Вршец
Вршец Вършец | |
---|---|
град | |
Втората зграда на минералната бања во Варшец, завршена во 1919 година. | |
Местоположба на Вршец во Бугарија | |
Координати: 43°11′44″N 23°17′17″E / 43.195476° СГШ; 23.288177° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Монтана |
Општина | Вршец |
Управа | |
• Градоначалник | Иван Лазаров (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 81,96 км2 (31,64 ми2) |
Надм. вис. | 395 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 5,742 |
• Густина | 70/км2 (180/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 3540 |
Повик. бр. | +359 09527 |
Мреж. место | varshets.bg |
Вршец (бугарски: Вършец) — град во Северна Бугарија, административен центар на Општина Вршец во Монтанската Oбласт. Има население од околу 5.742 жители (2022).[1]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Градот се наоѓа во подножјето на врвот Тодорини Кукли, на северните падини на Стара Планина, во јужниот дел на големата Вршечка Котлина покрај реката Ботуња. Градот се наоѓа на 33 км јужно од регионалниот центар Монатана.
Историја
[уреди | уреди извор]Вршец настанал околу минералните извори и неговата историја е поврзана со балнеотерапијата. Откриени се урнатини од римски бањи.[2] Во турските документи од 16 век населбата се наведува како „Виришниче“.
Во 1910 година била изградена првата државна минерална бања. Таа била тесна за пациентите кои пристигнувале, а во 1930 година била изградена друга поголема, која била во антички стил и била наречена „Новата бања“. Биле изградени вили и хотели на обете страни на „Алејата на чинарите“.
Во 1930-тите, Вршец бил популарно одморалиште меѓу бугарската елита. Бањското казино, кое е во центарот на Вршец, покрај старите и новите бањи, било изградено во 1924 година.
Со Указ бр.546 на Президиумот на Народното собрание од 7 септември 1964 година, Вршец бил прогласен за град.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Вършец – минерални извори и балнеолечение, Bghotelite.
- ↑ Урбанизационният процес в България през периода от края на Втората световна война до наши дни, География, 3/2009.