Вепски јазик
Изглед
Вепски јазик | |
---|---|
vepsän kel’ | |
Застапен во | Русија |
Подрачје | Карелија, Ингрија |
Народ | Вепси |
Говорници | 3,610 (попис 2010)[1] |
Јазично семејство | уралско
|
Писмо | латиница (вепска азбука) |
Признаен како малцински во | Република Карелија[2] |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | vep |
Вепски јазик — балтофински јазик, дел од групата на уралски јазици. Јазикот е сроден со финскиот и карелискиот јазик и се пишува на латиница. Според податоците на Советските власти од 1989 година, во СССР имало околу 12.500 Вепси. Во Русија околу 350 деца го изучуваат јазикот во 5 национални училишта,[3] Јазикот е аглутинативен и има 23 падежи, најмногу од сите балтофински јазици.
Дијалекти
[уреди | уреди извор]Јазикот е поделен на три главни дијалектни групи:
- северновепски - езеро Онега до Петрозаводск на југ, до реката Свир на север,
- централновепски - околу Санкт Петербург
- јужновепски - околу Санкт Петербург
Лични заменки
[уреди | уреди извор]вепски | македонски |
---|---|
minä | јас |
sinä | ти |
hän | тој/ таа/ тоа |
mö | ние |
tö | вие |
hö | тие |
Броеви
[уреди | уреди извор]броеви | вепски |
---|---|
1 | üks' |
2 | kaks' |
3 | koume |
4 | nell' |
5 | viž |
6 | kuz' |
7 | seičeme |
8 | kahesa |
9 | ühesa |
10 | kümne |
11 | üks'toštkümne |
12 | kaks'toštkümne |
20 | kaks'kümne |
34 | koumekümne nell' |
100 | sada |
1000 | tuha |
Писмо
[уреди | уреди извор]Јазикот користи латиница.[4]
Големи букви | ||||||||||||||||||||||||||||
A | B | C | Č | D | E | F | G | H | I | J | K | L | M | N | O | P | R | S | Š | Z | Ž | T | U | V | Ü | Ä | Ö | ' |
Мали букви | ||||||||||||||||||||||||||||
a | b | c | č | d | e | f | g | h | i | j | k | l | m | n | o | p | r | s | š | z | ž | t | u | v | ü | ä | ö | ' |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://www.ethnologue.com/language/vep
- ↑ „Законодательные акты: О государственной поддержке карельского, вепсского и финского языков в Республике Карелия“. Архивирано од изворникот на 2017-10-11. Посетено на 2014-06-30.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-09-01. Посетено на 2014-06-30.
- ↑ „The government of the Republic of Karelia approved the Veps language alphabet“. Архивирано од изворникот на 2011-07-16. Посетено на 2011-01-08.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Вепски јазик“ на Ризницата ? |
Издание на Википедија — слободната енциклопедија на [[:{{{код}}}:| вепски јазик]] |
Викимедииниот Инкубатор испробува Wiktionary на вепски јазик |
- Народите од Црвената книга
- Вепско здружение во Санкт Петербург Архивирано на 22 април 2021 г.
- Вепски јазичен корпус и речник
Оваа статија за уралски јазик е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|