонци христијани и 50 Арнаути муслимани.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Горно Егри се води како чисто турско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 40 куќи.[5]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Егри имало 80 Македонци, сите под егзархијата.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало од 10 до 25 Турци.[7]
Селото е наполно напуштено по 1961 година.[2]
Според пописот од 2002 година, селото немало жители.[8] Истото било потврдено и на најновиот попис од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120 | 80[9] | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]На крајот од XIX век, Горно Егри било село во Битолската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Бистрица.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Бистрица.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кременица, во која покрај селото Горно Егри се наоѓале селата Долно Егри, Кременица, Меџетлија и Средно Егри. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Кременица, во која влегувале селата Букри, Горно Егри, Долно Егри, Кременица, Меџитлија и Средно Егри.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0141 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Средно Егри.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 240 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 239 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Реки[17]
- Граешка Река — река што се влива кај местоположбата на селото
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Горно Егри
- Никола Егриски (1853–1904) — ајдутин и револуционер, деец на ВМРО
- Починале во Горно Егри
- Стојан Ристевски (1914-1944) — партизан, деец на НОВМ
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Според истражувањата направени во 1950-тите, доселеници од Горно Егри имало на следниве места:[18]
- Долно Егри: Каракушовци (1 куќа)
- Средно Егри: Трајчевци (2 куќи)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 77. Посетено на 2 јуни 2024.
- ↑ „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2021-07-19. Посетено на 2024-08-17.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 19.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 17 август 2024.
- ↑ Се однесува само на христијанското население.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 17 август 2024.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 41. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Горно Егри на Ризницата ?