Вилхеринг
Вилхеринг Wilhering / Wilaring | ||
---|---|---|
Богородичната црква во Дернбах | ||
Земја | Австрија | |
Покраина | Горна Австрија | |
Округ | Линц-Околина | |
Управа | ||
• Градоначалник | Марио Волфганг Милбек (СПА) | |
Површина[1] | ||
• Вкупна | 29,97 км2 (1,157 ми2) | |
Надм. вис. | 270 м | |
Население (2018-01-01)[2] | ||
• Вкупно | 5.911 | |
• Густина | 2,0/км2 (5,1/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Пошт. бр. | 4073 | |
Повик. бр. | 0 72 26 | |
Рег. таб. | LL | |
Мреж. место | wilhering.at |
Вилхеринг (германски: Wilhering, среднобаварски: Wilaring) — општина во округот Линц-Околина на покраината Горна Австрија во Австрија. Геслото на општината е „култура и живот“.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Вилхеринг е сместена цистерцитската Вилхериншката опатија соцрква во рококо-стил, опкружени со шумски предели. Опатијата е основана во 1146 г. но настрадала во пожар, па била обновена. Во неа се чуваат скици и слики на разни австриски барокни сликари. Внатрешноста на црквата се вбројува меѓу врвните примери на рококото во Австрија.[3]
Населени места
[уреди | уреди извор]Општината ги опфаќа следниве населени места (1 јануари 2018[4]):
- Аперсберг (Appersberg, 236 жит.)
- Вилхеринг (Wilhering, 240 жит.)
- Винкелн (Winkeln, 145 жит.)
- Дернбах (Dörnbach, 707 жит.)
- Едрамсберг (Edramsberg, 651 жит.)
- Кацинг (Katzing, 279 жит.)
- Лонхартинг (Lohnharting, 42 жит.)
- Милбах (Mühlbach, 692 жит.)
- Рајт (Reith, 620 жит.)
- Талхам (Thalham, 261 жит.)
- Уфер (Ufer, 265 жит.)
- Фал (Fall, 53 жит.)
- Хеф (Höf, 198 жит.)
- Хицинг (Hitzing, 509 жит.)
- Шенеринг (Schönering, 1013 жит.)
Население низ историјата
[уреди | уреди извор]Образование
[уреди | уреди извор]Општината има три нижи училишта (Дернбах, Шенеринг и Вилхеринг) и едно више, до осмо одделение. Воедно постои приватното училиште „Штифтер“. Работат и две детски градинки.
Јавен превоз
[уреди | уреди извор]Вилхеринг има сопствен јавен превоз во општината со кој стопанисува автобускиот превозник WILIA, основан во 1930 г.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Dauersiedlungsraum der Gemeinden Politischen Bezirke und Bundesländer - Gebietsstand 1.1.2018“. Статистика Австрија. Посетено на 10 март 2019.
- ↑ „Einwohnerzahl 1.1.2018 nach Gemeinden mit Status, Gebietsstand 1.1.2018“. Статистика Австрија. Посетено на 9 март 2019.
- ↑ „Planetware.com“. Посетено на 23 January 2011.
- ↑ Статистика Австрија: Население на 1 јануари 2018 г. по населени места, (Ексел)
- ↑ „Wilhering.at“. Посетено на 20 January 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Вилхеринг“ на Ризницата ? |
- Портал на Вилхеринг (германски)
- Општински податоци за 41022 — Вилхеринг., Статистика Австрија (германски)
|
|