Прејди на содржината

Впиена доза

Од Википедија — слободната енциклопедија

Впиена доза (апсорбирана доза или вкупна јонизирачка доза) — мерило кое ја изразува енергијата што ја примило некое тело со јонизирачко зрачење по единица маса. Еднаква е на енергија по единица маса на телото, која може да се изрази во џули по килограм и да се претстави со соодветната изведена SI-единица греј (Gy) или застарената СГС-единица рад.

Ова не е добар показател за биолошките последици од зрачењето. На пример, 1 греј алфа зрачење би предизвикало многу поголема биолошка штета отколку 1 греј фотонско зрачење. Затоа се земаат предвид факторите што ги одразуваат релативните биолошки последици и така се добива еквивалентната доза.

Ризикот од стохастички последици од изложеност на зрачење можат да се измерат со делотворна доза, која претставува пондериран просек на еквивалентна доза за секој орган, зависно од неговата чувствителност на зрачење.

При употребата на јонизирачко зрачење за лечење на рак, докторот обично препишува радиотерапија изразена во грејови. Кога се разгледува на ризикот од јонизирачко зрачење, се користи сродната единица за еквивалентна доза, сиверт.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]